Мистичен
Човек
Новиот газда на ЕСМ доби неочекуван бонус од Владата. Со закон ќе му го гарантира монополот на целата територија на земјава. Ниедна друга фирма нема да смее да се занимава со дистрибуција на струја.
Новиот Закон за енергетика е скроен. Вчера министрите консултирале експерти. Нивното мислење не им се допаднало оти остро се спротивставиле на владиното сценарио.
„Апсолутен монопол, со тоа што го купил монополот, со лиценца што законски му гарантира дека друг не може да влезе. Еден ви продава се и не му дозволува на втор да влезе“, рече Константнин Димитров, универзитетски професор.
Експертите предложиле модели за влез на конкуренција. Владата не им одговорила. Предупредуваат, ако остане законот таков каков што се предлага, тешки времиња ги чекаат македонските граѓани, цената на струјата ќе расте до недоглед.
„Тој што ќе купи ќе сака да си ги врати парите, а тоа ќе го стори со сметките за струја“, додаде Димитров.
Владата го истемпира времето кога ќе го донесе новиот Закон за енергетика; во април, паралелно со влезот на новиот газда на ЕСМ.
A1 Вести