Македонија пред криза за бел шеќер?

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
За тие што пијат кафе без шекер нема гајле...за другите......!!!!!!!

Македонија пред криза за бел шеќер?

БИТОЛА - Ќе има ли криза за шеќер во државата, а со тоа и енормно зголемување на цената на белиот шеќер? Ова е дилемата што се отвори откако штрајкувачите на битолската Шеќерана во петокот ги радикализираа протестите. Го блокираа влезот за сезонските работници и се заканија дека нема да дозволат почнување нова кампања за преработка на жолт шеќер се' додека не се задоволат нивните барања. Додека раководството обвинува дека штрајкувачите ќе ја остават државата без шеќер, незадоволните вработени со контраудар. Оваа ситуација им одговара на газдите и им служи како оправдување да ја покачат цената на шеќерот и да предизвикаат наводна криза.

Над стотина вработени во фабриката 160 дена штрајкуваат за повисока плата и понормални услови за работа. Раководството, пак, во услови на штрајк ангажира сезонци преку сестрински фирми да ги водат кампањите за преработка на жолт шеќер. Менаџерите алармираат дека ако не се реализира кампањата, Македонија ќе се соочи со дефицит на бел шеќер и со зголемување на цената. Најголемите проблеми се очекуваат денеска, за кога е најавен стартот на кампањата. Битолската полиција веќе неколку дена будно ја следи состојбата во фабриката откако работниците стапија во штрајк и дење и ноќе. Наспроти тврдењата на бугарските газди, синдикалците на фабриката категорично демантираат дека тие може да бидат причина за предизвикување евентуална криза со шеќер во државата. „Шеќерната криза што ја најавува раководството е одраз на лошото работење и менаџирање на работата од страна на газдите. Газдите со ова само сакаат да ги прикријат загубите што ги направија, зашто очигледно е дека не сакаат да се решат проблемите со нас, така што сега измислуваат наводна криза на шеќер, но едно е вистина - дека фабриката е монопол во Македонија и таа ја диктира цената на шеќерот. Значи, ова е ситуација што ја наметнуваат газдите“, изјави Драги Лингуровски, претседател на синдикалната организација на Шеќераната.

Акционерите на фабриката, пак, обвинуваат дека Шеќераната работи незаконски и ги повикуваат надлежните државни институции да го прочешлаат нејзиното финансиско работење. „Простор за корупција во Шеќераната има во завршната сметка. Во неа, од одработени 46.000 тони шеќер, прикажана е добивка од само 6.000 евра, а тој преработен шеќер чини над 22 милиона евра. Државниот повереник без никаков проблем ја прифати завршната сметка, а не се побуни ниту за тоа што во Надзорниот одбор има ставено тројца бугарски државјани. Владата нема никаква контрола во фабриката. Од тие причини до Државниот завод за ревизија е поднесено барање да се провери завршната сметка на Шеќераната“, рече Александар Давидовски, акционер на Шеќераната.

По низата укажувања на штрајкувачите до државните власти, па и лично на министерот за економија дека фабриката не работи според законите, штрајкувачите се сомневаат дека ваквата ситуација и' одговара и на партијата на власт. „Анархијата во фабриката ја поддржуваат некои структури од Битола од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и владиниот повереник во фабриката и локалниот лидер на партијата уште во почетокот на штрајкот ни рекоа да го прекинеме протестот и да влеземе да работиме во халите, зашто штрајкот не бил легитимен и дека ќе паднеме на суд. Предвреме знаеја дека ќе паднеме на суд, од каде вакви тврдења само тие имаат одговор“, рече Златко Велјановски, претседател на Штрајкувачкиот одбор.

Раководството на Шеќераната, и покрај лошите состојби, од денеска планира да почне со преработка на 12.000 тони суров шеќер од увоз. Оттаму велат дека поради отсуство на работна сила преработката на шеќер значително им ги зголемила трошоците за работа. „Со запирањето на работниот процес би се создала вештачка криза на пазарот со недостиг од бел шеќер. Ќе се повтори ситуацијата од мај годинава, кога три недели не' немаше на пазарот, а цената на шеќерот се покачи за 10 денари за килограм. Ваквото однесување на штрајкувачите е преземање улога на работодавец“, предупреди Зоран Ристевски, директор на Правната служба во фабриката.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B20D481350D88D4DA0A6779F262556F1
 
Добро е што не е во криза за жолт шеќер,оти ќе си увезевме поефтин бел,наместо да се заебаваме со Бугарскиве газди кој перат пари од “преработка“ на жолтиот шеќер,па го продаваат во ЕУ како да е Македонски.Инаку Шеќераната во Битола може да работи и без ни еден вработен,само да препродава Кубански шеќер кој е 4 пати поефтин,само ако го презентира како да е Македонски,за што всушност Бугарите и ја купуваа Шеќераната,па гледаат да се куртулат од вработените.
 
кај најдоа сега кога почнува сезоната правење зимници и праење слатко за зимските месеци :nenene::nenene::baeh:
 
Доколку се деси тоа барем ќе им се одговори на барањата на работниците. Но за жал нема да дојде до тоа бидејќи на север производството на шекер е едно од најголемите во Европа.
 
Море да му кажам на татко ми да земи една вреќа за секој случај, оти будала држава е можи да ни падне шеќерот и после лоша работа.
 
Шеќераната ја купи `Мултигруп`.
Во тоа време, (кога газда на споменатиот `Мултигруп` се водеше Илија Павлов, R.I.P.) они имаа сериозен план да ги купат сите шеќерани на балканот и да добијат монопол у оваа чувствителна гранка на производство.
Илија Павлов загина у атентат неколку дена одкога Путин беше у официјална посета во Бугарија,
`Мултигруп` се распадна на поситни компании,
и јас стварно незнам кој од акционерите (кои што може само да се нагаѓаат,оти `Мултигруп` никогаш и не приложил листа на акционери,сопственици) сега ја поседува шеќераната у Битола.
Ниту пак која им е стратегијата, т.е. планот у новонастанатата ситуација.

Би молел некој со поопсежни информации да пише на темава.
Благодарам.:smir:
 
Шеќерот е штетен во поголеми количини, посебно белиот. Уште еден доказ за грижата за здрава нација, после онаа за паркинзи, велосипеди и пешачење :wink:

Инаку проблемите со и во оваа шеќерана какошто се сеќавам се влечат многу одамна. Хм, случајно производство на шеќерна репка во Македонија нема последниве две години.
 
Цената на шеќерот рипна кај мене...беше 32 денари ќило сега е 40...
 
Пак да повторам:
Има ли некој кој што од проверени извори знае кој е сопственик на шеќераната?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom