Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.321
- Поени од реакции
- 34.744
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Дами, бидејќи знаеме дека не сакате да се најдете во непопуларните статисктички податоци за разведени или прељубници после само неколку години во брак, еве неколку совети како да ги земете работите во свои раце и да се подготвите пред да запловите во брачните води.
Оние кои знаат, велат дека кога врската ќе премине од статусот дечко-девојка во маж-жена, многу бргу се сведува на опуштеност.
Нема ништо лошо во опуштеноста, но овде станува збор за оној друг тип на опуштеност со кој никој не е задоволен, како на пример кога за време на сексот тој не е сигурен дали таа спие или можеби се онесвестила, па со неверување во што се претворила неговата сакана утехата ќе ја побара на интернет...или кај комшивката.
Ако не сакате после неколку години во брак да се најдете во непопуларните статистички категории, земете ги работите во свои раце, но не откако се ќе тргне „на лошо“, туку пред да се впуштите во брачните води.
Научете да го чувате јазикот зад забите
Здравата врска бара комуникација, но жените со тек на време комуникацијата ја заменуваат со кокодакање, кое на крај преминува во тероризирање.
Факт 1: Мажите мразат кокодакање.
Факт 2: Ништо не постигнувате со тоа.
Комуникацијата е давање и примање на информации, а кокодакањето е обично дрдорење. Ви текнува како изгледа кога marsovka ќе почне да „држи став“ на одредена тема? Епа, тоа е кокодакање. Искажете се тогаш кога сте сигурни дека тоа што го планирате да го кажете спаѓа во категоријата на комуникација, инаку научете да го чувате јазикот зад забите.
Не бидете здрвени во кревет
Некои мажи сакаат доминантни жени, некои сакаат да ги водат работите во креветот, но никој не сака партнерката во креветот да им глуми пост-ефект на убод од мамба (укочување на целото тело). Не се очекува од вас Камасутра да ја имате во малото прсте, но да давате знаци на живот за време на односот е и повеќе од пожелно.
Научете ги домаќинските работи
Треба да ги знаете овие вештини за да можете да ги пренесете и на вашиот миличок (ако веќе мама или бившата не го научиле) и да можете да ги поделите работите по дома.
Прославете го 30. роденден
Можеби ќе кажете: „Ако не се омажам до триесеттата, никогаш нема да се омажам“. Но, соочете се со тоа дека ова се некои други времиња и не создавајте психички бариери изградени од сфаќањата на постарите генерации, иако биолошкиот момент мора да се запази.
До триесеттата потрудете се да го изградите вашиот сопствен идентитет, бидете финансиски независни, самостојни и имајте барем некој план за иднината.
А потоа, скокајте во тавче
Живејте со избраникот барем година дена
Зошто? Ако жената со мажот никогаш не го делела животниот простор, ова за неа може да биде прилично шокантно искуство. Затоа, не би било лошо добро да се подготвите за вообичаените „машки навики“, бидејќи едно е сигурно - неговото однесување во четирите заеднички ѕидови веројатно нема да ве воодушеви.
Ако на време дознаете дека својата страст за „залевање на WC школката“ или „враќањето на празната амбалажа во фрижидер“ ја дели со уште милиони мажи ќе ви биде полесно да ја пребродите првата „аман бе!“ криза.
Среќно