Милојко
Идем Куме Кући
- Член од
- 17 ноември 2008
- Мислења
- 3.072
- Поени од реакции
- 554
Верските заедници не ја полнат државната каса онака како што тоа го прават сите даночни обврзници. Македонската православна црква и Исламската верска заедница, како најголеми религиозни институции, се' уште не издаваат фискални сметки за продадени свеќи, кандила, бројаници, календари и други религиозни предмети кои може да се купат во секој нивен објект.
Неоданочени остануваат и поскапите црковни услуги, како што се венчавките, крштавките, погребите, помените, осветувањата на домовите за верски празници, чиј тарифник воопшто не е симболичен. Овие црковни услуги кои за верниците се неизбежни, претставуваат вистинско мало богатство за одредена категорија граѓани, како што се, на пример, за пензионерите, работниците, стечајците... Па така, венчавка која ја прави еден поп се наплатува 3.500 денари, а за крштавките и погребите се издвојуваат по 2.500 денари.
Интересно е што сиот остварен приход црквите еднаш месечно го препраќаат на повисоко ниво. За оваа работа, по правило, се задолжени луѓе од доверба на надредениот духовник. Во касата на Архиепископијата и епархијата во која спаѓа црквата задолжително се слеваат по 15 проценти од остварениот приход (или вкупно 30 отсто), односно парите се вртат во круг и остануваат неоданочени.
Според Законот за ДДВ, верските заедници не се на списокот институции кои се ослободени од плаќање данок, како што се хуманитарните организации. Но, очигледно е дека некој ги остава да работат мирно, незаконски и без никакви последици поради даночната недисциплина.
Извори во Министерството за финансии кои сакаа да останат анонимни информираат дека пред две-три години премиерот Никола Груевски иницирал донесување посебен закон за плаќање данок за верските заедници. Била формирана и работна група со задача да подготви пропис токму за оданочувањето на религиозните институции. Меѓутоа, уште во зародиш идејата била осудена на пропаст, тврдат во Министерството. На архиепископот Стефан воопшто не му се бендисала намерата на премиерот и не дал благослов за новиот законски проект. Од Финансии велат дека поглаварот на МПЦ го сфатил ова како директен упад на државата во црковниот финансиски систем, кој функционира според принципи познати само за нив. Така, многу брзо, уште во самиот старт била расформирана комисијата задолжена за изготвување закон за црковен данок.
Главниот финансиски советник на архиепископот Стефан, проф. Димитар Белчовски (чие име се врзува за аферите со струшките хотели „Изгрев“ и „Бисер“), во изјавата за „Утрински весник“ тврди дека „Црквата се вклопува во финансискиот систем на државата“, ама и дообјаснува дека „кога државата ќе донесе закон, МПЦ ќе го почитува“.
Според мене кога веќе црквата наплаќа 2500 денара за погреб, и кога возат џипови и бесни коли време е да видиме со колкави средства располагаат.