Резултати од екстерни матурски испити

Другар ми падна математика, па ги бара тестовите.(ама не овие шо се објавени на матура.гов.мк) Ако ги има некој нека пиши ПП.
 
pa istite testovi se i na stranata i sto gi polagavme.kakvi testovi bara drugar ti?
 
Па ми вика као демек за тие шо паднале нови имало... Њтф кој че ти мисли нови тестови :toe:
 
pa sekako deka ke bidat novi za vo avgust za matematika osnovno nivo.kako sto znam napredno nivo site se polozeni,pa samo za osnovno ke pravat testovi.a tie testovi ne znam dali moze i kaj moze da gi najdis :baeh:
 
Не се положени сите за напредно.Од три души од кај мене, само другарка ми падна на напредно, идиоти.
 
Има некој критериум за прифаќање на приговорите? Или зависи како му е расположено "таквото" на некој вработен во министерството или кој и да е одговорен за матурата?

EDIT: Дебилни работи. Ова плус се што е поврзано со веронауката е најголемата глупост на владава... Јес, и јас да кажам оти имат направено глупости.
 
Mи го одбија приговорот.Ццц, само пари да се земело.Ах!
 
И мене ми го одбија приговорот...Врз која основа ги прифаќаат или одбиваат не знам а и искрено не ни сакам да знам.Од моја генерација (500 и нешто ученици), само 10 луѓе поднесоа приговор-еден прифатен и тоа на девојката и фалеа 0,20 перцентили за 5...останатите шипинки.
Се за пари.Минтата година имаше бар некаков баланс.Имаше и доста прифатени-годинава се гледа дека и тестаторите ги погодило економската криза па ајде по 1400 од секој.Абе и они треба да отидат на одмор зарем не?:nenene:
 
мојот приговор ( македонски ) е прифатен и од 76.9 рипнав на 82.72... не многу али ок е :D

Во гимназијата во струмица има прифатено 3 од 10 или 11 така нешто
 
Ако прочитат сега Новинарка дека ти е прифатен приговорот, ќе ти пуштит репутација дека имаш врски (ако веќе не го имат сторено тоа).:tapp:
 
Ми го прифатија приговорот. Од 93.52 на 98.62 мамето нивно. А зошто не отидовте на увид вие што сте одбиени? Никогаш не се знае, башка помирна да ви е душата, друго е кога ќе го видите тестот со свои очи.
 
Ми го прифатија приговорот. Од 93.52 на 98.62 мамето нивно. А зошто не отидовте на увид вие што сте одбиени? Никогаш не се знае, башка помирна да ви е душата, друго е кога ќе го видите тестот со свои очи.
Браво Јоки :helou:
 
Пред малку на вести слушнав дека најдобри резултати втора година по ред имаат учениците од Корчагин. Бре што ти е школо:)
Најлоши од Тетово некои таленти.
 
Катастрофални резултати од екстерните тестови од државната матура

getImageThumbnail.axd



Шест средни училишта во државава со просечна оценка помала од двојка практично паднаа на државната матура. Најслаби резултати покажале средношколците од тетовското училиште Гоце Стојчевски со 1, 49. Кај 39 училишта просечната оценка е помеѓу двојка и тројка, а дури 44 имаат просек од единица до двојка. Од 92 средни училишта само три имаат просечна оцена 4. На прво место е скопската гимназија „Раде Јовчески Корчагин“ со оценка 4, 12. Од Министерството за образование причината за слабите резултати ја гледаат во нереалното оценување на учениците. За да се подобри просекот министерот Тодоров вели дека мора да се направат целосни реформи во образованието.

Овие бројки не треба да претставуваат само статистика, треба да ни покажат што треба да направиме и во која насока да се движиме. Не смее пропорцијата на најслаби училишта да биде поголема од пропорцијата на појаки училишта, ги прокоментира резултатите од екстерната матура, ресорниот министер Никола Тодоров

Директорот на најслабото средно училиште Гоце Стојчевски од Тетово очекувал дека неговите ученици ќе потфрлат на тестовите. Според Абаз Абази ваквите резултати се должат на уписната политика на Министерството за образование.

- Тоа според мене се должи на уписната политика на Министерството за образование во последните 5-6 години, каде најдобрите ученици се запишуваат во гимназиите, медицинските и економските училишта, а кај нас се определуваат тие што сакаат да завршат средно образование и да се вработат - вели Абаз Абази директор на СТОУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.

Инаку МОН денеска прослави 65 години од своето постоење. По тој повод ќе се промовира монографија од три дела. Првиот дел е за историскиот развој на МОН, вториот ќе биде со биографиите на сите досегашни министри, а третиот содржи листа на оригинални документи.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=41&egId=16&eventId=51897
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom