Тиквешко востание

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
еве сеа само ке ја отворам а утре ке изнесам некои сознанија до кои дојдов,за ова востание не се зборуваше во СФРЈ бидејки беше забрането да се внесува во учебниците оти беше насочено кон тогашното угнетување(од СХС) од страна на српската војска во Тиквешијата,ај утре ке напишам нешо,а после очекувам и од вас
 
Стравотни колежи во Тиквешијата по Тиквешкото востание
3938DD05F8420E4C9588F867B71A352B.jpg

Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (6)
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
Над 1.000 жители од Тиквешијата платија со живот за време на Тиквешкото востание, дигнато во предвечерјето на Втората балканска војна. „Тиквеш остана гол и пуст, место славеи и косови, по војната се слушаа само утање и гракање на чавките“, ќе забележат хроничарите што ќе го посетат оваа место по големите колежи.

Тиквешкото востание било дигнато на 19 јуни 1913 година. Овој крвав настан македонските историчари до пред петнаесетина години не го истражуваа, сметајќи дека востанието е организирано од Софија со цел да се направи бунт во заднината на непријателот. Тие го определуваа како „врховистичка провокација“, востание дигнато во интерес на бугарската кауза, а цената ја платил македонскиот народ со многу жртви. Бугарските историчари, пак, според веќе познатите нивни ставови, востанието го прогласуваат за бугарско и го определуваат како вооружен протест на македонските Бугари и нивен стремеж за слобода и обединување со Бугарија.

Д-р Зоран Тодоровски не се согласува ни со едната ни со другата оцена. Тој вели дека востанието во Тиквешијата претставува прв и најмасовен вооружен протест на населението против новиот српски окупатор веднаш по Првата балканска војна во Македонија. „Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО“, пишува Тодоровски во својата книга за востанието издадена од Музеј-Галерија Кавадарци. Тој притоа ги цитира зборовите на Пане Поп Коцев, кој во своите спомени вели: „Тоа мало востание ние го направивме без никаква помош од кого и да било“.

Востанието било предизвикано од репресивните мерки што ги спроведувала новата окупаторска власт во Македонија по победата над Турците. Меѓу другото, таа започнала насилна асимилација врз населението. Спроведувајќи ги наредбите од Белград, српскиот командант на Кавадарци, потполковникот Урошевиќ, ги свикал градските првенци и им се заканил со зборовите: „Вие сте стари Срби, Бугарите ве асимилираа. Сега, кога ние сме веќе тука, ќе си бидете повторно Срби...Ако не ја исполните наредбата, веднаш ќе ве испотепаме сите“. Српската власт своите намери почнала и да ги остварува со воведувањето на српскиот јазик во црквите и со отстранување на архијерејскиот намесник на градот. Учителите и поповите кои не ја прифаќале србизацијата, власта ги отпуштала од работа и ги апсела. Така, револтот од ден во ден растел се' повеќе, не само кај првенците на градот, туку и кај обичните жители.

„На ваквиот револт не останале индиферентни ниту врховистичките кругови на ВМОРО, кои ставајќи се на страната на бугарската државна политика биле мошне заинтересирани за промените во Тиквешката област. Користејќи ги насилничките окупаторски мерки на српската власт, тие се обидувале да му внесат уверение на населението преку своите емисари дека српската власт е привремена и дека набргу ќе дојде до бугарско ’ослободување’“, пишува д-р Тодоровски, укажувајќи на тоа дека и бугарската држава и комитите кои во тоа време целосно се ставиле на страната на Софија, биле заинтересирани да се дигне востание во тој крај.

Во Тиквешкото востание учествувале и врховистички и санданистички чети и војводи. Предводник на санданистите бил Мишо Шкатров, мошне популарен и сакан од народот. Според д-рТодорски, околу него се собрале сите видни револуционери и активисти во Тиквешијата, припадници на разни политички движења и идејни струи на ВМОРО. Највлијателна била групата на централистите предводени од Пано Имирлиев. Во востанието се вклучиле и комунистите предводени од првиот социјалдемократ во Кавадарци, Ристо Михов. Групата чорбаџии кои биле најблиски до „сарафистите“, ја предводел Тасе Бошков, кој подоцна станал кмет на Кавадарци. Тодоровски нагласува дека, и покрај различните интереси, несогласувања и борбата за престиж меѓу овие три главни групи во минатото, врз основа на авторитетот на Мишко Шкартов тие се обединиле. Единствено Шкартов имал спорови со месниот војвода Дончо Лазаров, кој инаку бил приврзеник на Тодор Александров.

Бројот на востаниците изнесувал околу 1.000, од кои 200 луѓе биле обични граѓани кои зеле пушка в рака, а другите комити од четите на ВМОРО. Првите денови востаниците постигнале голем успех. Кавадарци било ослободено седум дена, од 19 до 26 јуни, кога на општинската зграда се веело новоизработеното тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни било одржано и свечено собрание на кое била избрана и градска управа од 12 видни кавадарчани.

Револуционерниот штаб очекувал да им притекне на помош Четвртата бугарската армија која се наоѓала од левата страна на Вардар. Меѓутоа, помошта неда стигнала. Бугарската армија се повлекла поради новосоздадената ситуација. Се повлекле и четите на ВМОРО кои се вклучиле во борбите по наредбата што стасала од централата. Така, востаниците останале сами да се справат со српската војска и башибозукот и брзо биле поразени. Тогаш започнал крвавиот поход по тиквешките села. Василие Трбиќ, тогашен командант на таканаречениот „Вардарски одред“ собрал околу 200 просрпски ориентирани доброволци од Велешка и Прилепска околија, а под негова команда се ставиле и четите на Јован Бабунски и Јован Долгачот. Истовремено, по наредба српскиот началник на Кавадаречкиот округ, Душан Николиќ, потурчениот Албанец Јаја-ага вооружил 250 Турци башибозук и му се ставил на располагање на Трбиќ. Навлегувајќи во тиквешките села, башибозуците на Јаја-ага извршиле невидени ѕверства, безмилосно пресметувајќи се со недолжното население. Немало место во кое не биле извршени мачења и ликвидации. Биле силувани многу жени, пљачкосување и запалени многу куќи и дуќани.

„И покрај гарантирањето ’во име на крал Петар‘, српските власти во Кавадарци уапсиле и врзале на кол во центарот на градот повеќе од 150 граѓани. По 30 часа заврзани на жешкото тиквешко сонце, и без вода, тие биле одвлечени надвор од градот, кај месноста Полјаната, заедно со уште 50 други кавадарчани, односно вкупно околу 200 души, и стрелани“, подвлекува д-р Тодоровски.

Петар Камчев кој учествувал на трибината што се одржала во 1993 година го пренесува потресното сеќавање на д-р Методи Боцев за стрелањето на неговите вујковци Диме и Тодор Гроздановски. Кога Јаја-ага дошол во Кавадарци татко му на Методија Ило Боцев, заедно со Ристо Грозданов се скриле на таванот на куќата на Грозданови. Кога еден дел до четата на Јаја-ага се доближила до куќата, тие преку отворот на ќерамидите истрелале неколку куршуми и притоа убиле еден, а неколкумина четници раниле. Веднаш потоа слегле од таванот, а да не бидат видени со оружје пушките ги скриле, едната во бунарот, а другата во каците и побегнале во куќата на Чемерци.

„Насетувајќи дека ќе се случи нешто лошо, бабата ми Султана, заедно со другите жени од куќата како и децата решиле веднаш да побегнат и да се засолнат. Жените се скриле во една турска куќа во непосредна близина на нашата, денес истата е сопственост на Тодор Мурџев-Тотката. Машките деца немале право да се кријат во турска куќа, па затоа моите вујковци, браќата Диме и Тодор Грозданови, се скриле во куќата на Ристо Грозданов“, пишува Камчев.

Единствено во куќата останала прабабата на Камчев. Веднаш по истреланите куршуми настанала голема паника во редовите на Јајата, а четниците го опколиле целото маало за да ги пронајдат извршителите на убиството. Кога четниците предводени од Јајата влегле во куќата на Грозданови таму ја нашле старицата и започнале безмилосно да ја тепаат и измачуваат за да каже каде се кријат тие што пукале врз нив. „Кога го видел тоа мојот помлад вујко Диме, на возраст од 17 години, како безмилосно ја тепаат неговата баба, од голема жал излегол од скривалиштето и им кажал на четниците дека комитите побегнале, но дека видел каде го скриле оружјето, со што мислел дека ќе ја спаси баба си. Тој ги однел кон бунарот каде што била едната пушка и кај оставата каде што била скриена другата, без да знае дека таму се скрил неговиот постар брат Тодор, на возраст од 19 години“, раскажува Петар Камчев за трагичниот крај на своите вујковци.

Четниците на Јаја-ага започнале физичко да ги измачуваат за да кажат каде се скриени комитите кои пукале. Не им кажале ништо, бидејќи и не знаеле. Потоа ги однеле со уште 23 кавадарчани во месноста Опитно Поле на север од градот, каде што сите ги стрелале.

„Кога вечерта дедо ми Ило се враќал дома, на патот го пречекал еден негов комшија и му ја соопштил страшната вест дека неговите двајца синови Диме и Тодор на најѕверски начин се стрелани од страна на четниците на Јајата. Скршен од болка и од тага, дедо ми Ило Грозданов, инаку многу здрав човек, само за неколку дена од преголема болка и од мака си извадил 18 здрави заба. За да биде несреќата поголема, неговиот најстар син Пане, кого за време на блокадата на Јајата во Кавадарци само среќата го спасила од сигурна смрт, едната година по овие настани во времето на Првата светска војна бил регрутиран во редовите на српската војска. Мојата баба Султана се упатила во неговата касарна со молба и со поголема сума на златни лири кои ги дала со цел барем едниот нејзин син да се спаси. Меѓутоа, наместо ослободување, по извесно време добиле известување дека нивниот син Павле загинал на мистериозен начин. И до ден денес неговиот гроб не се знае“, раскажува Петар Камчев.
Јаја – ага и српските четници убија над 1.000 невини луѓе
Д-р Зоран Тодоровски во книгата „Тиквешкото востание во 1913 година“ ќе наведе повеќе извори кои приближно ја потврдуваат оваа бројка на жртвите. Во книгата Кирил Прличев за српскиот терор во Македонија, објавена во 1917 година и заснована на податоци на Извештајот на Карнегиевата комисија за балканските војни, наведува дека во Кавадаречка општина вкупно биле убиени 195 души, а силувани 15 жени. Само во Кавадарци биле убиени 25, а во селата Ваташа 37, Бохула 45, Сирково 26 души итн. Во Неготинска општина биле убиени 331, а 488 куќи биле изгорени. Само во Неготино биле убиени 117 души, а во селата Прждево 37, Бистренци 39, Бесвица 28, Куријата 20 итн.

Поголема е бројката што ја соопштуваат некои сведоци и учесници во Тиквешкото востание. Блажо Видов тврди дека вкупно во Тиквешијата биле убиени повеќе од 1.200 души, од кои во Кавадарци 363, во Неготино 263 и во Ваташа 89. Во Кавадарци биле изгорени над 60 куќи, а во Неготино една третина од вкупниот број куќи во градот. Најмногу настрадале селата Мрзен Ораовец, Фариш, Глишиќ, Ваташа, Марена, Куријата, Паликура, Рибарци, Манастирец и Шивец каде што имало и најмногу изгорени куќи. Според Васил Сеизов, вкупно во Тиквешијата биле изгорени повеќе од илјада куќи, околу 500 души, мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени, околу 750 куќи во Неготино биле опожарени, а вкупно во Неготинска општина биле убиени околу 500 души, од кои само во градот Неготино 280 души.
 
Еден мој постар пост за лагите за ова востание:

10 Бугарски лаги заТиквешкото востание

Пред нас е денот на Илинденското востание, нокако граѓани на Тиквешијата огорчени сме од зачестените про-бугарски фалсификати и инсинуации за едно друго - т.н.р “Тиквешко востание“. Бугарските пропаганди блуваат дека ова “востание” ни се криело од наводниот му бугарски карактер (?!). Овие очајни потреби да се превртува историјата на македонскиот народ, кај нас се од осамени дежурни Бугарски душегрижници, очигледно поддржани од високи политичари.

Господо, нашите предци беа во Тиквешките настани од 1913 год. но и во други кои мудро ги премолчувате. Ни зачувале бројни сведоштва, за почеток читнете во Тиквешки кажувања ( 1912-1918) и Неготино во пламен ( 1912-1913 год.) од професорите Пане Емшов и Киро Андонов, кои своевремено од преживеани сведоци на 1913 год., запишаа автентични сведоштва на македонскиот народ од Тиквешијата .

Со што мафтаат Бугарските слуги за т.н.р “Тиквешко востание” од 1913? Тргнувајќи од “рибарската”- во матна вода најдобро се лови, дотураат кал, секакви околности кои со умствена гимнастика и произволни заклучоци, треба да доведат до тоа дека - Тиквешани се кренале за “Б'лгарска кауза ”(?!). На рака им оди и што во Титова Југославија не се чепкаше по овие настани, се смалуваа српските ѕверства од 1913 год. ( се зголемуваа оние од Јаја-ага, Јован Бабунски и др. орди), а се заради “братството и единството”. Но, со што за ова “востание” по кој знае кој пат кутрите, испаѓаат смешни.

Прво – Ниту нашите предци од Тиквешијата сведоци на тие денови, ниту било каков документ спомнува некакво востание против Србите а во полза на Бугарите?!Она што го кажуваат нашите е дека во анархијата по поразот на Турција, првично се ликвидира муслиманското население од страна на Србите, Бугарите (подоцна) но и Македонците од Тиквешијата, кои пак се хушкани да ги расчистуваат долговите со довчерашните зулумќари.

Второ - Она што го преќутуваат господата е дека во наводниот центар на востанието- Ваташа, предходно во ноември 1912 год. се случува нешто друго. Водачот на наводното востание против Србите од јуни 1913 год.,војводата Дончо Лазов Сајтариов, на 9 ноември 1912 год. ,со чета од 60-тина селани, токму со Српските војници трга да ликвидира Турци и Бошњаци.

Трето - Србите во Кавадарци се од 08. ноември 1912 год.(Митровден). Како сега војводата Дончо кој “братски” со Србите, убиваше Турци и муслимани, востанал против Србите ?! Каде ги нападнал ,барем една “востаничка” битка со која ќе поразеа толкави српски единици, и ги ослободеа Кавадарци и Неготино и се за љубов на “Болгарите” ?!

Четврто – Дека е најобичен склоп на настани празниот период од неколку дена ,како и секаде каде се допираат по фронотовите довчерашните сојузници а наши “ослободители” – Србите, Бугарите и Грците ,доказ се случувањата потоа. Нејасно кому кој дел ќе припадне од “колачот” а сите алчни, по кратко затишје завојуваат меѓу себе. И токму тој период на анархија во Тиквешијата кога оружје од убиени турски војници има секаде ( и на станицата во Криволак од војските), та селаните носат и по куќите, “Благонадежниве” го прогласуваат за востание ?!

Петто - Наводното знаме на востанието ,не е знаме на тоа востание но е старо знаме останато од Илинденското востание и е случајно најдено од четниците на Јаја-ага во една од куќите во с. Ваташа . (Тиквешки кажувања 1912-1918 г. сведоштва на Сапунџиев Илија с. Ваташа – 82 год., Димче Грозданов Кавадарци – 80 год., Никола Андонов с. Конопиште- 84 год. и др.)

Шесто - За да дојдат до Бугарски карактер на “востанието”, се вметнуваат поединци Тиквешани од подоцна -1915 год. ( татко му на Страшо Пинџур), кои биле во Македонските полкови на Бугарската армија (?!). Но се преќутува дека Македонски полкови има и во Српската армија ( Брегалничката дивизија ) што не значи дека се Срби уште помалку пак дека се Руси зашто Македонски полк (ополчение) во Руската армија имало уште во 18 век !

Седмо – За да се добугаризира сето, се користат и најобичните релации и контакти со бројната македонска емиграција (од Тиквешијата) во Бугарија. Таму има македонски организации, друштва, весници и сл., што се злоупотребува како факт за бугарскиот ни карактер (?!). Но истата Софија е револуционерен центар и на Албанците - со штампи, организации и сл., уште од крајот на 19 век, од што треба да заклучеме дека и Албанците се – Бугари (?!). Да не зборуваме пак за Македонците и нивните организации во Белград или др. градови и што би останало од оваа Бугарска магла ?!

Осмо – Ако на Гоце и Јане им се ставаа зборови кои никогаш не ги изговориле, Мисирков се фалсификува и сл., за херојот од Тиквешијата Страшо Пинџур се сеат севозможни наклапања само да ни се доведат во прашање македонските корени. За татко му се бара бугарски корен во тоа што загинал на Криволак 1915 год. при Македонскиот полк во Бугарската армија(?!). Според ова логика (магла) по 100-тина години, за војниците Македонци од ЈНА кои изгинаа по екс-Југославија некој запален Србоман може да докажува дека се Срби и комунисти (војна на Србинот Милошевиќ, капите со црвена петокрака ?!. Колку биле свесни за што војуваат и како се мобилизирани, никој и нема да прашува.

Деветто - Се бираат силни зборови за мачењата на баба му на Страшо од Србите во “востанието” а мачењата на Страшо од Бугарите ќе се минимизираат (само со пендрек бил тепан, небаре хулиган ?!). Се преќутува ковањето шајки под ноктите ,кинењето нокти и месо со вжештени клешти од телото на Страшо, но и се инсинуира дека мачењето е заради идеологијата а не за македонскиот етноидентитет.

Десето - Во Титова Југославија скоро се што загинало се правеше комунист или симпатизер (?!) па и децата во Ваташа од 15 години, што го користат господава ( убиени оти биле комунисти а не за страв на востанатата Ваташа и Тиквешија против Бугарската окупација од 1941 год.). Ја величаат Ваташа 1913 год. - против Србите, а бегаат од Ваташа 1941 год. - против Бугарите кои масакрираа деца. Чудни случувања со споменикот им денес - случајно ги снема имињата, случајно го снема текстот (ќе се ставал нов ?!) и се случајно со новиот Директор на Историскиот архив.
 
Ваташа и Тиквешијата биле секогаш против окупаторот,а тоа дека си го препишуваат востанието некои соседи а други го преќутуваат тоа го знаеме,ваташани и тиквешани не ги заборават зулумите на овој крај од сите од турци од арнаути од блгари со клинци под нокти од србите..........биле угнетувани,има многу причини............ама жестината на отпорот што го давале се за секоја почит,ке изнесам некои видувања сеа

ваташката печатница

првата македонска печатница е отворена во Солун во 1838,под водтсво на Теодосиј Синаитски,во текот на 4 год се печатени неколку книги на македонски јазик,Тие книги одиграле голема улога во разбудувањето на националнта свест и претставуват прв обид за отстранувањето на грчките книги од македнските училишта.
Народното предание,а иден денеска во Ваташа некои постари луѓе кажуваат дека Ваташката печатница и претходела на солунската и дека е прва во Македонија.СЕ вели дека е отворена во 1836 од даскал Камче.роден во село Корешница на левиот брег на Вардар,кај Демир Капија.Бил врсник со Теодосије.Во тоа време Ваташа е јак економски центар во Тиквешијата,кое нешто го натерало татко му да се преселат овде.Малиот Камче бил самоук.Камче брзо се развива,а воедно бил и одличен певец во црковниот хор.Подоцна станува учител-даскал во Ваташа.Често патува во Света Гора за зголемување на своите знаења.Подоцна напишал еден Опис на светогорските манастири и му го дала на Теодосиј да го испечати.оттогаш стануваат пријатели и се посетувале
Во тоа време во Кавадарци живее големиот чорбаџија Јовко Марков.Во една прилика на гости кај Камче доаѓа Теодосиј.По иницијатаива на него,Јовко му дава 6000 гроша на Камче и го испрака во белград да купе печатарска машина,купил машина и отпочнал со рбаота.По интервенција на струмичкиот владика оваа печатница била преместена во Солун.Со сигурност не може да се зборува дека ова е прва и дека работела,бидејки досега нема најдено пишан документ однсоно некое издадено дело.Едно е точно дека букви се купени,но додека не се најде некое дело кое ке ја потврди ова теза остануваме на ова

........во 1900 според бугарскиот етнограф Васил Кнчов Кавадарци има
1940 христијани Македонци
3000 муслимани (мухамеданци)
32 власи
120 роми
вкупно 5092 жители
додека Ваташа
1142 македонци христијани
618 муслимани
48 роми
вкупно 1808
Според турското салнаме населението во Тиквеш го имало следниот состав 19,500 муслимани и 21,380 Македонци христијани
спред Кнчов во 1900 во Тиквеш со 93 села 20,400 муслимани и 26,700 македнци христијани,но па националност дури 92% се истакнале како македонци
26,575 Македонци христијани
17,961 Македонци муслимани
2076 Турци
24 арнавити христијани
122 власи
535 роми
вкупно 47,293

овој број кавадарци моментално го нема тоа се должи на иселувањето на Македонците муслумани во Турција во измир и југоисточна турција претежно Вво Дијарбакир каде денес живеат со курдите.........по ова Тиквешијата е втор така голем регион по Река каде масовно се примила муслиманската вера бидејки иамло многу богати чорбаџии кои сакале да си го заштитат имотот,до скоро еден градоначалник на некоја општина во Измир потекнуваше од Сирково,село кое беше 100% потурчено но со бркањето-иселувањето сиот имот е даден на доселеници од Војводина......политика на СХС

потурчените во Тиквеш,Македонците ги викале тУРЦИ,ДОДЕКА ПАК самото чисто население турци кои биле тука ги нарекувало дислези(безјазичници),бидејки не го знаеле турскиот.Ова потурчено население живеело главно во три одделни региони во Тиквешијата и тоа во плодните земјишта на десниот брег на Вардар кај Тиквеш,селата Марена Сопот Курија ,другито дел е во денешнита општина Росоман со селата Сирково Манастирец,а третиот регион е во село Дреново на левиот брег на Црна на патот за Прилеп.Сите потурчени живееле во 27 села и претставувале половина од населението (без Рожденската нихија која припаднала кон Мариово)
потурчувањето се случило за време владеењето на Сулејман II Величествениот (1520-1566)
за одбележување е дека агите и беговите во тоа време сеуште ги носеле старите христијански имиња а на турски знаеле само да бројат

Во текот на балкансите војни тиквешијата била центар на теророт,терор вршеле сите турци во заминуавње и новите ослободители,демек,во тиквеш во тоа време се појавуват врховистички чети,како одговор на ова се формират и српски чети,а посебно четниците на Василие Трбиќ,додека познат зулумџија од врховистите е Јован Бабунски.
Но најпознат по злоделата е Јаја ага,кој со помош на српската власт создал турска чета,кои заедно делуват угнетувајки го христијанското македонско население,со изговор дека злосторничките дела на врховистите биле помогнати од населението,палел ограбувал и се,но интересно е што и врховистите го користат истиот изговор
на Јановден јаја ага со цела чета палел колел силувал кај ке стигне,народот бегал во таа паника луѓето се евакуирале во Бегниште,Шешково, Драгожел, Галиште,Рожден;Радња и на Кожуф Планина
Армијата на ЈАја ага составена од српски чети фатиле 100 луѓе од Кавадарци и Ваташа од кои 80 биле измачувани требало да стојат на една нога на пеколното сонце и тие штоне издржале биле убивани со бајонетите полека по полека,а тие 30 што издржале ги пуштиле.......ова си ги сватиле како олимписки игри,се обложувале колку % ке издржеле.........Меѓу стреланите се две деца на 14 и 15 возраст синови на Илија Грозданов.
 
Твоите 10 лаги ми се сторија многу пропагандни и за тоа не се задлабочив, ама штом сакаш, ќе се обидам.

Да земеме
Трето - Србите во Кавадарци се од 08. ноември 1912 год.(Митровден). Како сега војводата Дончо кој “братски” со Србите, убиваше Турци и муслимани, востанал против Србите ?! Каде ги нападнал ,барем една “востаничка” битка со која ќе поразеа толкави српски единици, и ги ослободеа Кавадарци и Неготино и се за љубов на “Болгарите” ?!
На 19 јуни српските сили под командата на Трбиќ се разбиени од четите близу до Кавадарци и се повлекуваат кон Велес.
Тоа го пишува и Абаџиев во „Балканските војни и Македонија“ (1958) на стр. 146.

Тогаш било ослободено и Кавадарци, а биле развејани бугарски знамиња.

Значи битки имало.
 
по завшувањето на првата балканска,со мировниот договор од Лондон на 17 мај,1913,Македонија беше поделена.но бидејки новите окупатори не биле задоволни од поделбата на Македонија наскоро истите меѓусебе ке почнат а прережување на границите на ова парче земја,и ке почене Втората балканска војна за Македонија
Во меѓувреме,меѓу двата нови балкански окупатори-српскиот и бугарскиот,во Тиквешијата ситуацијата станува неподнослива.....Новата српска окупација веднаш започнува национализација и асимилација,но Македонецот пружал невиден отпор,тоа се гледа на пописот каде биле прашувани >Што си ти,Србин или Бугар? Но.наместо тоа населението одговарало не су ни тоа ни тоа,туку само Македонец,независно што таква графа не постои!!!!!!
токму поради тоа,српскитевласти го засилиле теророт каде главна улога имат четите на Василие Трбиќ и на Јаја Ага
Како одговор на ова дошло до организиран отпор од страна на тиквешките активисти и членови на ВМРО,меѓу кои и имало живи илинденци,дошло до организирање на Тиквешкото востание
пред да се повика македонскиот народ од Тиквешијата да се дигне со оружје,бил формиран револуционерен штаб на востанието од 20 луѓе,кои раководеле со две групи. Со Кавадаречкиот фронт раководеле Дончо Лазаров и Диме Пинџуров.Лазаров ги прошетал сите села во регионот,а од 28 до 30 мај во селото Бегниште се одржала реонска конференција.На истата присуствувале 60 претставници на скоро сите села при што сите биле за да се крене востание за да се спречи новата тиранија
Тиквешкото востание било објавено на 12 јуни 1913 година во Ваташа,каде се одржало големо собрание,на кое била донесена одлука за борба против српската окупаторска власт. Востанието почнало со сигнални огнови по селата,такви огнови се вивнале во Мрежичко и во Рожден,најавувајки ја претстојната борба за слобода на македомскиот народ
Првата вооружена акција на востаниците била на 19 јуни кога имало дејствија во некои црноречки села,Востанието било крунисано со 7 дена слобода на Кавадарци и на селата од десната страна на Вардар од Демир Капија до Рожден.
Слободните денови биле прославени со веселба на сите и со собирање помош за востаниците.после тоа било задушено,во кое биле убиени во Кавадарци 363,во Неготино 263 и во Ваташа 89 луѓе
 
Тиквешко востание
Од Википедија

Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО.

Содржина [сокриј]
1 Причини за востанието
2 Тек на востанието
3 Задушување на востанието
4 Надворешни врски


[уреди]
Причини за востанието

Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.

Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни учители и свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по има Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.



[уреди]
Тек на востанието

Со поддршка на ВМОРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.

Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.



[уреди]
Задушување на востанието

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгачот. На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.


извор википедија

Петар Камчев кој учествувал на трибината што се одржала во 1993 година го пренесува потресното сеќавање на д-р Методи Боцев за стрелањето на неговите вујковци Диме и Тодор Гроздановски. Кога Јаја-ага дошол во Кавадарци татко му на Методија Ило Боцев, заедно со Ристо Грозданов се скриле на таванот на куќата на Грозданови. Кога еден дел до четата на Јаја-ага се доближила до куќата, тие преку отворот на ќерамидите истрелале неколку куршуми и притоа убиле еден, а неколкумина четници раниле. Веднаш потоа слегле од таванот, а да не бидат видени со оружје пушките ги скриле, едната во бунарот, а другата во каците и побегнале во куќата на Чемерци.

„Насетувајќи дека ќе се случи нешто лошо, бабата ми Султана, заедно со другите жени од куќата како и децата решиле веднаш да побегнат и да се засолнат. Жените се скриле во една турска куќа во непосредна близина на нашата, денес истата е сопственост на Тодор Мурџев-Тотката. Машките деца немале право да се кријат во турска куќа, па затоа моите вујковци, браќата Диме и Тодор Грозданови, се скриле во куќата на Ристо Грозданов“, пишува Камчев.

Единствено во куќата останала прабабата на Камчев. Веднаш по истреланите куршуми настанала голема паника во редовите на Јајата, а четниците го опколиле целото маало за да ги пронајдат извршителите на убиството. Кога четниците предводени од Јајата влегле во куќата на Грозданови таму ја нашле старицата и започнале безмилосно да ја тепаат и измачуваат за да каже каде се кријат тие што пукале врз нив. „Кога го видел тоа мојот помлад вујко Диме, на возраст од 17 години, како безмилосно ја тепаат неговата баба, од голема жал излегол од скривалиштето и им кажал на четниците дека комитите побегнале, но дека видел каде го скриле оружјето, со што мислел дека ќе ја спаси баба си. Тој ги однел кон бунарот каде што била едната пушка и кај оставата каде што била скриена другата, без да знае дека таму се скрил неговиот постар брат Тодор, на возраст од 19 години“, раскажува Петар Камчев за трагичниот крај на своите вујковци.

Четниците на Јаја-ага започнале физичко да ги измачуваат за да кажат каде се скриени комитите кои пукале. Не им кажале ништо, бидејќи и не знаеле. Потоа ги однеле со уште 23 кавадарчани во месноста Опитно Поле на север од градот, каде што сите ги стрелале.

„Кога вечерта дедо ми Ило се враќал дома, на патот го пречекал еден негов комшија и му ја соопштил страшната вест дека неговите двајца синови Диме и Тодор на најѕверски начин се стрелани од страна на четниците на Јајата. Скршен од болка и од тага, дедо ми Ило Грозданов, инаку многу здрав човек, само за неколку дена од преголема болка и од мака си извадил 18 здрави заба. За да биде несреќата поголема, неговиот најстар син Пане, кого за време на блокадата на Јајата во Кавадарци само среќата го спасила од сигурна смрт, едната година по овие настани во времето на Првата светска војна бил регрутиран во редовите на српската војска. Мојата баба Султана се упатила во неговата касарна со молба и со поголема сума на златни лири кои ги дала со цел барем едниот нејзин син да се спаси. Меѓутоа, наместо ослободување, по извесно време добиле известување дека нивниот син Павле загинал на мистериозен начин. И до ден денес неговиот гроб не се знае“, раскажува Петар Камчев.


еве малку сликовито,ке дојдеме и на мачењата на бабата на Пинџур и стрелањето на 12те младинци..........знаиме кој ги направи тие зулуми
 
Која иронија и трагедија бабата на Страшо Пинџур била зверски мачена од Србите и потоа самиот внук бил убиен од Бугарите после зверски мачења од Бугарите
 
Бугарска работа . Штета што некој ја користи за ширење омраза. И така не сте способни за друго.
 
Секогаш бугарските „факти“ се несоброливи и секогаш треба да им се верува <-- ова е тоа во кое веруваат сите бугари и дел од некои пробугарски настроени Македонци..

Како и да е во овие две книги Тиквешки кажувања (1912-1918) и Неготино во пламен (1912-1913 год.) се кажани многу работи, токму од луѓе кои биле таму, Тиквешко, го живееле секој ден и во нивните сеќавања нема ама баш ништо од тоа што го кажуваат Бугарите.

Е сега ако овие кои биле сведоци на настаните од 1913 не се доволни како аргументи и факти, тогаш, бугарските се аргументи и половина...
 
Бугарска работа . Штета што некој ја користи за ширење омраза. И така не сте способни за друго.



шо бе милибране не ти се бендисуе,не вреѓај на национална основа,јас сум Македонец,а дека сакаме да ствараме омраза не е точно,сакаме да се знае вистината само,која ја криеја половина век.
а не се секирај јас и онака не ве сакам вас србите.
 
Dejan];2741236 напиша:
Еден мој постар пост за лагите за ова востание: 10 Бугарски лаги заТиквешкото востание

Браво Дејане!!

Кажи од каде црпевте материјали и дали има нешто друго да се прочита??
 
Катунец ( или Македонец МКД?) дали се` уште не си разбрал дека Дејан К. е авторот на Лагите?
Чекам одговор за третата лага, па да ги демантирам и останатите 9
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom