KIa Rio, Hyundai Accent, Chevrolet Aveo, Dacia Logan, Lada Kalina што е најдобро?

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

KIa Rio, Hyundai Accent, Chevrolet Aveo, Dacia Logan, Lada Kalina што е најдобро?

  • Вкупно гласачи
    62

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
KIa Rio, Hyundai Accent, Chevrolet Aveo, Dacia Logan, Lada Kalina што е најдобро? И зошто мислите дека е така? Колку пари се нови, а колку одат половни, колку им беше цената пред светската криза, а колку денеска кај нас овде во Македонија. Што мислите дали цените ќе одат надолу, нагоре или останат исти на овие модели понатаму во иднина. Потоа потрошувачка на гориво, цени на резервни делови итн. итн. Значи општо се за нив.
 
јас би одел на киата зашто барем ако не друго киа има квалитетни модели а овие другите не ми се сигурни баш
 
KIa Rio, Hyundai Accent, Chevrolet Aveo, Dacia Logan, Lada Kalina што е најдобро? И зошто мислите дека е така? Што мислите дали цените ќе одат надолу, нагоре или останат исти на овие модели понатаму во иднина. Потоа потрошувачка на гориво, цени на резервни делови итн. итн. Значи општо се за нив.
Мое мислење или Акцент или Авео. На изглед ми се најприфатливи. а и бааги се возат, шо значи има делови. Потрошувашка зависи од моторот и од твоето возење.
Цени да паѓаат уште според мене да не се очекува.

Колку пари се нови, а колку одат половни, колку им беше цената пред светската криза, а колку денеска кај нас овде во Македонија.

Oва би требало сам да го најдеш за да ја отвориш темава.
Општо сите коли паднаа за некој 10 посто. Не верувам поќе.
 
Ниедно од наведениве... сепак станува збор за возила со цена од 10.000 евра, тука спаѓаат и новата Фиеста (која е нешто поскапа бидејки е нова, ке падне цената кај и да е), Поло, Ситроен Ц3, Пежо 207, Фиат Гранде/Линеа, Рено Клио....

сите гореспоменати модели би ги зел/разгледал пред овие наведените.
 
од овие земам линеата логично е ако одиме по систем price for the value добиваш лимузина за ефтина цена

инаку не би зел нова кола никогаш многу губиш уште од старт
 
Од овие аута би зел единствено Aveo ама збораме ако дојди ножот до коска т.е ако мора да се бира стриктно од овие...

Зошто? Затоа што Риото воопшто не ми се допаѓа, Accent-от не е некоја кола со која шо ќе можиш да поминиш долги години... Dacia не би земал па шо сака нека е, а Лада нема некои добри препораки иако добро изгледа колата...

Како што кажаја пред мене, Пежо 207, Ц3, Фиат Пунто Гранде, Линеа, Корса, доста примамливи според првонаведените...
Мада важна е понудата на опрема и секако начинот на плаќање :)

А кола на старо... ќе ти намали само 1500 до 2000 евра (конкретно за овие возила) Подобро е нова во секој случај ;)
 
А кола на старо... ќе ти намали само 1500 до 2000 евра (конкретно за овие возила) Подобро е нова во секој случај ;)
Aко имам 10 к. в џеб, знам што ке земам... Финтата е што 80% од возилата се земаат со 1000-2000 евра учество и остатокот на кредит 5 години. Ем нова кола, ем не даваш кеш наеднаш, ем се учиш да штедиш :helou:
 
а да почекаш да излезе новото поло???

vwpolo6.jpg

јако е на изглед...
 
Samo astra 2 classic (po moznost 1.6) mu e majkata. Nisto drugo
 
Како главни критериуми, Auto Bild ги зема задоволството на купувачите од својот автомобил, извештајот од TUV за квалитет и хард тестовите на 100.000 km, кои тие самите ги прават на возилата. Во испитувањето се опфатени возила стари од 3 до 7 години. Високата оценка на Toyota, Auto Bild ја потврдува и со тестовите, во кои беспрекорно поминаа Lexus GS450h и Toyota Prius, оценка која најверојатно ќе ја добие и Auris, кој по 72.000 поминати километри нема појавено ниту еден проблем. Важно е да се спомне дека вторите на табелата, Mazda и Honda, заостануваат незначително зад Toyota.
Од друга страна, француските автомобили се повторно на дното од табелата, додека добро не поминаа ниту VW, кој го дели 15-тото место со KIA, BMW, кој го дели 10-тото со Volvo и Ford, кој заврши на разочарувачката 18-та позиција, но и Seat кои е 17-ти. Покрај големата победа на Јапонците, добро котираат и Opel (4) и Hyundai (5).
 
Hyundai Accent дефинитивно
 
Можеби тојота се најквалитетни, ама кога ке погледнеш цените..... некако се превисоки, не мислиш така?

Инаку горе долу анкетата е реална (мада не е наведено кој модел го тестирале + недостасуваат неколку марки Мерцедес, Ауди, Сааб, Фиат....) опаднат е квалитетот на VW, Daewoo - Chevrolet никаде не се споменуваат.

п.с. не е квалитетот пресуден што ке возиме, надворешниот/внатрешниот изглед/дизајн и историјата е клучна за продажбата на еден модел (пример Гољф кој уште се продава ко алва на славата на 2 и 3-тата генерација).
 
Многу се нервирам од репутацијата на Голфот кај балканскиот прост неиживеан народ.
Јас разбирам дека во 80тите Голфот немал конкуренција, ама денес глава боли од конкуренција.

ОНТОПИК
Ниту едно не би купил од анкетава:nenene:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom