Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да, но оние кои немаат здравствено осигурување плаќаат на >>државните клиники<< многу многу повеќе од оние кои имаат, а за волја на вистината скоро и самиот се уверив дека постојат одредени здравствени услуги кои се бесплатни, услуги за кои некои најчесто сиромашни граѓани мораат да плаќаат високи суми (башка мито). Поентата е во тоа што лично Премиерот изјави дека такви граѓани од први јуни нема да постојат. Но дали е тоа така? Е сега, тука јас ја гледам значајноста на темата, а не во тоа дали некој удирал дeбели тендерски "маржи" на здравствените картони, што според моето мислење е апсолутно ирелевантно и само ништовен дел од овој сеопшт СОМНЕЖ во институциите.
Бравос заликуваме на Куба и Венецуела, кое бесплатно здравство ние немаме посебен фонд за тешко болни лица па се оставени на милост и немилост да просат со СМС пораки по весници, форуми итн итн за да овозможат некоја покомплицирана операција или лекување на свој ближен па допрва ќе очекуваме бесплатно здравство.
Прво ова "просат" звучи толку лошо, не знам како воопшто можеше да го напишеш.
Второ, постои таков фонд. Но, there's a catch. Се работи за тоа што фондот покрива 80% од трошоците, а другите 20% ги покрива осигуреникот. 20% од 100 000 евра се 20 000 евра што е многу за просечен македонски граѓанин. А замисли тек да треба сите 100 000 да ги плати. Не знам зошто кога бараат помош тие што им треба, повеќето имаат тенденција да ја пишуваат целата сума која изгледа недостижна, веројатно за повеќе да допрат до луѓето, но сепак таму не би навлегувала.
Бесплатно здравство тешко да има во Македонија. Нема доволно фондови да се покрие добро здравство и за оние што плаќаат осигурување, не па за некој што не плаќа. Суров е светот, плати па добиј. Или будали се тие што секој месец уплаќаат во фондот, а повеќето користат само за обичен преглед или ехо, поправање заби или некои ситни прегледи кои не чинат ни десетина од тоа што цел живот го дале.
Системот со картички не е имплементиран, а не верувам ни во догледно време да се имплементира. Треба прво на секоја клиника и во секоја здравствена институција да се постави функционален компјутер и сите тие компјутери да се поврзат во мрежа која нема да паѓа на секои 15 секунди и која нема да може да се пробие, за да може еден осигуреник да отиде на доктор со картичка, да ја даде картичката, да заврши се што треба и да си оди дома.
Иначе, не ја бранам владата стварно, ама дајте, прегледите од доктор кој е професор на медицински факултет чинат не повеќе од 50 денари. Другото, на осигурениците, го покрива фондот. Неосигураните нека повелат да платат, така е во секоја нормална земја. Во Германија, Франција, Италија, САД во болниците пред добар ден да ти кажат, те прашуваат какво осигурување имаш и го земаат осигуреничкиот број. Само кај нас пациентите се дерат и се силат за преглед кој е колку, 500 денари приватно да се плати?
Сосема бесплатно здравство не постои скоро никаде. Затоа е идиотски што владата така се рекламира само за да собере поени. И глупаво е и луѓето што паднаа на тоа.
Многу разумен коментар, но уште некако да се уреди 50% од парите да не изчезнуваат во непознат правец...и да се најдат малку пари за тоа електронскиот систем на картици... изграден за нормална , а не ДИЛЕРСКА цена...би биле на коњ...во однос на Европската боранија![]()
Не мора да биде приоритетен системот на картици,ако се знае дека секоја малку посериозна банка го има истиот имплементирано за 2 милиони корисници,колку што има потреба во нашава држава.Дури може сосем солидно да функционираме и со постоечките здравствени легитимации.Интересно е што за здравствени картони се фрлаат по 5 милиони евра годишно,или за две години фрливме државна кардиохирургија.Тоа само ненормална или солидно корумпирана власт може да го прави,без разлика дали е оваа моменталнава или предходната.Со покренување на ваква дискусија би сакал некако барем да ја санираме ваквата очигледно штетна неправда,особено сега кога се изгуби потребата од веќе непотребните здравствени картони кога имаме “бесплатно здравство за сите“.
Прво ова "просат" звучи толку лошо, не знам како воопшто можеше да го напишеш.
Второ, постои таков фонд. Но, there's a catch. Се работи за тоа што фондот покрива 80% од трошоците, а другите 20% ги покрива осигуреникот. 20% од 100 000 евра се 20 000 евра што е многу за просечен македонски граѓанин. А замисли тек да треба сите 100 000 да ги плати. Не знам зошто кога бараат помош тие што им треба, повеќето имаат тенденција да ја пишуваат целата сума која изгледа недостижна, веројатно за повеќе да допрат до луѓето, но сепак таму не би навлегувала.
Бесплатно здравство тешко да има во Македонија. Нема доволно фондови да се покрие добро здравство и за оние што плаќаат осигурување, не па за некој што не плаќа. Суров е светот, плати па добиј. Или будали се тие што секој месец уплаќаат во фондот, а повеќето користат само за обичен преглед или ехо, поправање заби или некои ситни прегледи кои не чинат ни десетина од тоа што цел живот го дале.
Системот со картички не е имплементиран, а не верувам ни во догледно време да се имплементира. Треба прво на секоја клиника и во секоја здравствена институција да се постави функционален компјутер и сите тие компјутери да се поврзат во мрежа која нема да паѓа на секои 15 секунди и која нема да може да се пробие, за да може еден осигуреник да отиде на доктор со картичка, да ја даде картичката, да заврши се што треба и да си оди дома.
Иначе, не ја бранам владата стварно, ама дајте, прегледите од доктор кој е професор на медицински факултет чинат не повеќе од 50 денари. Другото, на осигурениците, го покрива фондот. Неосигураните нека повелат да платат, така е во секоја нормална земја. Во Германија, Франција, Италија, САД во болниците пред добар ден да ти кажат, те прашуваат какво осигурување имаш и го земаат осигуреничкиот број. Само кај нас пациентите се дерат и се силат за преглед кој е колку, 500 денари приватно да се плати?
Сосема бесплатно здравство не постои скоро никаде. Затоа е идиотски што владата така се рекламира само за да собере поени. И глупаво е и луѓето што паднаа на тоа.
Абе ај што зборувате, само дезинформации, па овие го СРЕДИЈА здравството, за век и веков.
Како што се сеќавам пред 2 години рекоа дека ќе вложат 50 милиони евра во здравството. Со оглед дека се што ветуваат исполнуваат, со тие пари кизнај што опрема купија досега.
Никаде и никогаш не постоела пракса да се рефундираат парите уплатени за здравствено осигурување. Ти може оваа година да не се разболиш, ама следната да ти треба лечење кое ќе чини колку за 4 години што се плаќа осигурувањето. Што правиме тогаш?кога првпат се појавија картоните беше изјавено дека на крајот од годината кесе рефондираат парите за неискористените картони,но несе случи тоа зошто ??? баш поради тие којшто никогап не платиле здравствено осигурување,и тие треба да се лечат.
во последно реме читам на овој или оној му требаат пари за лечење на тешка болест која е наседна,епа ако е наследна ебате беља шо си го праел кога знаеш дека си дефектен и детето кети биде дефектно!! а за бесплатно здравство нигде нема нити ке има поготово не овде, ида небидат потребни плави картони рушвет секогаш кети бараат, знам од лично искуство пред одредено време морав да направам операција лекарот ми побара 1000 еу си ги лупнав ко на тапанџија ама за здравје се работи,и не гледаш пари е сега дали и тие пари кеги бараме по смс тоест рушветот за докторите ??
незнам дали постои опција за отваање на сметки за таа намена
Абе ај што зборувате, само дезинформации, па овие го СРЕДИЈА здравството, за век и веков.
Како што се сеќавам пред 2 години рекоа дека ќе вложат 50 милиони евра во здравството. Со оглед дека се што ветуваат исполнуваат, со тие пари кизнај што опрема купија досега.
Никаде и никогаш не постоела пракса да се рефундираат парите уплатени за здравствено осигурување. Ти може оваа година да не се разболиш, ама следната да ти треба лечење кое ќе чини колку за 4 години што се плаќа осигурувањето. Што правиме тогаш?
Наследните болести некогаш се манифестираат преку една генерација. Треба да создаваме ариевска раса?