Кочо Рацин

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Кочо Рацин (Koста Апостолов Солев) (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на македонската литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Покрај со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика.

станува член на СКОЈ и набрзо се истакнува како еден од најнадежните млади кадри на Комунистичката партија на Југославија во Македонија. Во 1926 Рацин станува член на Месниот комитет на СКОЈ за Велес, а во ноември 1928 учествува во работата на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, како единствен делегат од Македонија. По враќањето во Југославија е уапсен, но по три месеци поради недостиг на докази е пуштен на слобода. Но, набрзо, во април 1929 заминува на отслужување на воениот рок во Пожаревац. По воведувањето на диктатура во Југославија во 1929, партиската организација во Македонија бива целосно разбиена. Дури во 1932 започнува процесот на обновување и поврзување на организациите на КПЈ и СКОЈ во Македонија, а во летото 1933 се создава и Областен комитет на КПЈ за Македонија, во чиј состав влегуваат: Никола Оровчанец, Живоин Ќурчиќ и - Кочо Рацин. Од ноември истата година ОК започнува да го издава месечниот весник „Искра”, чијшто уредник е Рацин. Излегуваат само два броја на весникот. На почетокот на јануари 1934 се случува провала и 15 водечки македонски комунисти, вклучително и Рацин, се уапсени. Рацин е осуден на 4 години робија во Сремска Митровица, но во декември 1935, по донесувањето на закон за амнестија, бидува ослободен. Времето поминато во затворот за него всушност претставува период на универзитетско и национално образование. Меѓу другото, од дружењето со затворениците Моша Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и Огњен Прица разбира дека е важно да пишува на мајчин македонски јазик. Учествува и во преводот на „Комунистичкиот манифест“ на македонски јазик.
Презимето Рацин доаѓа од неговата сакана Раца.

По излегувањето од затвор Рацин бележи особена творечка активност, која ќе кулминира во 1939 година кога Рацин ја објавува својата стихозбирка „Бели мугри“, но и пишува и објавува неколку статии и трудови од областа на литературната критика, философијата и историјата што од него ќе направат најпознат македонски интелектуалец и прогресивен мислител на просторите на бивша Југославија. Сепак, новоздобиената слава и авторитет на Рацин ќе доживеат силен удар во 1940 година кога има нарушување на односите помеѓу Рацин и раководството на КПЈ во Македонија. Поради посетата на Рацин на Александар Цветковиќ, тогашен бан на Вардарската бановина и поради една критичка изјава на Рацин на сметка на работата на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, на Покраинската конференција на КПЈ за Македонија одржана на 8 септември 1940 (на која Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на ПК КПЈ за Македонија), Рацин едногласно е исклучен од Партијата и на членовите на Партијата им е наредено да го бојкотираат. Бојкотот трае некаде до почетокот на 1942 кога односите помеѓу Рацин и раководството на Партијата во Македонија се подобруваат.
По капитулацијата на Југославија еден период работи во Софија и живее заедно со својот сограѓанин и истомисленик Коле Неделковски, но по неговата смрт се враќа во Скопје. Во Скопје е уапсен од страна на бугарската полиција и интерниран во селото Корница, Неврокопско.

Од историјата Рацин покажа посебен интерес за богомилското движење и напиша три трудови посветени на него: „Драговитските богомили“, „Богомилите“ и „Селското движење на богомилите во Средниот век“. Од овие три, во текот на Рациновиот живот е објавен само „Селското движење...“, во 1939 година во списанието „Народна читанка“, а трудот „Богомилите“ е напишан на македонски јазик.
Овие Рациновите трудови за богомилите се одликуваат со значителен квалитет на проучувањето на материјата, при што самата материја доста студиозно е обработена, а не изостануваат и неколку доста продорни тези кои се посебно интересни. Меѓу нив посебно вреди да се одбележи Рациновата теза дека „богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историја“ („Богомилите“). Важно е да се нагласи и податокот дека Рацин е првиот Македонец што го проучувал богомилското движење.

6494_1203796690755_1103747184_30619946_896649_n.jpg


6494_1203796730756_1103747184_30619947_2087918_n.jpg


6494_1203796770757_1103747184_30619948_4231317_n.jpg


6494_1203796850759_1103747184_30619949_2375425_n.jpg


6494_1203796970762_1103747184_30619952_4891070_n.jpg


6494_1203797010763_1103747184_30619953_5832998_n.jpg
 
Браво на Рацин за смелостта , с којато брани отделниа иjазик от србскиа и д'ржава отделна от Србиjа. Това нема да биде заборавено. Убијството на Рацин е организирано от десната рака на Тито-Светозар Вук Темпо. Многу са убави стиховете на Рацин.Даите повеке негови стихове.
 
Национално прашање во Македонија 1939 година

Но развивањето на капитализамот брго го достигна својот највисок врф. Веке при крајот на миналиот век капитализамот у првите западноевропејски капиталистички земји влезе у својот залез, у својата последна етапа – империализамот. Противоречивото а силно натрупано богатство на буржоазијата стана тесно за нејзиниот национален простор, ги прерипа националните граници, мина у комшиjските капиталистички недоразвиени земји и се распростре по далечните колонии и бази. Сега емисијата на акции и облигации, износот на капиталот по тија земји и бази на сурови материали стана главен извор на доходите на буржоазијата, а борбите за колонии, бази и сфери на влијание, и империалистички војни и походи, – главен белег за нејзиното владеење през тој период. Но империализамот не создаде светска економија, а „светски империјалистички систем“ за финансијско поробуење и колониално угнетуење на грамадниот дел от земното население от страна на неколку „напреднати“ земји. „Тија неколку земји, – Англија, Франција, Австрија, Германија, Русија, станаја стожери от кај кои се распостираше империалистичкото завладуење и поделуење на останалите земји и колонии. Буржоазија у секоја земја веќе не беше апсолутен господар у своите национални граници, ами само една алка у светскиот систем на империализамот, кој се повеке и повеке се поларизираше на два противни пола. Противоречивото развивање на капитализамот у главните империалистички земји водеше до нова расподелба на сферите и колониите, до нови империалистички завоеванија на сметка на противниот пол. Завоеванијата стануеја директни, – со колониалните походи, и индиректни, со завоевателните војни на една от „алките“ (државите) у империалистичкиот систем за сметка на „алката“ от противниот пол. Буржоазијата, станала сега империалистичка како у главните така и у потчинетите земји, не можеше да се развива како порано, не можеше да живее, а да не прави постојано империалистички завоеванија, анексии, и поради това да врши асимилирање, национално угнетуење на други народи, и да не пројавуе империалистички апетити спрема територии от други држави. За таја цел буржоазијата мобилизира цела армија от учени и шарлатани, кои создаваја „теорија“ за националната припадност и правото на нивната буржоазија да го анектира некој крај или некоја земја. Ако се работеше за некоја колонија, завоеванието се правдаше со „цивилизаторска“ мисија, а ако се сакаше некој дел от некоја „алка“ от противниот лагер, тогај се прекопуеја сите историjски старудии, се фалсифицираја, надуваја, се извртуеја, – се со цел да се докаже „историјското“, „крвното“, „родственото“ право на нивната буржоазија да го владее тој крај. Но и при се това, можеше ли буржоазијата сега да врши друштвено-прогресивно национално соединение, како некога? Очигледно, не. Условијата беа изменети и квалитативно други. Буржоазијата стана потисничка, паразитска, реакционарна класа, а нејзиниот економски систем пречка за понатакашно друштвено развивање. Како „алка“ у синџирот на „светскиот систем за финансијско поробуење и колониално угнетуење“, она можеше само национално да угнетуе, насилно да асимилира и по колониален начин да ги граби и експлоатира „ослободените“ (анектираните) земји и краишта. И сите теории за „крвната“ припадност на тија краеви кај извесна империалистичка земја, за „историјската“ мисија на таја земја и други измислици обективно служеја за реакционарни цели. Буржоазијата престана да играе друштвено-прогресивна рола, она не можеше да „ослободуе“ ами само да поробуе други народи, без разлика да ли ја носат нејзината или друга крв. А со това и процесот на националното прашање и национално-ослободителните борби доби нова форма, зеде друго направление. Тој влезе у својата фаза.
Борбата на потиснатите народи и народносни групи у границите на една империалистичка држава, борбите за национална независимост, национални права и демократски слободи неминовно добивајат направление против империалистичката буржоазија, која ги угнетуе и експлоатира на колониален начин, неминовно се чукнујат со целиот „светски систем на финансијско поробуење и колониално ограбуење“ и по тој начин нужно се сливајат со главните сили кои се борат за куткањето на тој систем, со борбите на новата друштвено-прогресивна класа, пролетариатот. Национално-ослободителната борба сега најдуе едино решение у куткањето на империализамот и победата на пролетерската револуција. От некогашни револуционерни резерви на буржоазијата, национално-ослободителните борби на потиснатите народи станујат директна револуционерна резерва на пролетариатот. Това е основна карактеристика на националното прашање през неговата втора фаза. „Историјата на капитализамот ни покажуе две тенденции на националното прашање, – вика Ленин. Првата е у разбудуењето на националниот живот, на националниот покрет, на борбите против националното угнетуење, на создавањето на национална држава. Втората се покажуе со развивањето на сички видови врски меѓу нациите, на разрушуењето на националните граници, создавање интернационално единство на капиталот, економично, политичко, научно итн. единство. Првата владее у првата фаза на неговото развивање; втората ја карактеризира зрелоста на капитализамот, кој оди накај трансформирање у социалистичко друштво“ (Ленин, Критички белешки).
Да не се води разлика мегју тија две фази во развивањето на капитализамот и националното прашање, да не се види нивното квалитативно различие и нивните обратни тенденции, – значи да се прави јавна грешка и обективно издајство спрема борбите на поробените народи, значи да се помага обективно и ефективно на империалистичката буржоазија и светска реакција. Токмо това не го гледајат и не сакајат да го видат онија „марксисти“ и „напредничави“ интелектуалци, кои националното прашање и денеска упорно го поставујат како през неговата прва фаза, не сакајат да знајат дека денеска, обективно, времето на национално-ослободителни борби на буржоазијата, станала империалистичка, („алка“ у светскиот империјалистички систем), е минато, и дека она не може веќе да прави „национално обединение“, „национално ослободуење“, ами само да врши грубо национално угнетуење и колониално ограбуење у завоеваните земји.
Вистинското и правилно решение на националното прашање може да се постигне само по патот на револуционарната борба на широките маси, онеправдани и ограбени от империализамот. Таја нивна борба неминовно се слива со борбата на пролетариатот от целиот свет, со кое се создава единствен светски револуционарен фронт на сите потиснати и експлоатирани маси против општиот враг – светскиот империалистички систем. Ете зошто националното прашање за вистинските марксисти-ленинисти е револуционарно и интернационално прашање, и као такво претставуе „дел от општото прашање на пролетерската револуција, дел от прашањето на диктатурата на пролетариатот“.
„Има ли во покретот за национална независимост на поробената земја револуционарни возможности, и, ако ги има, има ли начин да се исползујат за пролетерската револуција, да се преврнат колониалните и потиснатите маси от резерви на империалистичката буржоазија во сојузници на револуционарниот пролетариат? Ете, така се поставуе прашањето. А на това ленинизамот одговара потврдително; со други думи, тој признава да има таквија револуционарни возможности и непходима решителност да се исползујат за куткањето на општиот непријател, империализамот. Механизмот на развивањето на империализамот, светската империалистичка војна и руската револуција, ги потврдија решително заклученијата на ленинизамот за това“ (Сталин, Основи ленинизма).
Ете от каде „за пролетариатот стануе неопходимо нужно да ги помага и активно и решително ослободителните покрети на поробените народи“.
По само себе се разбира дека пролетариатот не може да помага какви и да било национални покрети. Тој ги помага онија, кои допринесујат за слабењето и куткањето на империализамот, а не на неговото уцврстуење. Оти не требе да се заборави дека и империалистичката буржоазија, от еден от противните лагери, нестојава и успева да си создаде свои резерви от националните покрети у комшијските земји. Националното прашање во Југославија, Чехословакија, Полска и др. ни дава најречити примери за това. А таков национален покрет, кој обективно служи како резерва на империалистичката буржоазија и светската реакција, пролетариатот не може да го помага. Истинските марксисти у тој случај требе да ги насрчујат и да ги помагајат онија национални борци кои се противни на това направление на националниот покрет, и да прави со ниф сојуз, како за борба против това направление, така исто и за отимањето на широките маси от под влијанието на империалистичката буржоазија и покажуење на нивниот вистински револуционарен, национално-ослободителски пат.
Ете от каде и како требе да се гледа и да се поставуе националното прашање во Македонија, а не от гледиштето на нејзините империалистички поробители.
 
2. Борбите на македонскиот народ за ослободуење

Историјата на македонските национално-ослободителни борби е тесно сврзана со историјата на капитализамот и националните борби у другите балкански земји. Тија борби носат јавен белег на две нешта: 1) на борбите на малобројното гражданство и грамадните селски и градски маси, потиснати под турскиот апсолутизам, за национално-демократски слободи, и 2) на борбите на зрелата и станала империалистичка буржоазија от главните европејски земји, заинтересувана от распадот на Османската империја и превзимањето на бази и сфери на влијание на Балканот. Будењето на националниот живот и епохата на национално-ослободителни борби во балканските земји почнуе едвај пред крајот на првата и през втората половина на 19. век. Одзивите на српската национална револуција от 1804. беа затушени от победата на европејската автократска реакција во 1815. „Светата Алианса на австро-рускиот автократизам го покровителствуваја својот балкански брат, турскиот апсолутизам, кој ги држеше поробените балкански народи. Само после распадот на Алиансата, после полната победа на буржоазијата во западна Европа и нејзините први нивни походи на капиталистички неразвиениот Балкан, почна развивањето на капитализамот и процесот на национално будење. Но тој процес се развиваше, покрај други, и под една нарочна околност: под прекото влијание на западно-европејската буржоазија, во чии земји капитализамот тогај одеше накај својата империалистичка фаза. Англијската и француската буржоазија први влегова со своите стоки во Османската империја и први го подтикнаја развивањето на капитализамот. За кратко време они станаја најсилни господари на тукашните пазаришта за стока и внос на капитал. Но со това ги загрозија позициите на австро-германската и руската буржоазија, кои нешто задоцнети но се пак врвеја накај империалистичката фаза и имаја интерес от турските пазаришта и патишта за по-далечните земји. Борбата околу тија пазаришта сега им ги измени ролите за покровителство на Османската империја: англијската и француската буржоазија сега беја за нејзиното „статус кво“, а австро-германската и руската за нејзиното распадање и меѓусебно поделуење. Царска Русија беше особено многу заинтересована со распадот на Турција и направи неколку воени опити за това (Руско-турската војна през 1828-1829, Кримската војна). При тија опити она срете противност не само от страна на турците, ами особено от французите и англичаните, кои со сичко ја поткрепуеја Турција. От това време царска Русија почна живо да се интересуе со судбината на балканските народи, на прво место славјанските, и да го помага најактивно нимното национално и културно разбудуење. Се создадова нарочни учени дружества и учени експедиции кои се бавеја со историјското, географското, јазиковното, етнолошкото, етнографското и др. положение и минало на тија народи и со това се даде силен замаф на нивниот национален процес, – разбира се, онака како одговараше на интересите на царска Русија, која мечтаеше за една „Заддунавска губернија“ на Балканскиот полуостров. За кратко време, царска Русија зеде монопол на духовниот живот на балканските славјани, кои ги токмеше како свои утрешни поданици.
По следите на царска Русија тргна и монархистичка Австрија. Културно-просветителната дејност на Австрија се развиваше во западниот дел на Балканскиот полуостров кој и беше доделен како сфера на влијание. Ако Русија ги подигаше православните, Австрија ги подигаше католиците против Турција, и преку католичката црква и преку Штросмајера проповедаше една обновена „Илирија“– австријска колонија на западниот дел на Балканот. Но Австрија исто така ја протежираше и српската буржоазија во Војводина, и највечку допринесе за националниот процес на Србите, – сичко со тенденција да откине што по-голем дел от балканските славјани от под руско влијание. Веќе тогај се назираше зората на руско-австријските противни интереси за империалистичката поделба на Балканот. А до отворено счукување на тија интереси дојде во 1877-1878, кога царска Русија влезе со своите војски во источниот дел на Балканот и дојде до самиот Цариград. Интервенцијата на западноевропејските капиталистички земји и тогај ја спаси Османската империја от пропаст на Балканот, а рускиот план за „Сан-Стефанска“ Блгарија беше спречен и руските воени успехи силно анулирани.
Создавањето на две балкански славјански држави, Србија и Блгарија, беше само создавање на две сфери на империалистичко влијание. Првата ја владееше австрискиот, а втората рускиот империализам. Неоспорно, по одношение за ликвидацијата на турскиот апсолутизам и феудалните установи, австро-руската експанзија изигра една позитивна рола, и помогна на буржоазијата на двете балкански земји да ја изведе својата национална револуција и да премине една нужна друштвена етапа. Но истовремено она ги прикачи како „алки за светскиот империалистички систем, и нивното понатакашно развивање беше у плна зависимост от политиката на големите империалистички држави. Стихијното развитие на капитализамот во младите држави ја ојакна за кратко време буржоазијата, и скоро ги достигна националните граници на својот растеж. Младата буржоазија на тија две држави требаше неминовно и за многу кратко време да ја добие формата на својата стара западноевропска сестра, да стане и сама империалистичка, и да пројави империалистички апетити ако сака да живее и да се развија. Но накај каде?
Природниот пат на експанзијата на блгарската и српската буржоазија одеше накај заостатците од Османската империја на Балканот, – накај Тракија, Македонија, Албанија, Херцеговина и Босна. Това беа земјите за кои она можеше да мечтае да ги превземе, за да го разшири своето национално пазариште. И натаму ја управи својата експанзивна дејност.
Но по това време развитието на капитализамот во Европа зеде решително и завршно направление накај својата последна фаза, империализамот. Не само Европа, ами целиот свет беше поделен на империалистички сфери на влијание, и противречивото и нерамномерното развитие на капитализамот водеше накај нова поделба, која можеше да стане со една општа империалистичка војна. Балканот беше исто така место на сферни влијаниа и раскрсница на многу интернационални патишта на капиталот. Промената на балканското „статус кво“ неможеше да стане без согласие и интересите на великите империалистички сили, кои баш тука беа сосем опречни. Ете како во својата империалистичка експанзија блгарската и српската буржоазија се најдоа принудени да се опрат на интересите и експанзијата на великите империалистички сили, и сосем да се потчинат. Со вносот на капитали, инвестирани во најважните области на националната економија, со државни заеми и други финансијски операции, и со монополот на пазариштата за нивни стоки, тија сили скоро ги потчинија двете балкански држави и ги ставија сосем под своа економска и политичка зависимост. От друга страна они најсилно ги поттикнуеја накај експанзија за сметка на нивниот балкански ривал. Ако на пр. српската буржоазија мечтаеше за Босна и Херцеговина, анектирани от Австрија, најдуеше најсилна поткрепа от англо-френскиот и рускиот империализам. Блгарските мечти за Тракија и Македонија беа поткрепуени от Австрија, Германија, и во прво време Русија, но најдуеа силно противење кај Англија и Франција, от кои првата ја имаше Грција под свое влијание, а обете заедно големи интереси от очувањето на европејска Турција. И така, со се поголемата нужда от империалистичка експанзија, со се поголемата зависимост от внесениот капитал и политиката на една от силите, двете балкански славјански држави, Србија и Блгарија, се поврзуеја се-потесно со едниот империалистички систем на великите држави и стануеја составен дел на нивните противности и интереси, додека најпосле, по отношение на нивната експанзија во Македонија, интересите не им се чукнаја и дојдова во противност. От тија причини Македонија стана „јаболко на раздор“ меѓу српската и блгарската буржоазија, на која обете фрлаја грабителско око и не можеја да се согласат преку неја. От тија причини дојде и мешањето на српските и блгарските империалисти во македонските национално-ослободителни борби, кое се одрази толку фатално на македонскиот народ и процесот на неговото национално пробудуење.
 
