Сосема нормално и природно е да се чувствуваме лошо кога ќе загубиме некого. Отфрленоста во некои ситуации може да биде посурова загуба дури и од смртта, затоа што во себе носи болна рана од загубената самопочит и доверба во себе. И покрај тоа што е сосема нормално да почувствуваме намалена самопочит кога саканата личност ќе не остави, процесот на вечното офкање е сосема нешто друго....Фактот дека тагата и очајот стануваат бескрајни е поврзан директно со моќите што му се дадени на мажот/жената, а потоа се загубени.
Жената никогаш не смее да му даде на мажот право и моќ, од него да зависи и нејзиното мислење за самата себе. Ниедна личност не треба да има толкава моќ, под никакви околности. Сепак често среќавам жени кои се чувствуваат сосема безвредно затоа што некој маж ги оставил. Типично за одредени жени кои се склони кон бескрајно очајување е да дозволуваат животот да управува со нив, наместо тие да управуваат со него. Тие се чувствуваат како вечни жртви. Мажите се појавуваат во нивниот живот, придонесуваат тие да се чувствуваат извонредно, а потоа ќе заминат и ќе ја однесат со себе својата способност да уживаат во самите себе. Наместо да ги воочат мааните на мажот, многу жени се склони да мислат дека токму нив нешто им недостасува, дека тие во нешто згрешиле. Овој процес на самообвинување нема никаква смисла и само ја засилува агонијата.
Првиот чекор што жената треба да го превземе за да ја преболи загубената љубов е да престане да мисли на чудесните квалитети што му ги препишувала на мажот во таа врска. Таа мора да престане да верува во тоа дека никогаш повеќе нема да доживее такво нешто. Мора да се сфати дека без оглед на тоа каков и да бил тој однос, тој веќе не постои - постојат само спомени. Можеби работите не оделе како што треба од разни, многу сложени причини. За жената важно е да сфати дека не била набљудувач во тој однос, туку рамноправен творец на "хемијата". За врска се потребни двајца..
Сметам дека многу од жените ја забораваат вистинската важност на причините и на последиците во интеракцискиот однос. Тие го губат контактот со сопствените вредности особено кога ќе почнат да се чувствуваат безвредни и огорчени убедувајќи ги мажите да останат со нив.Понекогаш се случува да го помешаат тоа привремено чувство на губењето на вредноста и силата со долготрајно чувство на потполна немоќ.
Мажот може да си замине, но не и да ја однесе жената со себе. Таа и само таа и никој друг освен неа не треба да биде сопственик на нејзината личност, на нејзините вредности и на нејзнината суштина. Никој, ниту најблескавиот маж не може да и го украде тоа. Тоа може само да се подари.
- Значи, не е секогаш проблемот само мажот, туку и личното вреднување на самите себеси. Се разбира доколку има вистински и реални причини зашто сме оставени, тие факти треба да се проучат, но исто треба да се има и на ум и ова: Сето она што било добро и вистинско во вашиот однос е заедничко дело, па според тоа и за раскинувањето најверојатно, постои заедничка одговорност. Промашувањето како и реализирањето зависат од двајцата:smir:
Како вие ја доживувате вашата повредена самопочит? И кој е начинот да ја зајакнете повторно за да можете вашиот нов партнер да го видите на нов начин без притоа да го споредувате со бившиот/бившата ?