Во 1969 година човекот слета на Месечината, се одржа Вудсток на фарма во Њујорк и се роди АРПАНЕТ, претходникот на интернетот.
Интернетот стана најпознато домашно милениче дури во 90-тите.
Интернетот стана најпознато домашно милениче дури во 90-тите.
ИзворТоа време беше измислен и микропроцесорот, кој го поплочи патот на компјутерската револуција.
Како ќе изгледаше 21-от век без компјутери? Тешко е да се замисли дека машинчето што владее со нашиот модерен живот постои помалку од еден век.
Раните компјутери им помогнале на сојузничките сили да победат во Втората светска војна, анализирајќи ги и пробивајќи ги шифрите на Нацистите.
Во доцните 60-ти компјутерите се користеа за анализа на изборните резултати.
Во 1968. Хјулит Пакард го запозна светот со поимот „персонален компјутер“, лансирајќи го сметачот 911А.
Потоа, на 2 септември 1969 година, дваесетина луѓе се собраа во лабораторија на калифорнискиот Универзитет во Лос Анџелес и пренесоа бесмислени податоци од еден компјутер на друг преку кабел долг само 4,5 метри.
Институтот Станфорд му се приклучи на растечката мрежа АПРАНЕТ еден месец подоцна, а до крајот на годината им се приклучија и Универзитетите од Санта Барбара и Јута. Така се роди интернетот.
Пронаоѓањето на силиконските чипови во седумдесеттите години на минатиот век ги однесе компјутерите во нова ера.
Со ситни кругови се нанесуваат информации врз површината на полупроводникот и на тој начин добиваме многу информации стиснати во еден мал простор.
Со компјутерските игри и електронската пошта, пак, се создаде нова социјална и индустриска револуција.
Во 1981 година интернационалната компанија за компјутерска техника ИБМ го промовира првиот десктоп компјутер со меморија од само 16 килобајти.
За време на 80-тите години на дваесеттиот век, персоналните компјутери почнуваат да се користат по домовите во употреба влегоа суфиксите „точка ком“ и „точка орг“.
Сепак, интернетот стана домашно милениче дури во 90-тите, кога британскиот физичар Ли ја измисли Мрежата, а провајдерите како Америка Онлајн првпат повзаа милиони луѓе.
Мондекс, електронската платежна картичка, го тестираше теренот за денешните кредитни картички.
Историјата на компјутерот ја обележаа и игричките, од првата Те-Ве Тенис конзола, преку легендарните Соник, Пекмен и Тетрис, до денешните Воркрафт, Квејк, Нид фор Спид и други.
Компјутерите, интернетот и светската мрежа очигледно многу еволуирале за овие 40 години.
Сега светот чека да види како ќе изгледа наредната генерација комуникациски и гејмерски направи.