Алфа ТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Еве почна Шпанското првенство во фудбал и Алфа ТВ ги имаат откупено правата за пренос заедно со Алсат. За нас љубителите на фудбал и обичните гледачи во Кавадарци тоа представува проблем, пошто сликата на Алфа е ...... срање.

Сликата наликува на лош stream од интернет со растурање на резолуцијата на сликата на секои 5-6 секунди и постојане е матна, ајде тонот е тапа ама немора толку тоа ке го соџвакаме. Каснеше до скоро синхронизацијата слика/тон ама барем тоа е средено (сега за сега).

Многу е без веза за гледање фудбал - споредено со другите канали Алфа ТВ е КАТАСТРОФА.

Што е проблемот? :toe:

Би сакал вие корисниците од другите градови да напишете еве во оваа тема каков е квалитетот на сликата кај вас, за да добиеме некоја представа за каков проблем станува збор, бидејки нашиот кабелски оператор вината ја префрла на Алфа ТВ поради наводно лош сигнал од таму.

Што ми делува на прв поглед малку нелогично поради тоа што ништо не добива Алфа ТВ со тоа што ке навлече 30000-40000 изреволтирани гледачи од еден град. Ако вече сакаш да те гледаме, пушти добра слика, бидејки вака Алфа ТВ на нашите ТВ екрани во Кавадарци има по бедна слика од приватните телевизии во градот, што е жив срам за една национална телевизија, без разлика чија е вината - дали на кабелскиот оператор или телевизиската куќа, срамот оди кај втората.

Значи кажете од кој град се и каква е сликата кај вас. :)

Поздрав.
 
Не е до Алфа, тука е во ред.
Ти како го добиваш сигналот, по кабловска? Ако е така, тогаш они лошо го добиваат сигналот пред да ти го достават на тебе...
 
Не е до Алфа, тука е во ред.
Ти како го добиваш сигналот, по кабловска? Ако е така, тогаш они лошо го добиваат сигналот пред да ти го достават на тебе...

По кабловска го добивам сигналот.

Од Скопје ли си? Преку кабловска ли ја добиваш ти?
 
По кабловска го добивам сигналот.

Од Скопје ли си? Преку кабловска ли ја добиваш ти?
Да, преку кабловска (Телекабел). Нема никаков проблем со сликата, се е во ред.

Кога има проблем со синхронизација (слика-тон), тогаш 99% проблемот е до операторот. Така заебаваа пола од програмите на Кејблтел во Скопје (Влае) на пример. Или има слика нема тон, или само тон слушаш, а нема слика. Или па сликата касни... Среќа се подоправија малце во последно време. Како и да е, наскоро доаѓа и дигиталната телевизија кај нас, па конечно ќе видиме раат.
 
Еве како изгледа Алфа кај мене...ниту играч се познава ниту топка а за резултат да видам поарно livescore.com да видам :facepalm1:
snapshot20090829201847.jpg
 
Еве како изгледа Алфа кај мене...ниту играч се познава ниту топка а за резултат да видам поарно livescore.com да видам :facepalm1:
snapshot20090829201847.jpg
Аман бе, стварно е катастрофа... Во кој град ова? Па дури и на интернет е далеку подобро. Ова би било некаков показател дека не е до телевизијата, туку до тоа како е дистрибуиран сигналот до кабелскиот оператој кој го користите. Е сеа, кој треба да си ги реши проблемите... Појма неам.
 
Јас сум на КејблТел во Скопје. Алфа се гледа КРИСТАЛНО.
 
и кај нас во Неготино е катастрофа сликата, али опремата на кабловскиот оператор му е од 19век така не ме ни чуди што е таква
 
Луѓе пишувајте од кој град сте, за да се знае во кој град каква е сликата. И колку може да се организираме да пробаме да поправиме нешто во врска со ова.
 
Во Прилеп исто.. За никаде беше.. Можам да кажам прилично исто како сликата шо ја има ставено ALEXSR.
 
Колку толку глеате нешо, во Дебар НИШТО :(
 
Тука у Штип сликата и не е баш најсјајна... исто како да гледам стрим на интернет. Дури и некои стримови се подобри. Да се надеваме дека кабловскиот оператор ќе го оправи сигналот, во спротивно ќе си гледам на интернет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom