Повеќе од 40.000 Јапонци над 100 години

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Повеќе од 40.000 луѓе во Јапонија се на возраст од 100 или повеќе години, што е за десет отсто повеќе отколку минатата година, се вели во анализа на Министерството за здравство на таа држава.

Од вкупно 40.399 „стогодишници“, 87 отсто се жени, соопшти Министерството. Во 1998 година таа цифра била 10.000 луѓе. За само две години бројката на лица кои имаат 100 години се зголемила од 30.000 на 40.000 и според аналитичари тоа ќе биде еден од предизвиците на новата Влада на Јукио Хатојама и неговата Демократска партија избрани минатиот месец.

Јапонија има најголем просек на животен век од 85 години. Научници сметаат дека тоа се должи на здравата традиционална храна составена претежно од риба, зеленчук и ориз додека аналитичари на тоа го додаваат и исклучителниот систем за здравствена заштита.

Најстарата жена на Островот има 114 години и живее во Окинава во јужниот дел од државата каде статистички има најголем број луѓе на возраст од 100 или повеќе години. Најстариот маж има 112 години и живее во префектурата Кјото.

Во моментот, според локални медиуми во просек има три лица кои работат на еден пензионер, но за 50 години се очекува тој сооднос да биде речиси еден вработен на еден пензионер.

Демократската партија се заложи за пензиски систем со минимум од 765 долари пензија за оние кои имаат мали примања или немаат доволно основи за пензија. Јапонија е втора на листата на држави каде има луѓе на возраст од 100 или повеќе години, зад САД (повеќе од 96.000), но бројот на жители во САД е повеќе од двојно поголем од оној во Јапонија.
 
Eeeee Ke Ziveat Povece .... Zasto??
Oni Ne Se Nerviraat ... Ma I Sto Da Bide Niv Im E Sve Ramno ...
Okk... I Do Hranata Se Raboti ... Ali Ako Vlezeme Malce Podlaboko
Nervozata Na Covekot Se Povece I Povece Go Unistuva.. :wink:


 
затоа што јадат се што е добро и здраво..посебно ориз
 
пффф....еби ти тие 100 години поминати у ориз и брокула, ќе си скинам порано, ама ќе си скинам ко човек....гробот да ми смрди на печење!!!
 
Зар малку ги има во Јапонија за да бидат 40.000 души на 100 години?
Ако бројот на Македонците беше колку на Јапонците, можеби Македонија ќе имаше и пивеќе 100-годишници и покрај трулото здравство и низок животен стандард.
 
Јадат само такви работи што кај нас тешко што некој би ги јадел секојдневно. Ние јадеме ориз 1-2 пати неделно а тие 1-2 пати дневнот така да.. А и многу народ се. :smir:
 
Ја велам гинко е добро,башка чај....гуарана(не енерџи-екстракт) и женшен,алое.....има гинко билоба чај истиот помешајте го со зелен чај маестрално.
а и башка јапонците најмалце имаат секс...значи по заслуга на жените живеат подолго....овие нашиве ќе те исцедат..не ме чуди морталитетот
 
хахаха па ке гладуваме ако сакаме век од 100 години така иди работава
 
...стогодишната бабичка можеби живее во Грција, ама изгледа наша, од Беломорска Македонија, браво за виталноста!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom