Дојди веслај 3 во Струга, од 05-07.08.2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Zoki Lou
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Веб-сајт
www.myspace.com
DojdiVeslaj3-Plakatfinal.jpg
 
Дојди веслај - третпат во Струга

59679D814ECAB5468F3CB25BDEDED163.jpg
Летниот андеграунд фестивал наречен Дојди веслај во организација на музичката работилница Рокенрол, кој се одржува во Струга, годинава ќе го доживее своето трето издание. Според програмата, фестивалот годинава ќе трае три дена, од 5. до 7. август и на учество ќе земат вкупно 14 состави, меѓу кои и Аутогени тренинг од Подгорица и Мед год од Приштина.

Покрај гостите од странство, тука се домаќините, струшките групи Обливион, Дојка, Титаниум, Хејтред, Скетерд и Гримус, како и охриѓаните Аутор. Од Скопје, во Струга ќе заминат групите Фурион, Серпентин фајар (фото 2), од Кичево Рејвен додека пак битолчани ќе ги претставуваат Хал оф синс и Агеинст дем ол.

8EC889C8EDC2464EAF19A117DBF5549B.jpg
Дојди веслај, полека станува традиционален летен фестивал, на кој не само стружани, туку и сите македонски вљубеници на добриот рокенрол може да уживаат во одличните изведби на домашните рок-состави. Годинава фестивалот е проширен, во однос на бројот на учесниците, и во однос на времетраењето, што е показател дека фестивалот од година во година расте - рече Стефан Голабоски, еден од организаторите.

Како и сите летни повеќедневни фестивали, така и овој, ќе има свој камп, кој ќе биде лоциран на плажата Мајски цвет. Тука ќе може да се сместуваат музичарите и публиката во сопствени шатори, но тоа што е најинтересно е дека сместувањето ќе биде бесплатно.

Покрај сместувањето, на сите учесници ќе им овозможиме да снимаат по една песна во тонското студио Цимер, исто така бесплатно, а целиот аудио материјал, подоцна најверојатно ќе биде објавен како компилациско издание - додава Голабоски.

Концертните настапи на годинешното издание на Дојди веслај ќе се одржуваат на летната сцена во Центарот за култура каде можат да се соберат околу 2.500 посетители. Свирките ќе почнуваат во 21 часот, а ќе траат до раните утрински часови. Цената на дневните влезници ќе биде симболични 150 денари.
 
ми се свиѓа постерот оваа година:pipi: и се надевам дека ќе одам:nesum:
:helou:
 
A ние со пента на кајчево шо сме? :tv:

Убо да си помините тие шо ќе ојте. :smir:
 
http://www.youtube.com/watch?v=fYNtdoZRhYU&eurl=http%3A%2F%2Fblitzkrieg.mk%2F&feature=player_embedded
 
оваа година одам па ако сакаат и камења нека паѓаат
 
обавезно че ојме
 
R.I.P. Стефан Голабоски - Стефи

08 Август, 2009 | постирано од Turpis | 1238 пати прочитано
650.jpg
Минатата ноќ ненадејно почина Стефи – бубњарот на Decadence и еден од организаторите на Дојди Веслај…
Имаше само 25 години.
Лесна му земја.
 
Нека почива во мир. Разбрав кога стигнав дома саботата сабајлето :(.
 
Со само дваесет и пет години замина прекрасен човек, секогаш полн со ентузијазам и позитивна енергија... Не знам зошто најдобрите најчесто заминуваат прерано.

Почивај во мир Стефи.
 
Гитаристот на Гримус, Игор, ми кажа дека Стефан сакал да ја спремаат Only The Good Die Young, меѓутоа се решиле за The evil that men do. Се наежив кога го слушнав тоа .

R.I.P. Стефан :(
 
многу ми е криво што не дојдов, слушнав само позитивни коментари за фестот, но ете така излезе...

мое сочувство до сите блиски на Стефан, иако не го знаев лично, прилично ме стресе веста, како и секогаш кога ќе чујам дека нешто слично му се случило на некој волку млад, почивај во мир друже. :cry:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom