Зошто луѓето ја изучуваат економијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Joseph%20Schumpeter.jpg










Без сомнение,еден од Топ-Тен економисти,барем според мене е Јозеф Шумпетер,дефинитивно неговиот придонес кон економијата како наука е неоспорлив.
Истиот бил директор на банка која пропаднала па требало да ги отплаќа нејзините долгови,а и министер за финансии во Австриската влада но тоа овде не е фактор кој би го оспорил неговиот кредибилитет.
Така да би се осврнал кон неговата навистина револуционерна теорија за економскиот развој,имено станува збор за навистина интересен концепт за кој и ден-денес се дебатира.
Да земеме на пример една економија која е во одредена состојба-се поставува прашањето ШТО би влијаело да истата премине во друга состојба или поточно економски циклус.Шумпетер смета дека за да дојде до промена иновациите се клучни,оттука и неговата позната”Иновации,иновации,иновации..”-ако е така се наметнува прашањето какви се тие кои би имале да речам импакт-влијание врз циклусот??
Истиот ги вбројува следниве.

-Освојување на нови пазари,односно пенетрација на пазар на кој претходно производот не бил во промет(значи потрошувачите претходно немале пристап до таков производ)тетрис:vozbud::pos2:
-Пристап до нови поевтини суровини,или пак полупроизводи.
-Производство на нов производ,кој не бил познат на потрошувачите,или пак подобрување на квалитетот на истото-ако е веќе познато.
-нова технологија,машини....,или пак базиран врз основа на анализа кој би дал подобри резултати,истото важи и за нов метод на продажба.
-Нова организација или пак реорганизација која ќе има резултат,рушење на монопол,или пак создавање на друг.
Очигледно е дека за гореспоменатите иновации централна улога зазема претприемачот,кој е максимално ангажиран,динамичен па и адаптибилен за да би можел да успее во неговиот план-да не заборавиме ризикот е висок.
Значи откако претприемачот ќе успее во иновацијата секако ќе добие профит,зголемена продажба,а и побарувачката на истиот еве производ на пример ќе се зголеми...соколовото око:)(кај нас по некој був или лилјак:toe:) на останатите претприемачи откако ќе го забележи ова нема да седат со скрстени раце туку и они ќе го применат истиот метод,со кој и они ќе добијат парче од колачот,логично поради тоа што производот е нов одредени потрошувачи дури и ќе земат кредити за купување на производот
Интересниот дел е овде т.е поради зголемената побарувачка ќе дојде до пораст на цените поточно инфлација(но не хиперинфлација лол)која ќе има ефект налик љубовна депресија односно дестимулативен ефект кон инвестициите,а овде понатаму следува и отплатата на кредитите,што би значело ново статус кво,нормално додека не дојде до воведување на нова иновација.:kafe:
Значи Шумпетер смета дека иновациите се тие кои влијаат врз економските циклуси(но и кредитите ете).
Истиот дава директен одговор на прашањето-Дали може капитализмот да опстане????
Г-инот одговара:НЕ!!!!
Но важно е да забележам дека неговиот одговор е од ВОНЕКОНОМСКА ЛОГИКА и ПРИРОДА!!
Или поточно,факторите кои го туркаат капитализмот кон пропаст се од полиитички и општествени фактори.
Не би рекол дека шумпетер го прифаќа моделот на совршена конкуренција или пак класичната економија-бидејќи истите се статични,напротив Шумпетер ја потенцира динамичноста и улогата на претприемачот.
Е сега овде доаѓаме до спорен момент бидејќи воглавно малите претпријатија би требало да се носители на иновациите-ова негово тврдење е често игнорирано,но испитувањата практични во јапонија и САД а и други земји покажале дека помалите претпријатија се 2-3 пати поиновативни од големите претпријатија,а исто така и неколкукратно поефикасни.
А и 80% од новите работни места се баш од помалите претпријатија,според МИТ и неговите истражувања теоријата за претприемништво како генератор на економски циклуси е докажано,имено значителни пронајдоци како што се:raz:.......да

џебниот калкулатор,транзистор,апаратот за фотокопирање...се баш од мали претпријатија,а овие иновации знаеме дека створија нови гранки во индустријата.
Но денес исто така аргументи имаат и противниците кои пак ги форсираат големите претпријатија-Корпорациите.

Пример за ова е фактот што 25% од БДП на САД е од корпорациите,понатаму истите имаат предност поради финансиската предност(овде малите фирми се полимитирани),а и огромен процент од научниот кадар....работи за корпорациите-значи истражување и развој.(ова влече стварно високи трошоци така да малите претпријатија се лимитирани).
Но и корпорациите или ај да преформулирам големите претпријатија не се совршени бидејќи истите имаат сложена организациона структура,каде е прилично тешко се да тече како што треба(овде помалите претпријатија апсолутно се винери).

Исто така и управувањето и контролата на големите претпријатија е скап и бара ангажирање на менаџери кои треба системот на управување да го средат...но тешко им оди некако....барем кај нас.

но ајде налетавме на бран "иноватори" кои се надевам ќе решат одредени проблеми:pos2:

Како и да е Шумпетер има зад себе оставено бројни дела од кои меѓу најинтересните е Капитализам,Социјализам и Демократија(култура Белград-ја има на српски кој сака-правец библиотека).
 
цццц...само ќе ја изразам мојата разочараност....:toe:

Што убава тема,потенцијал за дискусии...ама ајде дискутирајте кој кои прашања ги поставил,како е самопослугата у факултетот и слично:toe:

Па добро немате ли некој омилен економист,менаџер....некој пример.

АМАН!!!

И има ли некој инфо за Кузнец.
 
Одлична тема... :)
Многумина зад мене кажале што е Економија, зашто се изучува... јас сега нема многу да драпам, ама наскоро ќе има и некој пообемен коментар од мене.
Само ќе цитирам едно мислење...
Инаку мислам дека на Економскиот факултет повеќето од професорите се Кензијанци, посебно Таки Фити и неговиот асистент Предраг Трпески :)

Зашто ресурсите се ограничени, па треба да се управува со нив што е можно подобро. :)
Ресурсите и не се толку ограничени колку што е ограничен човечкиот мозок :smir:
 
Капитализам,социјализам Демократија...Од шумпетер.

http://www.webfilehost.com/?mode=viewupload&id=3933387

И 10-те најголеми економисти од Маркс до Кејнз-од истиот автор.

http://www.webfilehost.com/?mode=viewupload&id=5305414




Доста добри книги ај ќе ги разгледам подетално кога ќе имам време Шумпетер е еден од најдобрите економисти и во исто време критичар и на Класичната школа така да интересни книги во секој случај и економиката е интересна ја чуваш така ? :helou:
 
Да.

Прочитај ја капитализам социјализам,демократија...маестрално дело е:vozbud:
 
сакаш да ти раскажам лекција од трета година ? :) oд микроекономијата од таки фити :))
 
од многу причини најпрво од самата деф.кога ќе тргнеш
алокација на оние ограничени ресурси како можат нај нај добро и најефикасно да се искористат
да научат да штедат
да знаат дека во време на криза парите се вложуваат во други странски валути кои се стабилни
и сл...всушност некој начин јас ја сфајкаам како политика економијата во смилам метод со кој ке се збогатиш,ке бидеш поштедлив...:toe:
 
од многу причини најпрво од самата деф.кога ќе тргнеш
алокација на оние ограничени ресурси како можат нај нај добро и најефикасно да се искористат
да научат да штедат
да знаат дека во време на криза парите се вложуваат во други странски валути кои се стабилни
и сл...всушност некој начин јас ја сфајкаам како политика економијата во смилам метод со кој ке се збогатиш,ке бидеш поштедлив...:toe:
Ако некој учи економија поради ова, слободно нека се самоубие :pos:
 
хехе па јас искрено незнаев али со изучување дознав..Никој не се родил учен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom