Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    995
Наташа напиша:
А како ти ке ми докажеш дека не постои?
многу лесно доказот дека непостои е во тоа што неможете да докажете дека постои
 
Така де Копи, што арчиш ум бесполезно со скудоумци?
 
trilobite напиша:
Велиш 7 ден не е завршен и продолжува као до ден денешен...
Пази ,според Евреите 4:3-4 стихот повторува дека Бог си отпочинал(минато време) во 7 ден.Исто така,само оние што верувале во Христос ќе влезат во таа почивка(одмор) покажувајќи уствари дека тоа е духовен одмор кој се споредува со Божјиот одмор по неделата на создавањето.

Мора да се има прецизен превод на библија за ваков муабет....на мак нема за жал.

And by the seventh day God came to the completion of his work that he had made, and he proceeded to rest on the seventh day from all his work that he had made.(Genesis 12:2, NW)

Минато НЕСВРШЕНО време...

отпочинал- овој збор се сомневам дека веке се користи во мак јазик
trilobite напиша:
(во спротивно,секој би бил"во" тој одмор).

Па нормално бидејки никој уште не бил роден тогаш... требало прво да се роди(идно време) па да влезе во починката "ЌЕ" (идно време).
 
Духовност во секој случај , да!

:pop: Не верувам во поп , црква или Библија , но верувам во тоа дека постои некоја виша сила.Зошто?
Прво , мислам дека и христијанството и исламот се вери кои се само резултат на социјалните противречности , една од најголемите идеи за контрола врз човекот.Поповите ми се многу излитена работа , не сите али повеќето , кај голем број од нив важи :,,Не ме гледај што правам , прави тоа што ти велам!,,.Црквата исто , постои за да манипулира , иако црквите како објекти , многу си ги сакам , имаат некоја енергија.Библијата е напишана , од тие на кои им одговарало така да ја напишат.
Верувам во Исус , дека бил пророк и имал визија , али не верувам дека Господ му бил татко и дека после тоа воскреснал.Човекот бил идеалист!
Е сега голем верник сум на реинкарнација и во тоа дека има некоја сила што не движи , али ако на Земјата и дале име Бог , тогаш ...
 
Garfield напиша:
Така де Копи, што арчиш ум бесполезно со скудоумци?
Подобро да сум скудоумец отколку да верувам во празно...барем мојот ум е полн со верба.А вашиот?
 
Kiko напиша:



Па нормално бидејки никој уште не бил роден тогаш... требало прво да се роди(идно време) па да влезе во починката "ЌЕ" (идно време).

Цитатов беше од Евреите 4:3-4 Кико,,и влече паралела со првата седмица од создавањето.Ај прочитај ја последната реченица пак.



Now Playing:Dropkick Murphy's-10 years of service
 
ne veruvam vo gospod! ne veruvam vo nesto cie postoenje nemoze da se dokaze so fakti,a logicki mn.raboti vodat deka gospod ne postoi,nemozam da veruvam deka poteknuvam od adam i eva(licnosti koi gospod gi sozdal) koga znam deka moeto poteklo vodi od majmunite...
 
Наташа напиша:
Подобро да сум скудоумец отколку да верувам во празно...барем мојот ум е полн со верба.А вашиот?
НАшиот ум не верува во празно туку вашиот, несакам никого да навредам вие верувате во нешто шо неможеш да докажеш дека постои уствари верувате во празно....
Јас верувам во нешто што постои Што можам да го допрам да го видам Да го почуствувам...ВО Себе...
Верувај во себе и ке ти се отворат скоро сите загатки на светот...
 
Никого не сакам да повредам а истото и го очекувам.Секој има право да верува во што сака.Несакам да пишувам на вакви теми оти знам дека ке ги читам само глупите коментари од типот на Гарфилд.
А вие ако сакате верувајте и клајнајте се на камења и желки мене ми е сеедно.Ај со здравје.
 
Lady Satori напиша:
Црквата исто , постои за да манипулира , иако црквите како објекти , многу си ги сакам , имаат некоја енергија.
Ама си противречна тука...значи сакаш објекти во кои се манипулира и кои се средство за манипулација?
Не можеш да ги поистоветуваш "црните овци" од верските лица со целата религија и оние кои искрено и вистински му се посветуваат на Бога и го шират меѓу верниците, нели?

Lady Satori напиша:
Верувам во Исус , дека бил пророк и имал визија , али не верувам дека Господ му бил татко и дека после тоа воскреснал.Човекот бил идеалист!
Е сега голем верник сум на реинкарнација и во тоа дека има некоја сила што не движи , али ако на Земјата и дале име Бог , тогаш ...
Ама се заплетка и тука...
 
CopyOfDeath напиша:
НАшиот ум не верува во празно туку вашиот, несакам никого да навредам вие верувате во нешто шо неможеш да докажеш дека постои уствари верувате во празно....
Јас верувам во нешто што постои Што можам да го допрам да го видам Да го почуствувам...ВО Себе...
Верувај во себе и ке ти се отворат скоро сите загатки на светот...


Ај само да те прашам,според тебе како настанал светот?
Ако не веруваш дека сме створени од Бог тогаш веруваш дека потекнуваме од мајмуни. Ако веруваш дека потекнуваме од мајмуни тогаш сакам да те прашам кој ги створил мајмуните?Ако мислиш дека мајмуните не ги створил Бог туку некоја друга виша сила,тогаш и ти веруваш во нешто што не можеш да го докажеш.Или веруваш во нешто сосем трето?
 
Цитат:
Напишано од Lady Satori
Црквата исто , постои за да манипулира , иако црквите како објекти , многу си ги сакам , имаат некоја енергија.

Ама си противречна тука...значи сакаш објекти во кои се манипулира и кои се средство за манипулација?
Не можеш да ги поистоветуваш "црните овци" од верските лица со целата религија и оние кои искрено и вистински му се посветуваат на Бога и го шират меѓу верниците, нели?

Цитат:
Напишано од Lady Satori
Верувам во Исус , дека бил пророк и имал визија , али не верувам дека Господ му бил татко и дека после тоа воскреснал.Човекот бил идеалист!
Е сега голем верник сум на реинкарнација и во тоа дека има некоја сила што не движи , али ако на Земјата и дале име Бог , тогаш ...


Ама се заплетка и тука...

Прво , поената беше дека црквата како објект има енергија , а не личностите кои управуваат со неа , така да објектот не може да биде манипулатор , али човекот кој го води може.Јас не ги сакам луѓето што ја создале , туку таму едноставно има тишина.
Второ , Исус бил пророк како Мухамед , политичка синтеза ништо друго.А реинкарнацијата , тоа е мој личен избор за верување!
 
Иако сакам да верувам...
Површно го искористувам поимот Господ/Бог за мои потреби но не давам ништо за возврат.
Ретко посетувам црква поради безначајноста што поповите му даваат на таквото (би требало да биде) свето место.
Се згрозувам од претерана и тотално безусловна верност, ми изгледа само како криење на фрустрации.
Сметам дека имам пречка да се препуштам во верата бидејќи од мала ми посочиле дека тој лик и се што го опкружува е измислено од луѓето, на кои им требало заштита и да веруваат во некаква константна сила која може да им ги објасни чудните појави.
 
Lady Satori напиша:
Цитат:

Прво , поената беше дека црквата како објект има енергија , а не личностите кои управуваат со неа , така да објектот не може да биде манипулатор , али човекот кој го води може.
Црквата сигурно не ја добила таа енергија онака, од бафтаана.

Lady Satori напиша:
Јас не ги сакам луѓето што ја создале , туку таму едноставно има тишина.
Тишина има и во парк, на Водно, ама не е исто, нели?
Lady Satori напиша:
Второ , Исус бил пророк како Мухамед , политичка синтеза ништо друго.
Уат д фак? Политичка синтеза? Објасни ми го поимов, упростено.
 
CopyOfDeath напиша:
Верувај во себе и ке ти се отворат скоро сите загатки на светот...

Дај те молам одгатни ни некоја загатка за светот на нас неверниците(во себе) штом ти,верникот(во себе) веќе си ја одгатнал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom