ДОСТА ДРЖАВНА АРИСТОКРАТИЈА!
Македонија се најде до грло во вода откако ја удри бранот на светската економска криза.
Стопанството, и без тоа анемично, сега се дави во долгови, а голем број фирми веќе потонаа.
Власта, на која и требаа неколку месеци за да ги отвори очите и да види дека не сонува кошмарен сон туку и се случува груба вистина реши да преземе мерки со замрзнување на платите и вработувањата во државниот сектор.
НА НЕКОИ ПОД МРАЗОТ ВИСТИНА ИМ Е СМРЗНУВАЧКА, АМА НА ДРУГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ДРЖАВНАТА АРИСТОКРАТИЈА ИМ Е УБАВО. А како и нема да им е комотно кога се дел од привилегираните кои земаат европски плати- 1000, 1500 евра!
Па има ли смисла реформите во здравството и во судството да се сведат само на дебели плати?
Што има подобрено во овие сектори кои се финансираат од народниот денар во поглед на квалитетот на услугите кои се должни да им ги пружат на граѓаните?
Срамота!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Не сум против високите плати, но буџетарите мораат да бидат категоризирани и вреднувани подеднакво во секоја служба, и тука треба да почне штедењето. А кој смета дека трудот му вреди повеќе- нека повели во приватниот сектор да работи и привредува, па алал нека му се парите што ќе ги печали!