Јулските пензии повисоки за околу два проценти

  • Креатор на темата Креатор на темата bitushanec
  • Време на започнување Време на започнување

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
Bладата донесе одлука да ги израдува пензионерите. Јулските пензии се повисоки за околу 2 проценти.

-Во услови кога во многу земји владите донесоа одлуки за намалување на пензиите, Владата на Република Македонија и во оваа година на светска економска криза, направи посебен напор за зголемување на пензиите. Јулското усогласување ќе изнесува околу 1,8-1,9 проценти - соопштуваат од Владата.

Најновата корекција е дополнителен пораст на зголемувањето од јануари годинава за 3,5 проценти што значи дека вкупно во 2009 година пензиите се зголемени за околу 5,5 насто.

-Со оглед на движењето на цените, односно регистрираната дефлација, реалниот пораст на пензиите во 2009 година ќе изнесува над 6 проценти - велат од Владата.

Во претходните две години, 2007 и 2008, пензиите се зголемија за вкупно 33 проценти (најниските), односно 29 насто (највисоките), наспроти нивниот реален пад во годините пред 2007.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=37761884A8B0F445A66872395AFF4BF2
 
нема што да се коментира мисалм самата постапка кажува а и текстот,сите влади се штитат намалуваат пензии и сите издатоци а ние се расфрламе сеа уште покачување на државна админ усте една и да ..............
 
epa fala bogu deka zgolemile a pone pi[e[ deka na profesorive i cela prosveta im se namaleni za 12,3%
 
Дефинитивно,Македонија излезе од рецесија и сега граби напред,со мегаломански чекори,барем во административниот дел.
 
-Во услови кога во многу земји владите донесоа одлуки за намалување на пензиите, Владата на Република Македонија и во оваа година на светска економска криза, направи посебен напор за зголемување на пензиите. Јулското усогласување ќе изнесува околу 1,8-1,9 проценти - соопштуваат од Владата.

Најновата корекција е дополнителен пораст на зголемувањето од јануари годинава за 3,5 проценти што значи дека вкупно во 2009 година пензиите се зголемени за околу 5,5 насто.
Попрво би се рекло посебно неразумие. Дали е стабилна нашата економија или зависи од обврзници и приливи од наши во странство... кога испуштија голем број работници од стопанството, вакви напори не знам колку се пожелни. Но битно е старите да има да каснат, работниците ќе се снајдат...во народни кујни и со картонска кутија наместо тезга пред пазарче :toe:
 
Пензиониерите се во многу тешка ситуација, многу од нив ги гледаат нивните невработени деца, така да секој денар покачување е многу битен.

Добро е да ги зголемат пензиите, затоа што есенва кога ќе стегни поголема криза ќе мора да скратат на други не продуктивни работи.
 
Се во тешка состојба, но со ова не се покриваат трошоците за живот кои секојмесечно растат. Посебно за оние категории (кои зафаќаат повеќе од 50% од пензионерите) кои живеат со пензии до 6000-7000 денари. За просек од 9800 пензија (според јануарскиот просек), 5% е околу 500 денари кои ќе испарат при наплатата (за едни) на парното или (за други) на струјата и дрвата, а и за двете групи наплата на радиодифузната такса. Значи само со плаќање за тв и радио се зема од буџетот на пензионерот околу 1500 денари. Дали е ова преточување на парите од шупливо...Доколку владата е загрижена за состојбата на старите лица и нивните невработени домашни, подобро е да се воздржи од вакви наплати, поскапувања...да го стегне самата ременот.

А има околу 270.000 пензионери (според некои податоци од фондот).
Инаку како причина е наведено движењето на цените. Како работниците кои ги даваат своите средства за фондот ќе си ги зголемат платите согласно движењето на цените пошто и тие треба да јадат, да се облечат, да издржуваат цело семејство...
 
Bладата донесе одлука да ги израдува пензионерите. Јулските пензии се повисоки за околу 2 проценти.

:pos2::pos2:Од кога порамнувањето на изгубената вредност се вика покачување!!!!!!!!!!

Си ебало мајката 2% на 10 000 ден 200 ден .... на 20 000 ден 400ден......ептен ќе им се качи стандардот:vozbud::pos2::kesa:

..........а некој се возика ваму таму со 17 000 евра за бензин годишно:vozbud::vozbud:
 
Јас пак мислев дека законски се порамнуваат пензиите со просечната плата,кога оно владата донела одлука да ги покачи:pos2:Ова само битушанец како вест може да го објави:smir:
Луда држава мајке ми,со уште полуд народ.
 
уште едно ветување на владата се остварува .............
ветуваме.... остваруваме..... влада на Република Македонија :raz::lud:
 
уште едно ветување на владата се остварува .............
ветуваме.... остваруваме..... влада на Република Македонија :raz::lud:

Во право си барем оваа влада тоа што го вети го остварува колку и да изгледа лудо пак си стојат на зборот :toe:
Од следната година мислам дека ке има подобрување во економијата многу повеке
 
Во право си барем оваа влада тоа што го вети го остварува колку и да изгледа лудо пак си стојат на зборот :toe:
Од следната година мислам дека ке има подобрување во економијата

Знаеш дека е ироничен,нели?
 
Знаеш дека е ироничен,нели?

Не сум баш сигурен дека знае, ми изгледа на оние што скандираат на стадиони со портокалови маички...

Ако знаеа што прават, немаше да вработуваат:

Водичи на пациенти во болниците

Пациентите најчесто се жалеле дека имаат проблеми додека најдат каде треба да се снимаат, да дојдат до специјалистичка амбуланта или лабораторија. Додека се информираат и стигнат до таму поминуваат низ многу тешкотии.
Од тие причини од почетокот на септември во секоја болница ке има поставено пултови со водичи за пациенти. Вака ке изгледа водичот во секоја болница. Сивата униформа ке биде иста за сите болници во државата. За таа цел од утре започнува обука на 60 вработени во болниците кои ке се учат на комуникациски вештини и добро деловно однесување.
„При првиот контакт и влез во здравствена установа, пациентот приметува како го поздравиле, или му се обратиле, дали му упатиле неколку едноставни зборови, дека е добредојден и дека во целата процедура на лекување ќе биде почитувана неговата личност. Пациентот чувствува дали веќе на првиот чекор се воспоставува топла пријателска атмосфера, во која сите негови тешкотии, одеднаш стануваат полесни и изгледаат решливи“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.
Нема да има нови вработувања, болниците веќе имаат избрано водичи од постоечкиот - најчесто средно медицински кадар. Паралелно со ова ќе се прават патокази и ознаки за полесно да се дојде до бараното место.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112640

-----------------------------------------------------------------

Јас минатава недела го имав тоа 'задоволство' да шетам во болница и косата ми се крева на глава во какви услови се пациентите.

Али битно РЕЦЕПЦИОНЕРКИ ќе наместат.
 
Пациентот чувствува дали веќе на првиот чекор се воспоставува топла пријателска атмосфера, во која сите негови тешкотии, одеднаш стануваат полесни и изгледаат решливи“, изјави Бујар Османи, министер за здравство.
Ах бре г-дине министре.
Само уште болничари да помагаат при транспорт на нашите болни роднини кога ги буткаме со количка од другите клиники до хирургија за снимање...или до центрите за испитување...да не ни паднат при тој транспорт... се ќе е добро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom