Љубовта нè менува?

  • Креатор на темата Креатор на темата SCORPIO__20
  • Време на започнување Време на започнување
Епа вака ..
До пред некое време , многу бев затворена , слабо комуницирав со луѓето , едноставно имав глуп карактер и се мразев поради тоа.
Пред извесен период , се фатив со момчето што сме сега заедно и на почеток карактерот не го менував, си бев иста , ама кога видов дека можам да го загубам поради тоа , почнав да се менувам .
Сега сум друга личност ( Ок , не целосно ) , ама имам навистина подобар карактер , поотворена сум со луѓето и сл.
Сакам да кажам ..да не беше он , немаше да се сменам на подобро.

И секако сум благодарна поради тоа ..
 
Никогаш не би го кажал тоа "благодарам", бидејки верувам дека човек кој веќе си има изградено своја персона, неможеш да го промениш, ма колку и да сакаш. Исто така е крајно глупаво да му кажуваш на некој како ти си го променил и си го направил човек, ко да си негов месаја, спасител.

Јас имам да кажам "благодарам" на многу луѓе во мојот живот, но не затоа што ме смениле (тоа не е возможно како што реков) туку затоа што биле/се дел од мене.
 
Никогаш не би го кажал тоа "благодарам", бидејки верувам дека човек кој веќе си има изградено своја персона, неможеш да го промениш, ма колку и да сакаш.

Секоја личност во нашиот живот влијае на нас, сакале ние или не.Влијае.Не знам колку со ова сега се согласуваш но јас сум сигурна дека е така.На различни начини, секоја личност има свој придонес во тоа што си ти.Да-секој е различен, си има карактер, став, навики, однесување...но сето тоа е (како што самиот кажа) изградено.Значи, таа персона се гради под влијание на други.А самата е највлијателна(иако звучи малку смешно).
Значи...можеби не би кажал или не го мислиш тоа „благодарам“ за да го кажеш некому но сигурно дека „благодарение“ на таа личност (понекогаш и на самото нејзино постоење) ти си тоа што си (мислам на одредена твоја особина).

Ако грешам, во ред.Секој со своето мислење.
 
Да и јас сакав да кажам , дека тоа благодарам на личноста , значи дека сме благодарни што имала некакво влијание врз нас , не дека истата не сменила целосно.
 
Да и јас сакав да кажам , дека тоа благодарам на личноста , значи дека сме благодарни што имала некакво влијание врз нас , не дека истата не сменила целосно.

И јас истото го мислев.:)Да се надоврзам...Ако некоја личност не променила, не значи автоматски дека таа личност имала таква намера т.е. дека сакала да не промени.
 
Секоја личност во нашиот живот влијае на нас, сакале ние или не.Влијае.Не знам колку со ова сега се согласуваш но јас сум сигурна дека е така.На различни начини, секоја личност има свој придонес во тоа што си ти.Да-секој е различен, си има карактер, став, навики, однесување...но сето тоа е (како што самиот кажа) изградено.Значи, таа персона се гради под влијание на други.А самата е највлијателна(иако звучи малку смешно).
Значи...можеби не би кажал или не го мислиш тоа „благодарам“ за да го кажеш некому но сигурно дека „благодарение“ на таа личност (понекогаш и на самото нејзино постоење) ти си тоа што си (мислам на одредена твоја особина).

Ако грешам, во ред.Секој со своето мислење.

Мислев на тоа дека фундаментално неможеш да промениш некого, колку и да се трудиш. Можеш да му мењаш изглед, навики, начин на живот итн. Јадрото на личноста секогаш останува исто.

Сепак не мислам дека сум она што сум сега поради влијанијата на луѓето во мојот живот, туку поради одлуките што ЈАС ги имам донесено врз база на тие влијанија и моите лични ставови.
 
@Tender
Хехе , да точно , затоа што таа личност не влијаела врз нас директно,туку можеби таа личност не е ни свесна дека имала влијание врз нас..
 
Сепак не мислам дека сум она што сум сега поради влијанијата на луѓето во мојот живот, туку поради одлуките што ЈАС ги имам донесено врз база на тие влијанија и моите лични ставови.

Па јас истото го реков.Самиот ти си највлијателен т.е. ти одлучуваш.Но штом одлучуваш нешто врз база на одредени влијанија тогаш следува дека благодарение на тие влијанија ти си го одлучил тоа и си изградил сопствен став.:toe:
 
Сум за тоа дека некоја особина би можела да ја сменам додека сум со некој што го сакам и ненамерно ми ја наметнал или намерно ама сум сакала,зошто не би да мењам нешто кај себе ако не го сакам тоа!Ако ме сака ке ме сака таква како што сум,имам карактер имам свое јас кое несакам да го менувам ако на некого така му текнало па макар и да е личноста што ја сакам!

Е сега кога правиме муабет за ненамерно или намерно зошто јас сум сакала сум сменила само контрола над себе.Порано неможев да се контролирам кога некој ќе ме изнервираше,викав,се нервирав а со него сфатив дека е поубаво мирно да ги решавам проблемите да не покажувам нервоза и да враќам со зборови и мислења!Ме научи да сакам и да знам да го ценам тоа што го сакам.Да уживам како своја над своето...Научив да размислувам за секој збор кажан од личностите што ми значат и да ги препознаам оние кои навистина се вредни за моето внимание.Му благодарам за секоја особина и навика што ми ја створи зошто никогаш не се почуствував лошо поради нив.svetce:
 
Бла, бла, бла...Благодарна? На некој? Најчесто, ми се случувало кога сум била со некого, макар и за кратко, да почнува да се менува...Веројатно, од некој си никаков карактер да станува подобар човек. Не дека јас сум преземала нешто конкретно, туку ете, некоја глупава магија проработувала и одеднаш, сите сакаат (или несвесно се претвораат) во подобри луѓе, и наместо да ценат, да се заблагодарат, како што е и целта на темава, тие ме обвинуваат зошто веројатно имаат проблем со својата личност или нешто такво. И сега, јас, наместо да бидам среќна што сум успеала вака или онака да направам некого подобар човек, треба да се обвинам себеси и покрај нивните обвинувања? Благодарам, ама не. Врз основа на таа теорија, јас не се менувам за никого. Никогаш не сум се менувала. Или ме сакаш каква што сум, или патот под нозе. Затоа, сметам дека во врска во која еден постојано се менува како што ќе дувне ветрот, или уште полошо, двајцата, настанува „љубовна“ монотонија. Секако, главната движечка сила која може да го смени човекот од корен, ако се одлучи за тоа е самиот човек.
Мислам дека бев повеќе од јасна.
 
Ако партнерот сака сам да се смени тоа е друго но јас не сакам да го менувам.Ако сум со него значи го прифаќам каков што е.И карактерот не може да се менува,да се модифицира да.
 
Да и јас сум ова што сум благодарение на една личност. На пример научив дека и јас можам да бидам трпелива за која што особина не бев свесна дека ја поседувам.Научив дека имам храброст да им се спротивставам на сите ако тоа е потребно само за да бидам со личноста што ја сакам.Научив дека никогаш не треба да му веруваш на некој кога ти вели ТЕ САКАМ, дека секогаш треба да бидеш претпазлив во животот.Научив дека никогаш не треба да трчаш по некого (затоа што ако те сака и вака и така ќе дојде).Научив дека секогаш треба да му го кажам она што сакам да му кажам а не да чекам да дојде време за тоа, затоа што некогаш може да е прекасно.
Научив...дека животот е суров.
И што е најважно научив да се ценам себеси и да рамислувам секогаш а не само по потреба.
Конечно открив што сакам во животот и благодарна сум му за тоа.
 
Da ljubovta moze mnogu da me izmeni kako so me izmeni sega premnogu sum smenet na podobro nekako pofleksibilnost se oseka vo mene sekogas sum nasmean raspolozen smiren znam deka nekoja devojka me saka misli na mene iako e daleku od mene,mi se slucuva da ja sonuvam koga ke se razbudam sabajle sum nasmeanko sekoj moze da me poznae deka sum zaljuben no veruvam deka ima i licnosti koj imat vrski a se nervozni a zosto e toa taka neznam mozebi radi toa sto so sila idat ili veke e navika pa gi pravi nervozni da se LUGE JAS SUM ZALJUBEN ZA DRUGI MI E GAJLE hohohhohoho TE SAKAM AMBASADORKE MOJA TI ME NAPRAVI SREKNO LETKAM KAKO ANGELCE :back::back::back:
 
Секогаш си имам бубачки во глава и пеперутки во стомак..Може да трае кратко, ама во тоа кратко време правам се за да ни биде интересно, значи сакам да предизвикам и да ме предизвикаат. Ако се чувствувам заљубено, тогаш се менувам да, насмеана сум до уши, 24/7 се смешкам, не се карам со никој, се ми е рамно..Значи битно е да те менува на подобро, а ен да те прави по извесно време посесивен и да слушаш само прашања од типот „кој/ј ти е тој/таа сега шо ти пиша? е каде си сега и со кого си...“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom