СП атлетика - Берлин 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тајрон Едгардс доби црвен картон поради погрешен старт. Болт од спиење да го станат трча под 9.9, интересно ќе е во финалето. Ајде да го проследиме и ова полуфинале.
 
Второ полуфинале : Се квалификуваа и Пауел и Геј.
 
:vozbud:Ќе биде урнебес во 21:35. Едвај чекам и скоро па сигурен сум со оглед на тоа како трчаше денеска Болт дека ќе имаме нов светски рекорд, ама ајде има време до после ќе виидме што ќе биде.
 
Асафа и Геи може да го победат Болт само на сон.Болт освен повреда ништо не може да го запре може на крај дури да им се заврти да им мавне рака.
 
Болт истрча многу лесно. Без проблем може да го сруши светскиот рекорд.
 
:vozbud:Сакаме светски рекорд од Болт .. нека го притиснат малце Геј и Асафа
 
Според формата на трчање Болт е фаворит, но Геј е фрик може да изненади додека Асафа не е во форма.
 
Молњава треба да блесне вечерва. Само испешачи во полуфиналето. Сакаше пак муабет да си направи со американецот али овој сеа беше мртов озбилен да влезе у финале. Сепак ќе биде интересно и за второ место меѓу Геј и Пауел, а и Томпсон може да се вмеша за подиум. Како и да е очекувам светски рекорд од Болт, за шлагер на вечерта.
Во ѓуле Германија очекува медал од некоја од трите мислам дека се финалистки од домаќинот. Сепак мој фаворит Новозеланѓанката
:helou:
 
Болт ми е некако најголем фаворит човекот е муња...коефицент за победа би му дал 1.05
 
Ajде уште малце и почиња ..нацртајте се пред тв:tv: или компјутер ...па може и светски рекорд да падне .
 
Знам дека сите сте загреани за тркава, но да не знаете кога ќе скока Исинбаева?
 
Koj и да победи во 100 м не ми е битно, само нека смени рекорд... се побрзо да е :)))))))))):toe::toe:
 
Можеби најочекуваното нешто на ова светско првенство ќе биде токму оваа трка. Пауел, Геј, и да не го заборавиме поранешниот светски шампион Чемберс, на кој поради допинг драстично му опадна формата, ќе му се спротивставата на неприкосновениот Болт. Останува да го чекаме почетокот, и да уживаме, се надевам дека светскиот рекорд ќе биде срушен.
 
Сега ќе се уфилма пак Калински :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom