Присилна наплата на МРТВ

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Државна тв куќа како национален сервис, тоа исто го има и по другите држави и секако не смее да згасне, напротив. Србите, хрватите...ги одржуваат во релативно добра форма (посебно хрватите). Затоа и се исмеваат странци кога ќе им појасниме дека е тоа наша државна тв куќа. Али лопов до лопова и отиде возот и тв куќата-ги стопија со сметки.

За објективноста, тоа е толку релативно што тешко може да се најде некој компромис. Кој од нас е објективен за да суди на некој новинар дека е или не е. Дури и патеписна репортажа е субјективна, како ќе ја претстави авторот, камерманот...од кој агол снима камерата.
Објективноста на еден медиум зависи и од убеденоста на лицето кое ги восприема тие информации, припадноста кон одредена партија, круг на лица, каста... зависи од многу работи. Ако сум од владејачката, за мене ќе е субјективен пристапот на А1, на утрински (посебно колумните), но ако сум од сегашните опозициони партии, секако дека апсолутна вистина и најголема објективност ќе има утрински и Ризаов. Истото е и со МТВ, зависно кој е моментално во позиција да ги диктира вестите и емисиите. Не важи за сите граѓани, но за грото...многу влијае.

Премногу релативно и субјективно за да се напаѓа новинарка или некоја тв куќа.
 
Субјективно? Во кој свет живееш?

Ај кажи ми дали следниве медиуми не информираат:

МТВ - во корист на власта
Сител - во корист на власта
Вечер - во корист на власта
А1 - во корист на опозицијата
Дневник - во корист на опозицијата
Утрински - во корист на опозицијата
Шпиц - во корист на опозицијата
Време - во корист на опозицијата

И така натаму и така натаму... Ние можеме да бидеме од било која партија, ама ако не го знаеме ова погоре, тогаш ни фали некој штраф. Искрено.

Не напаѓаме никој новинар конкретно. Новинарот има газда. Кога имаш газда, не можеш да бидеш објективен. И газдата си има газди. Луѓе кои го финансираат и го држат за едно непопуларно место. Кога тие ќе го притиснат за тоа место, пошто боли, тој притиска на новинарите. Ни еден новинар не може да излезе и да даде свое видување за работите. Целата медиумска куќа размислува колективно. Ако извадиш став кој е спротивен, добиваш отказ. Имаше многу примери и за ова.

И зборуваме за политичко информирање, не за патописи. Не се правите на удрени. Аман.
 
Субјективно? Во кој свет живееш?
Кажав со претходниот пост-живеам во субјективен свет, полн со субјективизам. Апсолутно е само дека нема човек што не е субјективен во животот.
А пошто било која компанија, фирма, држава...е водена од луѓе-па така и националната тв, нормално е да е субјективна.
Ако се задржиме само на медиумите, го констатираме истото-нема објективен медиум-дали радио, тв, весник, интернет блогови, статии...се е тоа субјективно.

Луѓе кои го финансираат и го држат за едно непопуларно место. Кога тие ќе го притиснат за тоа место, пошто боли, тој притиска на новинарите. Ни еден новинар не може да излезе и да даде свое видување за работите.
Ако уредникот дозволи новинарот да го каже целосно, отворено, без сечење својот став-дали сметаш дека ставот на новинарот (ова повеќе би функционирало вонинституционално-вон медиумската компанија) е објективен? Фриленсери, независни новинари...дали се тие објективни или пообјективни од оние кои се под капата на некој уредник и некоја тв компанија?

И зборуваме за политичко информирање, не за патописи. Не се правите на удрени. Аман.
Мислам дека зборевме за целата програмска концепција и водилка на МТВ, а не само за политиката пошто и плажа да сликаш на Градиште можеш да ја претставиш како Ибица или како краен отпад, зависно од потребите на шефот :smir:
 
Па се согласувам со тоа што го викаш. Сите викаме дека се субјективни и дека не сакаме да плаќаме за нечија пропаганда. Новинарка не убедува дека МТВ само затоа што е МТВ е по-објективна од другите. И тоа каде-каде.

Не им плаќаме на другите, не и плаќаме на МТВ. Има држави во кои е регулирано од буџет? - Има. Успешни се телевизиите? - Успешни се. Што дискутираме уште?
 
Што дискутираме уште?
Ништо, онака :)

Новинарка не убедува дека МТВ само затоа што е МТВ е по-објективна од другите. И тоа каде-каде.
Што знам, мож е у право, мож не е... за некои работи се сложувам со неа...
али не им плаќам, јок :vozbud:
 
Новинарка, постот ти е избришан. Подфорумот Политика е затворен. Мислењето на Никола Попоски или било кој друг политичар, било од власт или од опозиција, не не интересира. Твоето мислење не интересира. Реков многу пати, 20 години МТВ се искористува 100% од власта.

Што му е поентата нему, знам.
Што ти е поентата тебе, не знам. Ако платиме претплата, МТВ ќе стане пообјективна и политички независна?

Јака поента!
 
Новинарка, постот ти е избришан. Подфорумот Политика е затворен. Мислењето на Никола Попоски или било кој друг политичар, било од власт или од опозиција, не не интересира. Твоето мислење не интересира. Реков многу пати, 20 години МТВ се искористува 100% од власта.

Што му е поентата нему, знам.
Што ти е поентата тебе, не знам. Ако платиме претплата, МТВ ќе стане пообјективна и политички независна?

Јака поента!
МТВ никогаш не се искористувала вака ригорозно и насилно за политички цели. 90 проценти од времето да гледаш билтени не е фенси. Да, мојот став е дека со плаќањето на радиодифузна такса, ќе се снимаат информативни и едукативни емисии. Програмата ќе живне. За политичкиот стил, не навлегувам. Тој никаде не е 100% објективен.Поточно, зависи од оној кој перцепира, како што кажа Лурц.
Еве, ниту ти не си објективен, бидејќи неосновано ми бришеш пост кој соодветствува на темата 102.3 посто.
 
МТВ никогаш не се искористувала вака ригорозно и насилно за политички цели. 90 проценти од времето да гледаш билтени не е фенси. Да, мојот став е дека со плаќањето на радиодифузна такса, ќе се снимаат информативни и едукативни емисии. Програмата ќе живне. За политичкиот стил, не навлегувам. Тој никаде не е објективен.Поточно, зависи од оној кој перцепира, како што кажа Лурц.
Еве, ниту ти не си објективен, бидејќи неосновано ми бришеш пост кој соодветствува на темата 102.3 посто.

Ти го избришав постот зошто нема да дозволам дискусијава да помине во партиски препукувања и политика. Колумни на политичари кои поентираат партиски не ме интересираат.

Јас мислам дека сум многу пообјективен од тебе затоа што јасно пишувам дека 20 години на назад владата ја има комплетно ставено во своја служба МТВ. И едните и другите. А ти не си во позиција да кажеш кога било најмногу, зошто немаш толку години да се сеќаваш какви се пропаганди и конструкции не се правеле. Затоа ќе им веруваш на...кого год сакаш да му веруваш.

И не зависи објективноста од тоа како кој перцепира: ете ти наведов погоре во еден пост кој медиум за кого работи. Има некоја грешка? Секој кој има малку памет ќе го перцепира тоа, без разлика за која политичка опција е.

Од една страна велиш дека МТВ е пообјективна од другите. Од друга страна, тврдиш дека целосно е во служба на владата. Јас се согласувам со второто. МТВ е крајно субјективен медиум. Како и сите други.

Што врска има сега претплатата (за што зборуваме на темава) со објективноста на МТВ?

Јас кажав и предходно: би плаќал претплата, ако се деполитизира, во смисла на тоа да нема никакво политичко информирање. Нека се снимаат сите тие емисии, забавни, информативни, спортски... Само за „објективно информирање“, да не ми барате пари.
 
А бе ајде кога СДСМ е на власт тв дневникот е во сина боја, додека пак кога ВМРО ДПМНЕ е на власт бојата е црвено-портокалова.
Ние сме мутави или мутави со сила не прават :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Да, мојот став е дека со плаќањето на радиодифузна такса, ќе се снимаат информативни и едукативни емисии. Програмата ќе живне.

Срце, ај мало изненадување.
Спремна?
МРТВ добиваат пари!!!!!! Зошто бе не читате вакви вести во МРТВ? :pos2:
2007 година последен пат прочитав дека МРТВ од буџет доби 17 милиони еврејки колку што знам. 17 милиони евра човече, во 2007ма, нема полни 2 години. Ова не е мој муабет, пастирав линк на некоја од претходните страни.
Значи тој твој став, за мене е лага. Е сега, ако во таа куќа работите со лаги (дека нешто врло важно ќе се смени ако им дадам 130 денари месечно) и закани (дека ако не им дадам ќе ми го соберат компјутерот)... јако се лажеш. Princ секој ден го лажат и пробуваат да му се закануваат. Сите нас. Веќе станавме имуни на такво нешто. Бидејќи животот е борба на превласт (некој сака да ми зима 130 денари месечно за џабе, а јас немам 130 денари да дадам за џабе... и НЕ САКАМ да давам 130 денари за џабе), појакиот преживува. А јас сум појак во мојот двор.

И сега, во стил на миле паника: "Знамето го продадовте... Дека се парите?!?!". Или ги потрошија по тоа курвите пред зграда штом им стојат?
 
Срце, ај мало изненадување.
Спремна?
МРТВ добиваат пари!!!!!! Зошто бе не читате вакви вести во МРТВ? :pos2:
2007 година последен пат прочитав дека МРТВ од буџет доби 17 милиони еврејки колку што знам. 17 милиони евра човече, во 2007ма, нема полни 2 години. Ова не е мој муабет, пастирав линк на некоја од претходните страни.
Значи тој твој став, за мене е лага. Е сега, ако во таа куќа работите со лаги (дека нешто врло важно ќе се смени ако им дадам 130 денари месечно) и закани (дека ако не им дадам ќе ми го соберат компјутерот)... јако се лажеш. Princ секој ден го лажат и пробуваат да му се закануваат. Сите нас. Веќе станавме имуни на такво нешто. Бидејќи животот е борба на превласт (некој сака да ми зима 130 денари месечно за џабе, а јас немам 130 денари да дадам за џабе... и НЕ САКАМ да давам 130 денари за џабе), појакиот преживува. А јас сум појак во мојот двор.

И сега, во стил на миле паника: "Знамето го продадовте... Дека се парите?!?!". Или ги потрошија по тоа курвите пред зграда штом им стојат?
МРТВ нема добиено 17 милиони евра во целокупното постоење, се` сума сумарум да пресметаш срцино.
Аномалиите на телевизијата се од менаџерски карактер, Стошич собра све. Сега пари нема. Јас не можам да гарантирам дека така нема да биде и овој пат, но пари ќе давам. Може на некого ќе му текне да ја Дарвинизира телевизијава.
Тоа на инкасаторот кога ќе ти дое, него кажи му го.
Заборавив да кажам дека за дијаспорски пренос се потребни мегаломански финансии. Зградана, од социјализмот е останата, не е потребно да е толика, али еве нема техничка можност да се преселат во други простории.
И друга работа, стариве луѓе во Македонија, го слушаат радиото и гледаат МТВ. Тоа им е нив таргет-групата.
 
Дорооооооо, ајде еве, даваат 17 катаљони триста шеес миљарди и четири Вип 2 денарки за МРТВ. Со тие пари еве глеаме, сакале да купат серии, да им биле конкурентни на приватњациве. Една епизода знаеш колку кошта? Тие пари не траат довека.
И пак забораив да кажам, ја се извинуем:
Кога пари дава Владата, И САМО ВЛАДАТА, нормално дека ќе манипулира. Кога тие пари ќе ги даваме и ние, а не само Владата, тогаш ќе мора да има и некој фид бек.
 
17 милиони евра сигурно не.... освен нели ако не планираш да работиш со твоја програма, туку само да закупуваш туѓа програма, со туѓи пари :))))))

Колку за инфо, да се запише на темава
за споредба, пет национални телевизии, три национални радија и над стотина други медиуми ја создаваат својата програма со вкупен годишен буџет од 10 милиони евра.

Наспроти оваа сума, МРТВ ќе потроши дури 17 милиони евра, иако има рејтинг на информативните програми од само 2,9%. Според рејтингот, пак, токму приватните медиуми, чија гледаност надминува 41%, ја имаат преземено улогата на јавен сервис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom