ПЛАНИНАРКА
Со ситни чекори
поминуваше покрај карпи , дрвца , тревки . . .
храбро ги менуваше планинските декори
и изнудуваше од мама , од тато насмевки.
Храбро без страв
со големо воодушевување
и инстикт како големите авантуристи
Ана Марија почна со искачување
по стрмната патека од која
и дивокозите бегаа
која се граничеше
со ивицата на амбисот.
Со многу љубов и желба
лекаполека сантиметар по сантиметар
на патеката кон Св богородица
го совлада и последниот метар.
На крајот од почетокот
ја чекаше големо изненадување
ја чекаше наградата
која беше послатка
и од тоблероне чоколадата.
Ја чекаше прекрасната глетка
на пештерската црква Св Богородица ,
која како да беше
насликана со четка
од Исусовата рака
како и преубавата панорама
надолу кон Охридското езеро.
По кратко закрепнување
од макотрпното
искачување
со тешко срце
со солзи во очињата ,
но и со полна душа радости
иако не по нејзина желба
мораше да дојде
до разделба
од тоа парче рај.
Се почна со спуштање
кое можеби за неа
беше и поопасниот дел
но сепак бестрашна
малку со тага ,малку со смеа
со сигурност
на големите алпинистки
ја оствари зацртаната цел
се спушти безбедно
назад кон Велгошти.
За цело време
бележејќи ги
прекрасните ,
бележејќе ги
волшебните
моменти преку камерата
на својот мобилен.
19 и 22-9-2012