-Кочо Рацин(под псевдонимот Димитров, тогаш на 20 години) бил како
најмлад делегат на четвртиот конгрес на КПЈ есента во 1928 година во
Дрезден како “Балканска конверенција на словенските братски народи“.
Заседанието било во исклучителни илегални услови, во куќата на
трговецот Курт Ауринг,на тогашната улица Кирбах бр.4 (денес “Бергленштрасе“.Меѓу 22-мина делегати од КПЈ и преставници
на Коминтерната,од Македонија имало двајца учесници.
-Коста Солев-Рацин и остана верен на партијата и на работничката
класа,успевајќи да се издигне до интегрална личност како уметник
и борец за да ги постави темелите на современата македонска литература
.Бездруго е и негова заслуга фактот што во резолуцијата од дрезденскиот
Конгрес,меѓу другото, стои запишанои следново:“Партијата изјавува солидарност со револуционерните работници и селани од другите
нации во Југославија,како и со македонското национално движење
препородено во лицето на ВМРО и ја повикува работничката класа
сестрано да ја помогне борбата за независна и обединета Македонија.
-Младиот пролетерски поет Рацин,во своите искажувања на тој Конгрес
успеа да ја пренесе положбата на Македонија каде во тоа време беше
страшна и во која беснееше невиден терор.Мошне сликовито Рацин ја
прикажа тешката економска состојба на Македонецот -селанец и работник,
теророт што врз нив се спроведуваше,крстосувањето на разни чети и банди
во македонската земја кои зад себе оставале запалени села и убиства.
-По завршување на Конгресот Рацин е уапсен на дрезденската железничка
станица,со група делегати од Далмација.Вториот делегат од Македонија не
тргнал заедно со Рацин.Пред полицијата Рацин кој немал пасош изјавил
дека дошол да бара работа.Адвокатот ангажиран од дрезденската
партиска организација успеал да издејствува уапсените да бидат пуштени,
по казната од едномесечен притвор,а потоа протерани од Германија.
-Воопшто земено недостапно е расветлен Рациновиот повратен пат во
татковината и мотивите на неговиот натамошен престој во Далмација и
во Загреб.Од 5-те разгледници што тој ги пратил до неговите родители
во Велес, во една запишува:
“Родители,зачувајте ја картичкава за спомен од Сплит, кога бев пленик
во челустата на адскиот тиранин“ Алузијава се однесува на полицијата
што будно ја следела Рациновата активност, за што пишува и во еден
список на политички сомнителни лица , со кој била известена сета
тогашна жандармерија во земјата:
“Кочо Солев.....активен комунист, нема знаци дека од тоа се откажал“
------------------------------------------------------------------------------------------------
кој го уби Рацин .............................
 
-вчера дадов (поточно напишав,) само еден дел од животот на Рацин,
кога престојувал во Дрезден во 1928 година,но не како што напишал
“бале“- единствен преставник од Македонија.Во интерес на вистината
и со голема почит кон македонската револуционерка која беше втор
делегат на тој Конгрес и една од највидните раководители при
ЦК на КПЈ со највисико партиско образование Малина Попиванова.
(затоа го правам и ова дополнување,а за Рацин треба уште да се учи,
проучува и пишува)
 
после “кајгана“,сега прв пат отворив и “македонска искра“ - на тоа ме
наведе БРАТОТ во темата за грчиштата.
-----------------------------------------------------------
и одма пак лага од Блаже Ристевски во текстот за Кочо Рацин
-недела 6 ноември 2011 год. (утрински весник 30 јуни 2003 год)
-Кочо Рацин единствен преставник.....и т.н.
па тој сигурно знае повеќе од мене е сега која е вистината
а и за трагичното загинување тој е мислам најупатен,бидеиќи и
усно од физичкиот (убиец), кој бил на самртна постела чул дека
“кога пукал незнаел во кого, незнаел дека е Рацин“.Ова многу
одамна го имаше во еден дневен весник.
 
РАЦИН ВО ПАРТИЗАНИ

Да Рацин,многу ја сакаше борбата за ослободување на Македонија,и затоа
тргна и тој но за жал само по еден месец од излегувањето, з а г и н а ?

-„ Мене пак,повеќе од сонцето ме стоплува радоста на Рацина,тој се смее по секој збор што некој од нас ќе го изусти,а нешто мора да се зборува кога се чека и чека да се продолжи патот накај незнајните бази на Главниот штаб.Рацин не се смееше отшто имаше смешно, јас сум сигурен дури воопшто не ги ни слушаше нашите разговори заради разговор.Рацин едноставно беше детски весел поради тоа што тој чекореше во малубројната колона од осуммина излезени партизани: таков беше од Скопје, некаде близу државната болница каде што се собравме,па преку Сува Гора-безводна,негостољубива,сурова- до Вруточките Анови и од нив дотука:шумата над Никифорово:
Од Скопје до Никифорово дебнеа опасности...и секогаш моето срце го колеа сабји, тоа беше стравот: каков страв. Рацин,пак, живееше во некој си свој свет: без опасности, та без страв.Кој беше неговиот свет? Можеби светот на бесконечната радост? Има ли таков свет? Не знам. Нема барем јас го немам. Па сепак не еднаш во овие неколку дни ми шепнал на уво.
„ Знаеш ова е мојата најголема радост......знаеш во животот не сум почуствувал поголема радост.“
-Зошто радост и каква радост? можеби сум го прашал.
„Заради слободата“, велеше тој.
-Оваа - слобода!? се изначудив: Та ние сеедно сме во стапица на непријателот, зарем тоа било слобода?
„ Да “, велеше слобода....И ќе придодадеше
„ Ќе победиме “
...Мислите ми ги растера шумолење : гранките од младите буки на десетина,чекори од нас се занишаа и низ нив како да жугна млад партизан: изведита снага, остер поглед,вцрвено лице испотено,вкрстени реденици на градите,во десната дланка цевка на крагуевка што виснала на ременот префрлен преку подлактицата.
И петокрака ѕвезда на капата.
Луѓе, петокрака ѕвезда тука пред нас, црвена , голема.
Тоа е прва средба со партизан, затоа сме сите возбудени.
НО РАЦИН ЦЕЛИ ПЕТ МИНУТИ НЕ ГИ ОДЛЕПИ ОЧИТЕ ОД ЅВЕЗДАТА.
Патем,времиња и времиња,ги пушти бавно да се тркалаат надолу.Рацин до болка ги ширеше очите,небаре сакаше да види нешто повеќе
,дебелите гушнати веѓи се креваа нагоре и го браздеа челото.Ако небричено,Рациновото лице беше сега од детско подетско. И немееше.
Тој ги голташе зборовите на партизанот Даме - така се викал.
Даме седеше и јадеше никифорски леб.Јадеше и зборуваше.Како не му залетнаа огромните залци? А Рацин, седејќи, се довлечка до него.Очите му беа замаглени, а потем малку од нив се истркалаа солзи: Секоја гравушка солза како склобурец ќе се рушеше од бодлецот на влакната на неизбричените образи...Однедопица,тој скокна, ги рашири рацете,клекна пред Дамета, го прегрна и долго го бацуваше. Потоа пак седеше и гледаше во сините неправилни режанки на небото по меѓу стеблаците и шепотеше нешто за себе. А јас знаев: тој го повторуваше рефренот на својата животна поема.
И знаев: тој беше предалеку од нас: лудуваше во својот свет,небаре нема војна,небаре на ја гледаше смртта што веќе идниот месец ќе му биде гостинка. А зошто е тоа важно? Та Рацин живееше вистински живот,
се друго беше споредно.....“
„Рацин во сеќавањето на современиците“- Владо Малески
 
Го заборавивме скроз. Еве за да ја раздвижам малку темата, дали знаевте дека Ленка у прва фаза била Менка:

KR0180-0001.jpg
 
Убиството на Кочо Рацин
На не цела страна,во книгата од В.Ачкоска и Н.Жежов е даден текст
со овој наслов (и некакво си објаснување за тој немил настан)
Јас сакав во целост да го препишам и доставам тука но еве што
пишува пак на првта страница од книгата со наслов:
„Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“
Забрането е копирање,размножување и објавување на делови или
целото издание во печатени или еликтронски медиуми без
одобрение на издавачот
издавач: Макавеј - Скопје
е сега мисли му ја - страв да те фати
ова не сум го прочитал во книгите издадени до 1991 год.
и во овој случај незнам како да постапам, како да е нешто ново,на пример Кој го уби Рацин,е добро познато и опишано во повеќе книги многу одамна,на страната 42 нема ништо ново што бар јас не го знам,дури и повеќе од тоа сум прочитал и поопширно(имаше и една книга баш со таков наслов)
И сигурно и авторите тие оскудни податоци ги зеле од некој такви книги, а можеби и од средби со некој ? верувам не со очевидци на тој настан,поради нивната возраст(и кое е сега тоа „авторско право“) или забрана на што,нешто што како мене прочитале од некаде.
Мое мислење дека „истрел“ не требало ни да има,во кругот на базата,каде било скоро целото раковоство на нашето ослободително движење,и секако поради тоа,тоа место било обезбедувано во еден поширок појас.
А тие некој работи што сме ги потчуле од порано се приказни за мали деца.
Рацин бил нешто наглув,не го чул преупредувањето од стражарот,Рацин носел тавче под мишката,па тоа на некој му се причинило како пушка.Но некаде сум читал дури и признание од убиецот,дека незнаел во кого пукал.
Но мене би ме интересирало дали може некој да ги постира овдека ако ги има некаде објавено,картичките што Рацин и ги праќал на „ Раца“
мислам дека вкупно биле седум,но некој не се пронајдени.
Инаку и прозата на Рацин,ја читам посебно „Резултат“- и тоа секојдневно
 
Чичко Анчо ја успеав да налетам на следниве нивни допишувања, али никако да се одлучам која е била неговата најголема љубов. Дали Раца или Невенка?

Еве да ги ѕирнеш, а сомнежите и сведочењата за неговото убиство на кои сум наишол при истражувањето за Рацин ќе постирам после овој пост, за да не ја рушам романсата :) :

KR0100-0006.jpg

KR0100-0008.jpg

KR0100-0010.jpg

KR0100-0012.jpg

KR0100-0014.jpg

KR0100-0016.jpg

KR0100-0018.jpg

KR0100-0020.jpg

KR0100-0022.jpg

KR0100-0024.jpg

KR0100-0028.jpg

KR0100-0030.jpg

KR0100-0032.jpg

KR0100-0034.jpg

KR0100-0036.jpg

KR0100-0038.jpg

KR0100-0041.jpg

KR0100-0045.jpg

KR0100-0047.jpg

KR0100-0049.jpg
 
^ Заборавив која, ама во школо ни кажуваа дека секоја вечер кај таа што ја сакал оставал по една ќерамида на која со креда биле напишани по неколку стихови... :D Не знам сега дали е точно!
 
Forrest Gump
благодарам, колку си ме израдувал со постираното-картичките
сега негде најдов,податок, значи се загубени 7 картички од вкупните 34,колку што Рацин ги напишал до Рахилка.Таа не одговорила ниту еднаш.
Интересно е што и тие двајца се немат сретнато,или разговарано.
Прв пат ги гледам картичките (а веројатно и многу други,овдека) и потписот на некој од нив„Бесмртне љубави“.А и ова Велес - Македонија.
Дали е нешто зачувано од стихозбирката „антологија на болката“која исто е пишувана за Рахилка,а и ја предала Невенка.
Напиши и нешто повеќе за Невенка Вујиќ. Потоа (после српско) што станало со неа,дали останале во Велес.
А за Рахилка се знае и е добро познато (почина во Скопје 2003 год.)
Сега ќе ги читам и текстовите за: Кој го уби Рацин...благодарам уште еднаш
 
Ај еве некои од писмата меѓу Рацин и Невенка:

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Београд. Адресирано до Јован Поповиќ, за Кочо. Автограф со молив, 1 дописна карта на српски јазик. 1936 август 1, Загреб.

KR0102.01-0002.jpg

KR0102.01-0003.jpg

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Београд. Адресирано до Јован Поповиќ. Автограф со молив на српски јазик, 1 писмо, 1 л. 2 стр. 2 нег. 1936 август 9, Сурдулица

KR0102.02-0001.jpg

KR0102.02-0002.jpg

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Автограф со молив на српски јазик, 1 писмо, 1 л. 2 стр. 1 нег. 1936 август 15, Сурдулица

KR0102.03-0001.jpg

KR0102.03-0002.jpg

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Автограф со молив на српски јазик, 1 писмо, 1 л. 2 стр. 1 нег. 1936 август 19

KR0102.04-0001.jpg

KR0102.04-0002.jpg

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Автограф со молив на српски јазик, 1 писмо 1 л. 2 стр. 2 нег. 1936 септември

KR0102.05-0001.jpg

KR0102.05-0002.jpg

Писмо од Невенка Вујиќ до Кочо Рацин. Автограф со молив на српски јазик, 1 писмо, 1 л. 2 стр. 1 нег. 1936 септември

KR0102.06-0001.jpg

KR0102.06-0002.jpg
 

Attachments

  • KR0102.07-0001.jpg
    KR0102.07-0001.jpg
    344 KB · Прегледи: 4
  • KR0102.07-0002.jpg
    KR0102.07-0002.jpg
    355,6 KB · Прегледи: 3
  • KR0102.07-0001.jpg
    KR0102.07-0001.jpg
    344 KB · Прегледи: 3
  • KR0102.07-0002.jpg
    KR0102.07-0002.jpg
    355,6 KB · Прегледи: 3

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom