Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.613
- Возраст
- 47
Светот ќе ни беше многу поубав на крајот секој да си наоѓа својата љубовПостот не беше наменет само знаеш за луѓе кои се на мои години па да поминуваат низ таква слична фаза. Имам правено муабет и со постари пријатлки на мајка ми итн кои ми кажале дека овие особини ги поседуваат многу од мажите и на нивни години. Но тоа не значи дека сепак останале само таквите:smir:
А дали тие жени налетуваат само на такви мажи? Јас мислам да, зашто прво што гледаат во некој друг маж е таква особина. Само ја бараат, бидејќи само неа ја знаат и се неминовно привлечени кон такви мажи. А бидејќи има такви жени што бараат такви особини, има и такви мажи, кои тие особини ќе ги понудат.
Е сега, ако кажеш дека тие жени всушност *не* ги сакаат тие особини кај таквите мажи, следното прашање е: кои особини всушност тие жени ги *сакаат*? Знаат ли да препознаат такви особини? Уште поважно: знаат ли тие самите да ги *понудат* тие особини, за да привлечат компатибилни мажи?
Секој може да каже „Ова не ми се допаѓа“ и да се жали што светот не е совршен. Уметноста е човек самиот да си направи она што му се допаѓа.