За тие што се занимавале/занимаваат со спорт - Првиот настап

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Токму како што гласи името на темата. Сте се запишале во клуб да се занимавате со некој спорт, сте тренирале и наеднаш доаѓа денот кога треба да го остварите вашиот прв настап.

Дали се сеќавате на вашиот прв настап, за клубот, за репрезентацијата можеби? Имавте ли трема? Како поминавте? Задоволни ли сте од настапот? Ќе го паметите по добро или по лошо? Се сеќавате ли на некои анегдоти можеби?

Бујрум, јас моите импресии ќе ги пишам понатаму.
 
Првата утакмица ми беше негде пред 5 ипол години,игравме против Лисиче кај ројтер,немав трема баш ми беше некако забавно се губев на терен(:)),ко за прв пат презадоволен,па по лошо,изгубивме 15:3.:smir:
 
Со оглед на тоа дека тренирав и карате и кошарка имам 2 дебитантски настапи.

Првин тренирав карате околу 6 год и првиот настап интересно ми беше и најдобар настап воопшто.
Имав само 8 - 9 години и дебитирав на Балканско првенство мислам дека беше тука во Скопје и освоив 4то или 5то место во кати поединечно. Многу малце ми фалеше за медал на првиот настап на големо натпреварување. За жал никогаш не го повторив успехот и не дојдов до медал, но во основа тренирањето ми беше повеќе како навика и пополнување време, никогаш не навлегов максимално во него.

После тренирав кошарка околу 2 год. На првиот настап влегов во второ полувреме и дадов еден кош, а после излегов. Во основа посакував многу повеќе да одиграм ама не добив шанса, така да и тоа за кратко време прекинав да тренирам.
Очигледно сум само за рекреативно спортување.:)
 
Не памтам првата пријателска утакмица. Али добро го паметам првото дебитирање во лигата на нас како кадети во Ракометната лига на кадетите.

Бев среќен што ни кажаа дека сме во лигата и со ке го играме првото коло. Тие беа В.В.Тиквеш од Кавадарци, имавме голема мотивација. Најпрво бевме заникаде со дресовите на голманите и со фластери си ги напишавме бројките од позади на блузата. :kesa: Тоа беше само 1 меч, потоа ни донесоа и дресовите. Тоа ке го паметам како голем срам. Кога излеговме во салата имаше малку деца беше чудно си се прашував ''еј играме во лигата"' тоа си го вртев во глава. Го видов судијата облечен од РФМ, чудно ми стана не ми се веруваше дека ке играме во лигата. Што беше најважно ми го спомнаа презимето во првиот состав, бев среќен. Првите минуто многу трема нозите ми се тресеа, имав една одбрана се опуштив, од клупата ми викаа Браво, добив повеке мотивација направиви уште една одбрана беше добро. Се опушти тремата и натпверато беше во тек, исто така и поната се беше добро. Натпреварот ке го паметам и кога во второто полувреме нивниот лев бек со скок и ми шутна малку настрана немаше избор неможев да се скријам и ме удри по јајцата:kesa:. Болеше уф си признавам тогаш ме извадија поради болки. :) резултатот беше 16 - 13. До крајта незнам точно уште колку имаше али не стигнаа и изнудивме нерешено 17-17. Интересно беше, ке го паметам овој настап на нас во лигата. Стварно беше добро, изигравме јако.

Од тогаш тремата се помалку и помалку се опушташе, само имав кога игравме со Металург имав малце трема али се опушти.
 
Бев некаде 10-11 години.Тренирав едно шест месеци фудбал.Бевме голема група од 35-40 деца,а од тие половина можеа да бидат избрани за да одат на натпревар.Игравме во Штип против Брегалница.Нема по што да го паметам тој натпревар,губевме 4-0 на полувреме и тогаш влегов во игра.Секако,ништо не се смени си изгубивме поштено и оттогаш одиграв уште 7-8 натпревари и се откажав. :toe:
 
Па почнав да тренирам фудбал уште како мал и прво тренирав за клуб кој не се натпреваруваше никаде официјално имавме само тренинг и пријателски натпревари.После на 11 години преминав во друг клуб кој се натпреваруваше во т.н Скопска лига бидејќи имаше 12 тима од кои 11 од Скопје и само ние од Куманово.Првиот настап го имав во 5 коло против Маџари мислам игравме не се сеќавам точно и влегов од клупа играв 10 мин онака опуштено водевме 3:0 не бев нервозен немав трема ништо за малку и гол да дадев ама ништо.Најголема трема сум имал во последното коло кога игравме со Скупи имавме исто бодови ама ние подобра гол разлика и таа утакмица одлучуваше кој ќе биде прв на табела и тогаш играв во прв тим и нормално трема да не погрешиш ама добро заврши на крајот 0:0 изигравме се изнапромашував некои 5-6 шанси ама се е добро кога добро ќе заврши и од тогаш до ден денес немам трема.
 
На првиот воопшто не се сеќавам, ама се сеќавам затоа прв пат кога играв пред цела сала публика игравме баскет за школо, трема воопшто немав ама многу бев напален копиљ и во прво полувреме имав 20 поени ама многу промашени и безвезе изгубени топки и затоа пошо се праев паметен си седев цела трета четвртина, и после кога влегов на крај глумев лудило и само додавав и на крај изгубивме 3 поена.И го паметам како лош настап бидејќи ми беше прв пред толкава публика и не бев искусен да играм пред толку народ
 
Досадно ми е ептен, ќе си пишам за сите мои први настапи досега :)

Првиот воопшто натпревар

Малку се сеќавам на овој натпревар. Имав неполни 8 години, на државно првенство за помлади и постари пионери. Се сеќавам само дека пливав 50 слободно, основата дисциплина со која се прават зачетоците во натпреварите во овој спорт. Малку бев исплашена, прв натпревар за толку мало дете, ехееее. Испливав како што треба, тогаш на тренерот му беше важно само стилот да го задржам, да не направам грешки за дисквалификација, да пливам по правила, дишењето да е во ред. Од тој аспект беше одлично, во групата завршив на 4то место, само не се сеќавам на кој пласман севкупно завршив, а ме мрзи да пребарувам по архиви. :uvo:

Прво учество на Балканско првенство

Букурешт, Романија. По Бошевска, Маленко, Стојановска, мојата генерација на пливачи беше можеби наредната на која се очекуваше многу, па сетоа тоа започна со ова првенство. По тројцава погоре, Македонија немаше освоено злато на БП 5 години. Додека го пишам постов ми навираат спомени од тремата што ја чувствував пред да скокнам во базенот на првата трка. Среќа, освоив злато и ми даде самодоверба на другите трки. Освоив и уште едно злато и сребро. Македонија собра вкупно 56 медали од ова првенство, бевме најуспешна нација, а во дневните весници излезе статија на главна дека Лила Филиповска си ја почешала долната.

Првото Европско првенство

2004та, Мадрид, Шпанија. Не планирав да одам на ова ЕП, но една другарка што имаше норма за 100 слободно се повреди и јас улетав во последен момент, филмски по малце .:pos2: Малку бевме изгубени во свемирот на ова ЕП, научени на дезорганизираност, проблеми со електроника, најава, 300 глупости на нашите првенства, наеднаш одиме во цивилизирана држава, се` е организирано под конец, не ни се веруваше дури како може да е вака средено. Дури и водата во базенот им беше чиста.:pos2: Не можев да спијам вечерта од трема, возбуда, станував, шетав по хотел, ужасно ми беше. Завршив 46та од 112, добар пласман за почетник.

Првото Светско првенство


Минатото лето, во Мексико, за јуниори. Кога ќе ги изоставам настрана патешествијата кои траеа севкупно 4 дена, за одење и доаѓање, благодарение на МАТ, на кои сум им бескрајно благодарна што сменив дури 5 аеродроми додека си дојдам дома и на крај да останам без пасош, ми останува уште едно огромно искуство и нови пријателства. Пливав повеќе дисциплини, пласманите ми варираа околу 38-60 место, најдобро поминав на 1500 слободно, 38ма, среќа, дисквалификуваа неколку :) Единствено што беше лошо е што температурата во Монтереј беше 50 степени, не смееше да се излегува надвор и се топевме додека стигнеме до базенот, иако имаше организиран превоз.

Првиот маратон

Полека почна да ми станува досадно со пливањето во базен (па само плочки да гледаш ќе ти се здосади мамицата :icon_lol:), почнав и маратони да пливам. Најголемо влијание на ова имаше и мојот нов тренер, кој е маратонец и ми ја пренесе љубовта кон маратоните. Првиот маратон го пливав во Охрид, 2,200 метри, не дека е маратон некој којзнае каков, повеќе е трка на отворено. Вистинскиот маратон беше на Хвар, 25 километра. Последните 5 километра почнав дури да халуцинирам, додека пливав ми даваа аналгини, витамини, јаглехидрати. Завршив на трето место, со ужасни болки во градите и грбот, неисончана околу очите и до пола чело :) и послаба 6 кила.



Есенва би требало да ја наследам капитенската лента. За настапи, ми фали уште настап на ЛОИ, кој најверојатно нема да се случи, затоа што јас сум пливач кој не се гледа себеси како турист. Кога одам да пливам некаде, одам за да победам, не да пополнувам место и да си го читам името во последните учесници или во дисквалификуваните. Затоа и ми пречи што на ЛОИ има повеќе туристи отколку спортисти, а се знае дека на ЛОИ одат само најдобрите.
Сега кога го пишував постов, направив една ретроспектива. Никогаш нема да зажалам што го одбрав овој спорт и му посветив дури 14 години од мојот живот. Некој ден, медалите и пехарите од ѕидот ќе ги снема, дипломите ќе пожолтат, ќе се искинат, но спомените, другарствата со луѓето од другите земји поготово, ќе останат засекогаш.
Непроспаните ноќи поминати во средување документации, научените неколку зборови на нивните мајчини јазици. Незаборавно ќе ми е кога ги учев да бројат до 10, да пцујат на македонски :tv:. Сето тоа ќе ми биде искуство плус во животот, а за излегување и дивеење до сабајле во град, имам време.
Мојот живот тукушто почнува.
 
тренирав мечување и колку се сеќава на првиот турнир, во првата борба остварив победа, но над прилично послаб противник :toe:

Токму како што гласи името на темата. Сте се запишале во клуб да се занимавате со некој спорт, сте тренирале и наеднаш доаѓа денот кога треба да го остварите вашиот прв настап.

Дали се сеќавате на вашиот прв настап, за клубот, за репрезентацијата можеби? Имавте ли трема? Како поминавте? Задоволни ли сте од настапот? Ќе го паметите по добро или по лошо? Се сеќавате ли на некои анегдоти можеби?

Бујрум, јас моите импресии ќе ги пишам понатаму.
 
Па првиот настап ми беше на карате.Имав малку трема но ја изработив цврсто катата и достигнав 4то место(малку ми фалеше за медал)
 
Тренирам индивидуален спорт,карате и секогаш ке се сеќавам на првиот настап т.е. натпревар.Не бев баш мала ама бев преплашена.Не ми беше страв дека ќе ме удрат,бидејки не беше борба ама кога ги гледав судиите во костими со знаменцата седнати на аглите од рингот....
Самиот спорт налага почитување на повозрасните и поискусните од тебе,а тие луѓе беа прилично искусни и добри во тоа што го прават.Ги следев како извежбаа сите натпреварувачи а мојата категорија беше меѓу последните,па додека ми дојде мене редот јас наместо да се опуштам се вкочанив уште толку.
Сепак кога си го чув името како по автоматизам застанав на линијата и почнав да вежбам,се исклучив скроз,ниту судии,ниту публика....ништо ни гледав ни слушав.
Завршив,си се поклонив и искрено бев малку разочарана бидејки знаев дека можам и подобро.најголемото изненадување ми беше кога ги прогласуваа добитниците на медали и кога си го слушнав името.Трето место беше ама јас се радував како повеќе од прво да е.
Во секој случај убаво е да видиш дека нешто за кое си се трудел дало резултати.
 
коа почнав да тренирам уште,после еден месец одма почнав и со утакмици,баш се сеќавам,за 91 генерација бранев,и прва утакмица против слога у горно лисиче игравме,ја 5 комада ги примив,не бев крив ја за голоите али ипак много беа:pos:
шо убо деби сум имал,али трема колку имав,лелее
нозе ми се тресеа
сеа се би дал да можам пак да тренирам,али тоа е,4 години ме мучат,ко божем иам нешо на срце,не смеам да тренирам ништо:tapp:
 
Ќе кажам сеа за два мои први настапи во два спорта...
Првиот е фудбалот...
Тренирав во Циментарница 55 средина...имав црни копачки бели гајќици и син дрес...играв 14ка...првата утакмица не се сеќавам против кој беше имав само малце трема не влегов одма прва постава ме ставиа малце покасно...влегов јас и одма гол постигнавме...имав една пречка од 15-16 метри и на крај како и да е победивме...не се сеќавам на резултатот...
Вториот спорт е ракомет кога играв за школото...
Во црвен дрес со бројот 6 играв лево крило...дадов 3-4 гола и бев стандарден во првиот тим стигнавме до финале каде што изгубивме 15-16 ама тренерот Зико напраи грешка шо не ме стаи да играм прва постава и тоа се одрази...како и да е колку толку стекнав некое искуство и во ракометот каде што во прва година средно еден ми бранеше и му ги свиткав наочарите коа шутнав(не беше намерно)
:salut:
 
Тренирав карате кај еден од најуспешните тренери во Македонија - Шуко тетово уште од прво одделение! Првиот настап ми беше во Куманово мислам и во ката и во ката тим и во борба! Ката и ката тим никогаш не бев толку успешен, а во борба знам дека освоив бронзен медал, се борев против дете што се викаше Виктор беше исто од Куманово (поздрав до него) само една глава повисок од мене исто и тој 92 година роден! Знам дека го победив со вкупен резултат 6-4! Во врска со трема, бев второ одделение, така што тогаш и незнаев што значи тоа да имаш трема:pos:

Исто сум имал настап во кошарка (за тоа сум чиста дупка:)) ама водевме повеќе од 40 разлика и тренерот не стави сите по малку да изиграме:)

Најмногу трема сум имал на турнир во фудбал со едно село до Тетово, бидејќи играв со и против луѓе постари од мене 5 и повеќе години, и не до толку трема од публиката, колку што ми беше страв дека ќе згрешам и ќе ме исмејат, ама после првиот и единствен гол што го постигнав, се си дојде на место:)
 
Кошарка
Не ми текнува баш кога беше првата утакмица ама се мислам дека со тие од Песталоци другиот тим игравме. Знам играв малку, после тоа влегов. Ми текнува за првиот турнир кога беше и кога настапив во прва петорка. Нормално имав трема, ама кога почнавме да се уигруваме ми отиде.

Бејзбол

Е тука му удрив многу мислење. Како ќе праам, што ќе праам. Јас и уште 2 другари бевме најнови таму, другите имаа играно, ама за прв натпревар помина добро. Не бевме во добар резултат, ама сепак се држевме. На крај изгубивме, ама затоа другите години ги растуравме. :)

Како и да е и двата настапи ќе ги паметам по добро, како нешто плус, "уште една сликичка во албумот."

п.с. Фросе, шо убави спомени ми разбуди. :)
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom