ДОСТА ДРЖАВНА АРИСТОКРАТИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата GAGA22
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јули 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
ДОСТА ДРЖАВНА АРИСТОКРАТИЈА!

Македонија се најде до грло во вода откако ја удри бранот на светската економска криза.
Стопанството, и без тоа анемично, сега се дави во долгови, а голем број фирми веќе потонаа.
Власта, на која и требаа неколку месеци за да ги отвори очите и да види дека не сонува кошмарен сон туку и се случува груба вистина реши да преземе мерки со замрзнување на платите и вработувањата во државниот сектор.
НА НЕКОИ ПОД МРАЗОТ ВИСТИНА ИМ Е СМРЗНУВАЧКА, АМА НА ДРУГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ДРЖАВНАТА АРИСТОКРАТИЈА ИМ Е УБАВО. А како и нема да им е комотно кога се дел од привилегираните кои земаат европски плати- 1000, 1500 евра!
Па има ли смисла реформите во здравството и во судството да се сведат само на дебели плати?
Што има подобрено во овие сектори кои се финансираат од народниот денар во поглед на квалитетот на услугите кои се должни да им ги пружат на граѓаните?
Срамота!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Не сум против високите плати, но буџетарите мораат да бидат категоризирани и вреднувани подеднакво во секоја служба, и тука треба да почне штедењето. А кој смета дека трудот му вреди повеќе- нека повели во приватниот сектор да работи и привредува, па алал нека му се парите што ќе ги печали!
 
Ајде во БУНТ! РЕВОЛУЦИЈА!!!:vozbud:
Води не ГАГА22, водачу наш бестрашен, пасиру на македонското стадо.

буџетарите мораат да бидат категоризирани и вреднувани подеднакво во секоја служба, и тука треба да почне штедењето.

па најнормално, и се „категоризирани и вреднувани подеднакво во секоја служба“.

ОК, те сваќам. Зашто во време кога околните држави ги намалуваат буџетските трошоци ние не го правиме истото, така?

И што треба сеа да превемам во врска со тоа?
 
concrete даде најубав предлог што да правиме сега.А и марсовка имаше добра слика:smir:
 
па најнормално, и се „категоризирани и вреднувани подеднакво во секоја служба“.
За тоа и зборувам- не се. На исто работно место, со ист степен на стручна подготовка и сложеност на работни задачи, во различно министерство службениците се различно наградувани. Најдрастични се примерите во здравството и судството. За илустрација во здравството на име надомест за исхрана се исплаќаат 6400 денари, во „Македонија пат“ и други служби 3900, а во детска градинка 2100!
Директор на детска градинка зема плата колку лаборант со ССС во било која лабораторија, а судиите се повисоко платени од министрите на било кое министерство. Било кој професор во средно училиште зема исто плата како дактилограф во општинска администрација ит.н.
 
А како и нема да им е комотно кога се дел од привилегираните кои земаат европски плати- 1000, 1500 евра!
У, добра цифра ЈБТ, стварно толку земаат? Во Македонија?
 
Сега за сега ништо нема да се преземе. Ќе гледаме колку може да издржи стопанството. Ќе се задолжуваме во странство и др.
Најверојатно реформи и намалување на администрацијата ќе се направи само кога ќе мораме. Пред банкрот...
 
У, добра цифра ЈБТ, стварно толку земаат? Во Македонија?

не земаат толку. Пратеници, министри и судии земаат околу 60,000, а претседател на држава, собрание и други вакви високи фукции земаат околу 80,000
 
Чудно е што тајноста на податокот за плата и примања треба да е загарантиран. Од друга страна се знае колку прево зел наставник во Љубен Лапе или хигиеничарка во здравствен дом Мирковци. А од друга страна, ниедна фирма вон оние кои се платени од буџетот, не му се знае колку зема и како зема, ниту колку даноци затајува и како затајува. Чудно.

Од друга страна нема категоризација, посебно за награди, проекти...според што ќе ги категоризираат. Тие пари и награди не треба ниту да постојат-дополнително оптоварување на буџетот на државата.
А трендот на зголемување нема да сопре, од 1998 наваму се зголемува и ќе се зголемува-или ако не се зголемува ќе се пензионираат старите кадри и пак бројот ќе се пополни со други нови (сега има и факултет за администрација)-бројот во најмала рака ќе остане ист, па некаде до кај 2012 година кога ќе настане крај на светот :)
 
Сите што работат во државна администрација добиваат плата од буџетот. Значи тоа се јавни пари. Оттука, и народот има право да знае како се трошат нивните пари и како се менаџира со буџетот.
А за приватници, државата бара од нив да го пријават приходот за да може да ги оданочи, а за платите - тоа е приватна работа, ствар на договор меѓу работодавец и работник.
 
Мислам дека без разлика од каде е плата (не за други додатни примања или награди), тајноста треба да е загарнтирана. Сигурно не му е на администрацијата плата 1000 евра, ниту пак некој зема посебно толкава плата -администрација, не функционери -или назначени лица.
А од друга страна како пример, парите на матичните исто се од буџетот, но колку и како добија, никој не знае -оние префрлања од фондот. Ниту колку чини (поени или пари) едно боледување, една рецепта -Дали одбиваат во средства или во поени, докторите (оние од здравствен дом, а сега полу/приватизирани) многу тешко даваат рецепти.

Мислам дека колку е просекот во РМ, толку е просечно во администрација -пошто поголемиот бој вработени (и секако пријавени) се таму-тие го влечат просекот.
 
не земаат толку. Пратеници, министри и судии земаат околу 60,000, а претседател на држава, собрание и други вакви високи фукции земаат околу 80,000

Плус консултантски услуги за други министерства:) Ланчано си ги вртат нашите пари,важи системот на-ти-го-дај-ми-го.
Кога ќе направиме сума сумарум,претседателската плата е навистина смешна.
Ова само од буџетот,настрана од членство во управни,надзорни одбори,странски агенции,дрн дрн јариња:)
 
Е тоа да. Пратениците покрај основната плата сигурно земаат уште пола од тоа, од членство во анкетни комисии, работни тела.... плус ако се во раководство на партија... им се собира фина сума.
 
Е тоа да. Пратениците покрај основната плата сигурно земаат уште пола од тоа, од членство во анкетни комисии, работни тела.... плус ако се во раководство на партија... им се собира фина сума.

Ај некој од нас нека влезе и сите да не собере на куп.Може од внатре полесно ќе можеме да им ги тргнеме столиците додека се станати:smir:
 
Ај некој од нас нека влезе и сите да не собере на куп.Може од внатре полесно ќе можеме да им ги тргнеме столиците додека се станати:smir:

Всушност и никогаш не седат на тие столчиња,4 години се релативно кратко време за калапење добар капитал,а секое седнување на стол само го успорува нивното “печалење“.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom