Рамноправност, ама сепак не...

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.249
Поени од реакции
26.462
П.С
Иронично е што жените сеуште очекуваат моќ од мажот, а истовремено сакаат да бидат рамноправни.

Ова цитираново се провлекува, низ многу теми од многу членови од поодамна па мислам дека заслужува посебна. Значи и на форум, и во реален живот, многу жени зборат за рамноправност, нивни права, дека се исто паметни и авторитетни како машки, а на крај во љубов и секс истите пишуваат како сакаат некој "бодигард" тип на машко да ги контролира, седнува на место и вразумува кога имаат ПМС (ова е дирекно кажано, жените го кажуваат во позавиена форма). Не знам дали е до лицемерие, она старото народно дека жената не знае што сака, или нешто сосем трето па еве нека се дискутира. Не сум сигурен дали е попаметно тука да биде темава или во Филозофија ама ако треба нека се премести таму.
 
Рамноправност,нема таква работа меѓу двата пола и неможи да има.Едноставниот одговор на темата го имаш во самото прашање шо ја започнува.
 
Рамноправност,нема таква работа меѓу двата пола и неможи да има.Едноставниот одговор на темата го имаш во самото прашање шо ја започнува.

Абе тоа јасно ми е, не сфаќам зошто се провлекува и тој другиот принцип, зошто постојат два аршина во случајов кои взаемно се исклучуваат.
 
Оти си имаш работа со едно од најзаебаните суштества шо живеат на Земјата.
 
Тие два аршина кои ти ги спомнуваш не треба да се исклучуваат взаемно, туку да се спојат. Можеби тоа изгледа како невозможно, но кога би се споиле би добиле речиси совршен однос.
Значи, рамноправноста се состои во добивање на соодветната количина на почит, и елиминација на однесувањето исполнето со потценување на основа на полот и сожалување.Жените не сакаат да бидат контролирани,сакаат да бидат згрижени.
Сакаат да им се посвети време и внимание и да се вложи во нив исто колку што тие вложуваат во некој,што исто така е дел од рамноправност...
 
Затоа ги ставив заградите во првиот пост:smir:. Што е тоа згрижени и зошто некоја која се смета себе за независна би имала потреба од тоа што ти го викаш згрижена?
 
Затоа ги ставив заградите во првиот пост:smir:. Што е тоа згрижени и зошто некоја која се смета себе за независна би имала потреба од тоа што ти го викаш згрижена?
Би имала потреба затоа што рамноправноста не подразбира бесчуствителност.Згрижување во смисла на покажување чуства, грижа кон партнерот,задоволување на емоционалните потреби.Тоа не е зависност и не е нерамноправност.Јасно е дека мажите и жените не можат да бидат еднакви во секој поглед, но во однос на комуникацијата и повеќето обврски треба да бидат.Жените се сметаат за поемоционални, па тоа што бараат грижа е повторно некој вид на барање рамноправност,т.е. да бидат еднакви со партнерот во тој поглед.
 
Ова цитираново се провлекува, низ многу теми од многу членови од поодамна па мислам дека заслужува посебна. Значи и на форум, и во реален живот, многу жени зборат за рамноправност, нивни права, дека се исто паметни и авторитетни како машки, а на крај во љубов и секс истите пишуваат како сакаат некој "бодигард" тип на машко да ги контролира, седнува на место и вразумува кога имаат ПМС (ова е дирекно кажано, жените го кажуваат во позавиена форма). Не знам дали е до лицемерие, она старото народно дека жената не знае што сака, или нешто сосем трето па еве нека се дискутира. Не сум сигурен дали е попаметно тука да биде темава или во Филозофија ама ако треба нека се премести таму.

Рамноправност...:pos2: Од една страна сакаат жените рамноправност да бидат во се исто со машките ама од друга па сакаат и да им ја плати пијачката... Значи со една нога во традиционалното со друга во што ти ја знам во тие феминистички води...... Да сме биле еднакви немало да постоиме сигурно како маж и жена со различни биолошки и социјални карактеристики.. Никогаш не ги ставам мажот и жената на иста вага, бидејќи ако не би постоеле двата пола, не би постоела репродукција т.е не би опстанале ниту едните ниту другите.

Веќе е промовиран принципот на воспоставување на новиот светски економски поредок врз основа на еднаквост и праведност кој суштински придонесува за еднаквост на жената и мажот.... Денес веќе жените имаат рамноправна соработка во сите области па нивниот успех зависи од нив, како и се останато... Така да во ред е да имаш на некој што ќе ги искажеш твоите проблеми макар било тоа и ПМС и да умееш исто и да сослушаш. Тоа веќе взаемно разбирање.

Наместо да се губи времето од својот живот докажувајќи колку се еднакви или нееднакви мажот и жената подобро е повеќето да земат и да си го направат својот живот попродуктивен и поубав.
 
Сум рекол ја...

dishes-do-them-now-demotivational-poster.jpg
 
Оти си имаш работа со едно од најзаебаните суштества шо живеат на Земјата.

А ти како маж, не си истото тоа само со две мали разлики - не носиш прслук и имаш нешто што ти смета да ги прекрстиш нозете?
Туку на темава ... и двата пола понекогаш имаат потреба од контрола, иако не мислам дека е тоа најсоодветниот збор. Ако жената е немоќна надвор, мажот е немоќен по дома. Ако таа има потреба од него кога треба да се влечат тешки торби или да се цепат дрва, тој има потреба од неа кога сака убав ручек или да го види својот дом среден, а нема појма како сам да го направи тоа. Исклучоци има секогаш, но генерално така стојат работите.
Затоа рамноправност нема, но никогаш не може да потврдиме кој е над кого. :baeh:
 
Рамноправност е кога мажот го има далечинското во рака а жената е сама со швалерот во спалната.
 
Жените се порамноправни од кога било.
Доста е и таа моќ што ја имаме.
Мажи да станеме-не бива,зависиме од нив,исто и они од нас.

Денес жената е ценета и рамноправна со мажот.

Секоја жена сака мажот да е посилен,моќен,така би се чуствувале заштитени и сакани(што е основа во женската природа).
Ако мажот се однесува ко бебе...тогаш не и треба на жената.
 
Едноставно како што ние сакаме срна по гости, лавица во кревет. Различни улоги во различни ситуации.
 
Жените се порамноправни од кога било.
Доста е и таа моќ што ја имаме.
Мажи да станеме-не бива,зависиме од нив,исто и они од нас.

Денес жената е ценета и рамноправна со мажот.

Секоја жена сака мажот да е посилен,моќен,така би се чуствувале заштитени и сакани(што е основа во женската природа).
Ако мажот се однесува ко бебе...тогаш не и треба на жената.
A и многу да не ни дојде а? Сеуште нема целосна рамноправност помеѓу двата пола и треба да се работи на тоа поле уште многу,особено кај нас со нашиов балкански менталитет.А што се случува ако жената се однесува како бебе?Дали тогаш таа не му е потребна на мажот?И ако е така каде е овде таа рамноправност?
 
Не е многу,но и малку не е.
Јас лично сум порамноправна со мажот,отколку што била мојата мајка или баба.

Ако жената е како бебе,тогаш е уште послатка:pos2:
За ова нека се изјаснат мажите...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom