Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Новото лого е одлично. Но, логото не ја прави телевизијата.
Може некој да не потсети кој сега е газда на телевизијата, зошто изминативе години многу се сменија?
И прашање до луѓето што редовно ја гледааат: Дали сеуште јадат :гомце: ?
 
Искра Коровешовска е уредник на оваа тв..и морам да кажам дека навистина програмата им стана побогата со интересни содржини.
 
Таму господ знае кој е газда..имаше еден сомнителен унгарец и уште посомнителен србин.
Глумат опозиционен медиум ама немаат некои факти и сериозност. Програмската шема им е повеќе од чудесна. Филмовите им се црно-бели или со малку боја.. Се на се, стварно не знам кој ја гледа.
 
Не беше газдата на Пинк ТВ газда и на Алфа ТВ?
 
Искра Коровешовска е уредник на оваа тв..и морам да кажам дека навистина програмата им стана побогата со интересни содржини.

Штом е Искра Коровешовска уредник, се е јасно. Да, богата програма. Кога и да пуштам ги гледам Козара, Неретва и Сутјеска.
 
Штом е Искра Коровешовска уредник, се е јасно. Да, богата програма. Кога и да пуштам ги гледам Козара, Неретва и Сутјеска.
А да не заборавиме по не знам кој пат реприза на поранешна емисија од српската телевизија Prva, Тамара у акции кај што се реновираат куќи и станови.

Се надевам кога ќе започнат новите емисии и ќе се смени визуелниот изглед ќе ги тргнат овие работи од програмата.
 
Од 11 септември тие српските филмови нема да се повеќе дел од програма. Ова го имаше пишано Јани Бојаџи на Facebook на еден од коментарите во кој го прашаа за српските филмови. Моментално е доста активен Јани Бојаџи на Facebook и одговара на разни коментари за Алфа.
 
Последно уредено:
Да, еве сега и јас го прегледав профилот на Јани Бојаџи и гледам дека човекот многу филозофира: „нотропија на медиум“, „дихотомен медиум“, „инфотејмент формат“ бла, бла, бла. И тоа се во еден обичен одговор на коментар.
Најважното што го рече дека ќе била опозициски медиум. И исто така напишал дека „нема да правиме грешки од минатото“! Какви грешки? Дали мисли на оние грешки кога беа позициски медиум! Тогаш што бара Искра Коровешовска за уредник на вестите?
И патем телевизијата имала „слободна и независна уредувачка политика“ и „секој новинар бил слободен во изборот на гледната точка“.
Толку, јас подобро да прекинам со пренесувањето на овие празни зборови.
 
Од она што видов, досадна програма.

Ќе има некој синхронизирани серии а единствено што чекам да изненадат е со музичка програма. Кажаа дека ќе имало една за забавна музика а една со фолку народна музика.
 
Дали ќе го пренесуваат релито Дакар оваа година? Не можам да најдам ништо на нивната програма..
 
емисијава на Искра Џамбазова ми е лудница, на еден шминкер кога го натера да шминка една со врзани очи. Му ја уништи кариерата на типчето за 5 минути :pos: има и уште многу други глупости што ги тера да праат
 
Иако на моменти знае да ми биде досадна Искра сепак да не им е она ќе биде не гледлива емисијата.
 
Пофалба до Алфа што ја имаат земено српската серија Беса. Не ја имам гледано но коментари читам се пишува дека е одлична серија така да како љубител на српски и балкански серии ќе ја погледнам оваа серија.

Додека пак критика ќе дадам за новите студиа после нивнава промена изгледаат доста лошо. Можеле да се потрудат повеќе да инвестираат во тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom