Тиквешко востание

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување
Голем грев е некој да наречеш лажго, јас ги посочив изворите, односно двете книги кои само го пренесуваат она кое сведоците го изнеле во неа, значи луѓе кои биле дел од таа историја во тоа време. Е сега ако нив не треба да им се верува тогаш, еве на Kasnakoski ќе му веруваме...

Значи книгите се: Тиквешки кажувања (1912-1918) и Неготино во пламен (1912-1913 год.) од Пане Емшов и Киро Андонов...

А еве и поопширни сведоштва од еден сведок на настаните кои е спомнат и во 10 лаги за тоа востание:
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=600&tid=2304

На Македониум објавивме еден сериал токму од тие кажувања и случувања во Тиквешко, тука

.
 
Dejan];2746924 напиша:
Е сега ако нив не треба да им се верува тогаш, еве на Kasnakoski ќе му веруваме...
Јас не сум бил таму, ама има многу сведоштва кои јасно зборуваат за настаните.
Тие стари луѓе раскажувале што памтеле, ама дали авторите на книгите напишале се` или некој работи ги премолчале? А во 80те години е јасно дека не било дозволено да се пишува целата вистина. Така да во твоите книги може да пишува вистина, ама дали е целата?

Историјата не е религија, па да се верува во нешто. Има извори - има историја. Слепата вера е за црквата, не е за историјата.

Знаење и верување не е исто
 
ИСТОРИЈА
Страшо Пинџур, народен херој, 60 години од смртта

МАКЕДОНЕЦ ДО КРАЈОТ

Пишува: Анита ДИМОВА


  • Македонската историја на своите страници има регистрирано, во продолжение на повеќе столетија, низа бележити дејци кои свесно се жртвуваа за крајната цел - создавање на сопствена и независна држава.
  • Смртта на Страшо Пинџур, истакнат раководител на македонскиот народ - во Скопскиот Пазар на 4 јануари 1943 година, наместо страв, како што очекуваа поробувачите, уште повеќе го разбуди борбениот дух кај неговите следбеници.
инџуров, освен што го кажа името, не сакаше ништо друго да каже. И, затоа почнавме да го тепаме. Го тепавме јас, Тењу Рајков, Илија Недков, Анто Антов, Тодор Маринов и Ангел Трпев.



40a.jpg


Впечатокот по неговото фаќање во полицијата беше силен. Штом го дознавме неговото име, јас отидов кај началникот на безбедноста Цанков и му соопштив дека Пинџуров не кажува ништо. Кога го чу тоа, Цанков ми рече: 'Та нели си ја знаеш работата!'".

ГО ТЕПАВМЕ...

...со гумена палка по табаните и по целото тело. Секаде каде што ќе стигневме. Тепан беше два дена без престан. Во многу тешка положба беше одведен во неговата ќелија.

Наредниот ден, попладне, го испратив Тодор Маринов да дојде на испитување. Испратениот агент веднаш се врати и ми рече дека Пинџуров умрел во ќелијата. Потрчав кон неговата ќелија за да го видам: го најдов легнат и околу него на подот имаше траги од пена од устата...

Потоа областниот полициски началник Стефан Симеонов нареди да се пренесе трупот во визбата долу. По некое време во визбата дојде и Симеонов и откога го виде умрениот Пинџуров нареди: 'Уште вечерва да биде закопан некаде'! Знам и за тоа дека ноќта Тодор Пашев, заедно со агентот Анто Георгиев го изнесоа мртвото тело на Пинџуров со мотоцикл. Дали го закопале некаде, или пак, го фрлиле трупот на Пинџуров во Вардар, навистина не знам".

Така звучеше исказот на началникот на групата 4 при обласната полициска управа на Скопје, Љубомир Јорданов, по повод измачувањето и трагичната смрт на народниот херој Страшо Пинџур, кому се уште не му се знае гробот. Страшо беше еден од најактивните македонски студенти на Белградскиот универзитет, член на Акциониот одбор на Универзитетот - централно раководство на Организацијата "Народен студент".

Во предизборната активност во 1938 години, Страшо помина низ повеќе градови во Македонија како агитатор на опозицијата. Со повеќестраната дејност тој прерасна во народен трибун, што го раздвижи духот на своите сотатковци - Македонци.

Првите скоевски групи и партиски ќелии во Кавадарци и во Ваташа ги создаде Страшо. Во Кавадарци формира и Местен комитет на Партијата. Под неговото раководство во 1940 година во градот беа изведени илинденските демонстрации, настан кој предизвика голем револт кај полицијата.

Неговата активност во Белград и во Македонија беше забележена од големодржавниот српски режим и кон крајот на 1940 година Страшо е затворен во Кавадарци. Оттаму е спроведен во Белград и повторно во "Главњача". По жестоко тепање беше однесен на "Ада Циганлија".

По речиси двомесечен престој на "Ада Циганлија", Страшо е пуштен од затвор и веднаш, по задача на Партијата, замина во Скопје на работа во Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија. Тука беше ангажиран во партиската техника и заедно со својот стар другар и соборец во Белград, МирчеАцев го издава весникот "Искра" - орган на Покраинскиот комитет. За време на априлската војна во 1941 година, Страшо и Мирче се наоѓаа во Скопје. Беа сведоци на пустошот и на ужасот во градот. Потоа заминаа за Велес, а оттаму во Кавадарци и Прилеп. Во овие места се среќаваа со активисти на Партијата, на СКОЈ и на Младината и разменуваа мислења во врска со новите настани и претстојните чекори за дејствување. Набргу, Страшо повторно се враќа во Скопје и работи на партиска техника.

Неприфаќањето на курсот за вооружена борба предизвика револт кај него. По формирањето на новото раководство на Покраинскиот комитет на чело со Мирче Ацев, во јуни 1942 година, Македонија беа создадени неколку нови партизански одреди. Со цел да ја засилат нивната дејност, Мирче и Страшо излегуваат на терен. Со повеќе мали одреди на подрачјето на Азот и Мукос го формираат партизанскиот одред "Димитар Влахов". Со одредот извршија неколку акции, а повремено слегуваа во Прилеп и Велес заради координација со градските активности. Токму во развојот на ослободителната борба, кога дејци од профилот на Мирче и Страшо му беа најпотребни на својот народ, се случи фаталниот 19 декември. Тие во Велес паднаа во рацете на бугарската фашистичка полиција. Набргу, беа префрлени во Скопје во посебни простории, сослушувани и жестоко измачувани. Иако, најголем дел од активноста во служба на татковината го поминаа заедно, по иронија на судбината, смртниот час го дочекаа разделени.

НАРОДНИОТ ХЕРОЈ...

...Страшо Пинџур е роден на 3 март 1915 година во село Ваташа, Кавадаречко. Мошно бргу останува без родители. По смртта на татко му во почетокот на Првата светска војна, во борбите кај Криволак, мајка му пак се премажува во Неготино, а грижата за него ја презеде баба му.

Детството на Страшо беше тешко. Баба му, жена во поодминати години, не беше во состојба да ги обработува нивите, па ги даваше под наем. За нив добиваше половина од реколтата, а примаше и паричен надомест за одгледување на Страшо. Сепак, приходите не беа доволни за нормално живеење. Поради немање родителска љубов и топлина, Страшо како што го викаа ваташани, стана многу чувствителен. И покрај тоа, како и повеќето деца, и Страшо беше многу љубопитен. Потребата од родителската нежност го гонеше често да оди во Неготино кај мајка му. Таму се чувствуваше среќен, зашто и тој имаше мајка, иако премажена сепак му беше мајка. Страшо основно училиште завршува во Ваташа, а нижа гимназија учи во Кавадарци, секојдневно одејќи пеш од Ваташа до градот.

Великосрпскиот режим на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, плашејќи се од создавање се побројна македонска интелигенција која отворено истапуваше против политиката на асимилацијата и денационализацијата, направи промена во својата просветна политика. Од 15 гимназии: осум полни и седум нижи, колку што имаше во 1925/26 година кога Страшо требаше да се запише во гимназија, во учебната 1932/33, во Македонија имаше само три гимназии.

Завршените средношколци од "југот" беа упатувани во посебни интернати во Србија - како посоодветни места за србизирање на младите Македонци. Прилог кон таквата големосрпска политика беше и давањето државни стипендии за посолидни, а материјално посиромашни ученици.

Желбата за наука, одличната карактеристика и семејната состојба на Страшо му овозможија да стане државен стипендист - питомец, прво во Крагуевац. Новата средина придонесе за мисловно созревање на младиот Страшо. Интензивно размислува за сопствената состојба, но и за положбата на својот напатен македонски народ. Личните осознавања ги бележи во една тетратка, подоцна позната како "Дневникот на Страшо Пинџур". По здобивањето со висока матура во Крагуевац, Страшо се запишува на студии по право во Белград. Неговата определба наиде на благ удар кај баба му Наца. "Ете, ти не ме послуша. Ти велев да учиш за учител, да го наследиш татко ти, да бидеш близок до народот. А ти!".

Страшо, и покрај почитта кон баба си, продолжува по определениот пат, зашто сакаше да навлезе во тајните на општествените закони, за поуспешна борба против режимот во Белград. Таму се вклучи во илегалниот живот. Се дружеше со Кузман Јосифовски, со Димче Левков, со Мирче Ацев и други. Учествуваше во повеќе штрајкови на работниците, а направи обид да замине за Шпанија како доброволец.

По создавањето на легалната организација "Народен студент" од страна на Партијата, Страшо влезе во нејзините редови. Тоа го однесе и во злогласниот затвор "Главњача", а потоа и на "Ада Циганлија". Тогаш започна и крајот на неговата голгота.
 
Tikveskoto vostanie ne e laga samo ne se ucese isto kako sto ne ucevme i za Ohridskoto vostanie 1913 godina
 
Катунец ( или Македонец МКД?) дали се` уште не си разбрал дека Дејан К. е авторот на Лагите?
Чекам одговор за третата лага, па да ги демантирам и останатите 9

Кој и да е авторот, не е битно, туку е битно што очајните бугарски напори да се искривува историската вистина пукаат по сите шавови бидејќи се изложени на увид на јавноста.

Веројатно Дејан може да постира некои извадоци од книгите??

10 Бугарски лаги заТиквешкото востание

Пред нас е денот на Илинденското востание, но како граѓани на Тиквешијата огорчени сме од зачестените про-бугарски фалсификати и инсинуации за едно друго - т.н.р “Тиквешко востание“. Бугарските пропаганди блуваат дека ова “востание” ни се криело од наводниот му бугарски карактер (?!). Овие очајни потреби да се превртува историјата на македонскиот народ, кај нас се од осамени дежурни Бугарски душегрижници, очигледно поддржани од високи политичари.

Господо, нашите предци беа во Тиквешките настани од 1913 год. но и во други кои мудро ги премолчувате. Ни зачувале бројни сведоштва, за почеток читнете во Тиквешки кажувања ( 1912-1918) и Неготино во пламен ( 1912-1913 год.) од професорите Пане Емшов и Киро Андонов, кои своевремено од преживеани сведоци на 1913 год., запишаа автентични сведоштва на македонскиот народ од Тиквешијата .

Со што мафтаат Бугарските слуги за т.н.р “Тиквешко востание” од 1913? Тргнувајќи од “рибарската”- во матна вода најдобро се лови, дотураат кал, секакви околности кои со умствена гимнастика и произволни заклучоци, треба да доведат до тоа дека - Тиквешани се кренале за “Б'лгарска кауза ”(?!). На рака им оди и што во Титова Југославија не се чепкаше по овие настани, се смалуваа српските ѕверства од 1913 год. ( се зголемуваа оние од Јаја-ага, Јован Бабунски и др. орди), а се заради “братството и единството”. Но, со што за ова “востание” по кој знае кој пат кутрите, испаѓаат смешни.

Прво – Ниту нашите предци од Тиквешијата сведоци на тие денови, ниту било каков документ спомнува некакво востание против Србите а во полза на Бугарите?!Она што го кажуваат нашите е дека во анархијата по поразот на Турција, првично се ликвидира муслиманското население од страна на Србите, Бугарите (подоцна) но и Македонците од Тиквешијата, кои пак се хушкани да ги расчистуваат долговите со довчерашните зулумќари.

Второ - Она што го преќутуваат господата е дека во наводниот центар на востанието- Ваташа, предходно во ноември 1912 год. се случува нешто друго. Водачот на наводното востание против Србите од јуни 1913 год.,војводата Дончо Лазов Сајтариов, на 9 ноември 1912 год. ,со чета од 60-тина селани, токму со Српските војници трга да ликвидира Турци и Бошњаци.

Трето - Србите во Кавадарци се од 08. ноември 1912 год.(Митровден). Како сега војводата Дончо кој “братски” со Србите, убиваше Турци и муслимани, востанал против Србите?! Каде ги нападнал, барем една “востаничка” битка со која ќе поразеа толкави српски единици, и ги ослободеа Кавадарци и Неготино и се за љубов на “Болгарите”?!

Четврто – Дека е најобичен склоп на настани празниот период од неколку дена ,како и секаде каде се допираат по фронотовите довчерашните сојузници а наши “ослободители” – Србите, Бугарите и Грците ,доказ се случувањата потоа. Нејасно кому кој дел ќе припадне од “колачот” а сите алчни, по кратко затишје завојуваат меѓу себе. И токму тој период на анархија во Тиквешијата кога оружје од убиени турски војници има секаде ( и на станицата во Криволак од војските), та селаните носат и по куќите, “Благонадежниве” го прогласуваат за востание ?!

Петто - Наводното знаме на востанието ,не е знаме на тоа востание но е старо знаме останато од Илинденското востание и е случајно најдено од четниците на Јаја-ага во една од куќите во с. Ваташа . (Тиквешки кажувања 1912-1918 г. сведоштва на Сапунџиев Илија с. Ваташа – 82 год., Димче Грозданов Кавадарци – 80 год., Никола Андонов с. Конопиште- 84 год. и др.)

Шесто - За да дојдат до Бугарски карактер на “востанието”, се вметнуваат поединци Тиквешани од подоцна -1915 год. ( татко му на Страшо Пинџур), кои биле во Македонските полкови на Бугарската армија (?!). Но се преќутува дека Македонски полкови има и во Српската армија ( Брегалничката дивизија ) што не значи дека се Срби уште помалку пак дека се Руси зашто Македонски полк (ополчение) во Руската армија имало уште во 18 век !

Седмо – За да се добугаризира сето, се користат и најобичните релации и контакти со бројната македонска емиграција (од Тиквешијата) во Бугарија. Таму има македонски организации, друштва, весници и сл., што се злоупотребува како факт за бугарскиот ни карактер (?!). Но истата Софија е револуционерен центар и на Албанците - со штампи, организации и сл., уште од крајот на 19 век, од што треба да заклучеме дека и Албанците се – Бугари (?!). Да не зборуваме пак за Македонците и нивните организации во Белград или др. градови и што би останало од оваа Бугарска магла ?!

Осмо – Ако на Гоце и Јане им се ставаа зборови кои никогаш не ги изговориле, Мисирков се фалсификува и сл., за херојот од Тиквешијата Страшо Пинџур се сеат севозможни наклапања само да ни се доведат во прашање македонските корени. За татко му се бара бугарски корен во тоа што загинал на Криволак 1915 год. при Македонскиот полк во Бугарската армија(?!). Според ова логика (магла) по 100-тина години, за војниците Македонци од ЈНА кои изгинаа по екс-Југославија некој запален Србоман може да докажува дека се Срби и комунисти (војна на Србинот Милошевиќ, капите со црвена петокрака ?!. Колку биле свесни за што војуваат и како се мобилизирани, никој и нема да прашува.

Деветто - Се бираат силни зборови за мачењата на баба му на Страшо од Србите во “востанието” а мачењата на Страшо од Бугарите ќе се минимизираат (само со пендрек бил тепан, небаре хулиган ?!). Се преќутува ковањето шајки под ноктите ,кинењето нокти и месо со вжештени клешти од телото на Страшо, но и се инсинуира дека мачењето е заради идеологијата а не за македонскиот етноидентитет.

Десето - Во Титова Југославија скоро се што загинало се правеше комунист или симпатизер (?!) па и децата во Ваташа од 15 години, што го користат господава ( убиени оти биле комунисти а не за страв на востанатата Ваташа и Тиквешија против Бугарската окупација од 1941 год.). Ја величаат Ваташа 1913 год. - против Србите, а бегаат од Ваташа 1941 год. - против Бугарите кои масакрираа деца. Чудни случувања со споменикот им денес - случајно ги снема имињата, случајно го снема текстот (ќе се ставал нов ?!) и се случајно со новиот Директор на Историскиот архив.
 
Kavadarci otsekogas bilo mesto na otporot..........i protiv turcite protiv bugarite pa srbite pak protiv bugarite i germancite,pa posle asnom vo 50 i 60 godini mnogu kavadarcani,pretezno studenti i dejci se preprateni na goli otok i vo idrizovo....strelani vo zatvorot,semejstvata pametat se.........i vo vreme na Jugoslavija,koj ke spomnese nezavisna Makedonija se znaese kaj odese,a Kavadarci tuka prednici,bidejki e bogat kraj i mnogu mladi ucea fakultet..........


vo vreme na Jugoslavija bese vtor grad po bdp na zitel,isega go drzi primatot vtor Kavadarci dava 35% od vkupniot izvoz na Makedonija a zaedno so skopje 75%.........
 
Раскажува Ванчо Аџиилов од Неготино, стар 79 години во 1979/80
Французите во 1915 година спроведоа реквизиција и тоа на жито, стока и работна сила. Од Тиквешијата највеќе одзедоа овес, јачмен, зоб за исхрана на коњите и друго. Од фамилијата на Аџиарсови од нивните амбари во село Паликура, одзедоа 3000 кг. овес. На повеќето селани од Возарци исто така им ја одземаа стоката за храна на војниците.


Неготино по Првата Светска војна

И од навлегувањето ан бугарските и германските единци, во Тиквешијата се спроведе нова реквизиција сега за новите војски. Се издаде распис за тотална реквизиција со неограничени количини на пченица за што пак се создадоа и пунктови за складирање на реквизираното жито. Такви пунктови имаше во Крњево, Демир Капија, Неготино, Бегниште, Кавадрци и др. места.

Бугарите одземаа се од македонскиот народ: торби, колани, свеќи, сапун, вар, дрва, коси, газје, катран, седла, покривки за добиток и за луѓе, секакви ножеви и др. Реквизионите комисии определуваа “нарјади”, т.е определени количини и видови исхрана и предмети за реквизиција од секој и секаков производител. Реквизицијата не штедеше никој и ништо. Секое семејство беше принудено да даде нешто од покуќнината: котли, тепсии, кантари, ножеви, канти, макари, конци, клинци, ваги со грамови, печки, ќумци, пили, разни алати и бројни други предмети. Реквизоната комисија дала наредба да се оставаат само по 50 кг. Зрнеста храна или 42 кг. Брашно или 5 кг. Пченка за семе,во спротивно со претреси по куќите сокривачите се предаваа на суд. Власта за да го стимулира поткажувањето понудила и по 10% од вредноста на сокриеното за поткажувачот.


Бугарски високи офицери вршат обиколка на достигнатите позиции низ испустените македонски полиња

Е, поради оскудицата на храна се појави глад. Жито на пазарот немаше. Можеше да се купи само скришум и тоа со злато. Комисијата за реквизиција со полициската власт тргнаа од куќа до куќа низ тиквешките села и реквизираа жито, брашно и стока. Земаа без мера. Мнозина Тиквешани, пред тоа сокриваа жито или брашно во земјани, во двориштата или нивата. Сето тоа го закопуваа и покриваа за да не се расипе. Кога власта дознаваше од доушници дека соодветно лице сокрива нешто доаѓаа вооружени лица и со бајонети удираа во земјата за да го најдат сокривалиштето. Ако се открие сокривачот од храна или на жито, стока, се се предаваше на суд.
 
........во 1900 според бугарскиот етнограф Васил Кнчов Кавадарци има
1940 христијани Македонци
3000 муслимани (мухамеданци)
32 власи
120 роми
вкупно 5092 жители
додека Ваташа
1142 македонци христијани
618 муслимани
48 роми
вкупно 1808
...

Во грешка си, приjателе, според бугарскиот етнограф Васил Кнчов Кавадарци има 1940 христијани Блгари, додека во Ваташа имало
1142 христијани, али и тие биле Блгари:
http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_06.htm

Ова е според Васил Кнчов. Според други можеби не е така, но според Васил Кнчов е така!:smir:
 
Васил Кнчов секаде каде имало Македонци ги пишел како Бугари и тоа го признал дека самите тие се нарекувале Македонци. :tapp:
 
има една приказна некој странец правел попис во турција и зел бугарин за во Македонија да одат по селата.Странецот му вели што се овие бугаринот му вели бугари.И кога влегле во селото бугаринот незнаел да се разбери со Македонците а странецот ја сватил работата.


само ова не е приказна странецот бил французин и полем напишал книга Македонија на Македонците.:nenene:
 
Вчера во Квадарци беа одбележани 99 години од Тиквешкото востание.

grgrgrgr-500.jpg

На 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион (Кавадарци, Неготино, Ваташа и останатите поголеми места од тој крај) избувнува вооружено востание познато како Тиквешко востание. Востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен отпор на населението против српскиот окупатор, веднаш по Првата балканска војна.
Во борбите кои што траеле 7 дена загинале колу 1000 лица, а причина за востанието е обидот на српскиот окупатор да го асимилира населението.
-Само поради тоа што едно момче, по има Александар Видов, кажува дека не се чувствува како Србин, Србите ладнокрвно го убиваат. Истата судбина ги стигнува и сите други коишто се противат на српската асимилација. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Стотици други се тепани, претепувани и убивани. Не се поштедувани дури ни децата, а многу млади невести се силувани. Погубена е и една цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца, се наведува во научните трудови од овој период.
Востанието го креваат револуционири кои што учествувале со Илинденското востание.
Меѓу поистакнатите војводи биле: Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Тодор Камчев, Михаил Шкартов и уште десетина други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.
Првите денови востаниците постигнуваат голем успех. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино.
После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ.
Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Востаниците се повлекуваат, а Србите започнуваат со немилосрдни убиства врз тиквешани.
Потоа пристигнува Карнегиевата комисија составена од видни европски учени, професори, барони од Соединетите Држави, Австрија, Германија, Франција, Велика Британија и други. Според нивните анализи бројот на загинатите надминувал 1000. Многу од загинатите биле живи фрлани во длабоки јами.
До пред осамостојувањето на Република Македонија, овој крвав настан македонските историчари по наредба на Белград, никогаш не го ни споменуваа за да не проговорат за ѕверствата на Србите.
Градоначалникот Александар Панов во вчерашното обраќањето пред присутните изрази задоволство што политичките претставници на Kавадарци се обединиле кога е во прашање Тиквешкото востание и најави изградба на споменик за стогодишнината од востанието.
На настанот голем број на делегации и граѓани положија цвеќе на спомен обележјето и им оддадоа почит на загинатите лица од пред 99 години.

http://kurir.mk/republika/opstini/75043-Odbelezani-99-godini-od-Tikveskoto-vostanie

http://www.scribd.com/doc/45661790/МИТКО-ПОПОВ-ТИКВЕШКО-ВОСТАНИЕ
 
Ах уште колку ги има што оваа или онаа власт ги крие по темните и мувлосани ходници на архивите. Греота да една нација не си ја знае својата историја таква каква што е. Се да се каже, се да искочи на виделина за да видат србофилите, гркофилите и бугарпфилите за кого тоа они квичат по телевизииве.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom