Ваква тема веќе има, ама ај, ќе спои некој...
Прво, овој поим за мене е рамен на душевна проституција.
Бракот во никој случај не е и нема да биде институција во изумирање. Бракот е најдоброто нешто што можело да му се случи на човештвото. Без него, светов немаше да биде онаков каков што е сега: колку-толку нормален.
Прво, отворена врска: тоа ти е ситуација кога всушност не ни постои врска. Или, ако сакате, постојат најмалку две врски во кои љубовта е непознат поим. Сте се договориле со партнерот: миличок, знаеш, сексот ни е добар, ама дај да пробаме со други, да видиме дали тоа е тоа вистинското... може со друг ќе ми биде поарно. А? И така, се сексате заедно, па се сексате со други, мислите дека сте во врска, за која треба љубов, а не сфаќате дека сексот и ниските страсти ви го контролираат животот.
А бракот веќе е посебна приказна.
За љубов потребни се две основни работи:
ПРИЈАТЕЛСТВО (кое во себе ги вклучува почитта и довербата)
и СТРАСТА (која која вклучува телесна привлечност и сексот).
За брак, потребно е прво брачниот другар да ви е ДРУГАР, нели. За да ви биде другар, треба да го почитувате таков каков е. Довербата се гради, но и руши. Без страста, од истите елементи е составено и другарството во друштвото.
Е сега, СТРАСТА е таа која ги извишува работите на повисоко ниво. Страста во себе ја вклучува телесната привлечност и сексот, ама не е ниту само првото, ниту само второто.
Е сега, кога некој ќе се доведе во состојба на отворен брак, погазува врз сеќ споменато погоре.
ПОЧИТТА е прва која е згазена. Довербата е разнишана во основата, а пријателството го снемува. Страста спласнува, оти да ја имало, немало да бркате други. Телесната привлечност и сексот може да останат, ама тогаш врската не е емоционална, туку телесна, што е рамно на проституција (душевна, не материјална).
Знаете, сум се прашувал како опстојуваат бракови од 40, 50 години, а во нив никогаш немало некои сериозни проблеми...
Денешниве луѓе немаат некои вредности, кои современиот свет ги уништи.
Страста е менлива. Може да ја има, па да почне да се гаси, па да се засили... може и скоро да ја снема. Страста е најголема причина за неверствата. Заради неа пропаѓаат бракови.
Ама почитта и пријателството ако останат, од страста како целина, доволен ќе биде само сексот за бракот да продолжи да функционира на завидно ниво.
Значи, со една реченица: Ги сожалувам тие што се во open relationship or marriage... Освен потребата за секс, немаат ништо друго во себе. Душите им се празни, преплашени се од емоциите, живеат за да задоволат нагони карактеристични за животните...
Знаете, сексот може да биде и најголема нискост, и најсвето нешто. Зависи од тоа што чувствувате кон оној со кого го правите.
(мој став, мое гледиште)