Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Спаѓам во првата категорија на членови кои имаат оставено нивни лични информации на форумов, слики по галерии, мсн, скајп, дата на раѓање, ми се знае и име и презиме. Не кријам ништо, не гледам сега за сега опасност од некого да се кријам со моите мислења. Џену Грл си е Џену Грл и на форум и во приватен живот, буквално истите мислења и ставови си ги имам, нема зошто да се кријам. Немам што да изгубам и ако некој од мојата фамилија ми ги прочита постовите, знаат што човек имаат дома, ми го знаат мозокот, размислувањата, ставовите.

Втората категорија на членови се членови кои не оставаат лични информации, не им се знае ни името, ни мсн ни ништо. Тоа се членови кои можеби не сакаат да бидат прочитани од трето лице како Митра на пример, туку како Џену Грл и затоа го гледаат форумов како место да си го искажат своето мислење. Не гледам ништо лошо ни во овие членови, мистериозни како што се наречени. Едноставно можеби не сакаат контакт со луѓе, не сакаат да знаат кој седи позади монитор и крај.

Сето тоа зависи од тоа како еден член го гледа форумов, дали како место на кое ќе запознае нови пријатели или како место на кое што сака навистина анонимно да си го искаже своето мислење.

Јас мајке ми не ти знам име и презиме :)
Ја сум отворен човек, кажувам име презиме адреса, дури и мобилен оставив на радио при 70 слушатели. Не ми чуе уво....ако некој сака да ме најде ќе ме најде без проблем, за добро за лошо тука сум, а ако некој сака да му варам кафе




БУЈРУМ :smir:
 
тие анонимните се корисни за во ЉиС:pos:
Во влегол во дуел неколку пати до сега, немам мака од никој,
сум бил давен, бесен, тепан, пцуен преку ПП, посебно од ArhangelOfDeath,
и продолжувам да ставам слики, да кажувам искуства, да барам совети за приватниот живот:toe:
 
Да си кажам за себе... не ми е срам да кажам свои лични инфомации.. но не ставам зошо се се индексира во гугл ... т.е пишете во гугл Mr.InF3ction.. бо Web првото нешто што се појавува е мојот мсн .. ник.. локација и глупости.. не би сакал моите лични инфомации да ги имам на интернет ...
И да по опуштен сум во постирањата не дека ако имам информации каде живеам...па ми е страв да не се појави некој на врата оти не сум му по ќеф некому...
едноставно си кажувам што сакам и каде сакам ... па ако му пречи некому .... има чистачи т.е супер модератори нека бришат:smir:

Едит:гледате... некој се навреди од првата реченица и одма DELETE

едитирано од супермодератор: Не се навреди никој, непотребен цитат, темата си оди во добар правец.
 
Јас спаѓам во првата група-не се кријам кој сум,имам слики во профил а на собиранки не доваѓам зошто најчесто се во Скопје а јас не сум од таму.
Имам оставено и дата на раѓање и слично
 
Втората група дефинитивно.Знам членови кои имале и проблеми во нивниот приватен живот заради тоа што го откриваат својот личен идентитет и влегуваат во дебати(повеќе би рекол вреќање и закани)па почнува мешање во животот надвор од форумот.Едино би можел да се здружам со некој што имам одлично мислење за него.

Пред се ова е виртуелно дружење и што е до мене најдобро би било да остане така поради тоа што личното запознавање може да ги сруши и добрите мислења што си ги имал за некои одредени членови.
 
Јас мислам дека спаѓам во првата група.Некои ми го знаат името и презимето(кој не знае може да си праша:icon_lol:),годините,место на живеење,мсн и сите други лични податоци.На собиранки не одам зошто не можан.А луѓето кои ги кријат годините или името едноставно не можам да ги сватан.
 
Припаѓам во првата група, со јавен идентитет, си кажувам име, имам и слики, немам проблем да се “покажам“ која сум, како сум. Сепак по одредени случки, преферирам повеќе детали само за себе да си задржам. Како и да е, повеќето знаат за мене што сум како сум, немам проблеми со тоа.
А луѓето што припаѓаат во анонимната група, сосема ги сфаќам, секој има право да си ја чува приватноста, крај краева, ова е форум, никој не е обврзан да дава детали од својот личен живот, ако тој самиот не сака.
 
Не се најдов ни во една група,некаде на средина,немам ставено слики ,имам скајп.Не дека ми е страв од некои структури поради моите ставови,пошто ако сакаат да те најдат, ќе те најдат.
 
Маж, згоден :toe:, симпатичен :pipi: и анонимен :kesa: би продолжил и понатаму анонимно да се дружи на форумов.
Одговара на сите реплики и дава свои мислења на повеќе теми и во повеќе подфоруми.
За себе вели дека е искрен во она што го пишува.
Не оди на собиранки, затоа што живее во внатрешноста.:motor:
Има пријатели на форумот и многу ги почитува.:olee:
Лесен е за дружење. Контактибилен е.
Шифра: Кралот Марко :helou:

исто......ама не вели дека е искрен туку е!!!

за пријателите и за другите почитта важи...инаку планирам да отидам на некоја собиранка:toe:

ама и не сум анонимус...знам...а и вие знаете:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Дали на анонимните им е срам од околината што може за нив да каже па го кријат идентитетот? Или пак поопуштени се во постовите и се можат да кажат и онака никој не знае кои се всушност тие.
И дали оние со јавен идентитет секогаш се комплетно искрени и баш се кажуваат на форумов, знаејќи дека може од околината и пријателите да бидат осудени и негативно да влијае тоа врз нив. Дали некогаш се покаале што го кажале идентитетот?

Зошто сте избрале да го кажете својот идентитет или пак зошто дел од вас не го кажуваат?

Сосема ги разбирам анонимните,посебно ако пишуваат искрено на форум за поинтимни работи кои не треба да ги знае секој.
А тие со јавен идентитет неверувам дека се секогаш искрени.
Јас не се кријам која сум,ама ретко некој од форумот да ме знае лично.И да ме знае не ми смета бидејки и онака повекето мислења ми се во музика,хит на денот и слично:)
Не сакам,а не ни чувствувам потреба да зборувам за лични работи
на форум,едноставно не се сите работи за во јавност.
 
Припаѓам во првите со јавен личен идентитет....... име,мсн,место на живеење имам оставено знаат скоро сите тоа а за слики и нешо подетално ако сакаат нека ме аднат на мсн не дека се плашам јавно да оставам слики туку навика ми е тоа... со повеќето форумџии кои ги имам на мсн имаме разменето броеви секојдневно се дружиме и повеќе знаеме еден за друг а по собиранки не сум многу...т.е сум ама да има собиранка организирана од администрација овие по 10-15 души не ми се нешо посебно а и не идат тие луѓе со кои сум поблизок :) a официјална собиранка организиерана од админи имаше само еднаш од кога сум рег и не бев во можност да дојдам и ондак то
 
Немам проблем јас со тоа...имам се оставено и сметам дека и другите треба така да постапат :toe: нема од кого да се кријат,посебно не од околината...се трудам да бидам најискрен и тоа што сум не да се фолирам со постови едно а во приватен живот нешто сосема друго...на собиранки одам и топ си поминувам :vozbud: :party3: така да кој сака да ме запознае нема да има проблеми :smir:
 
Член од првата група :)
Не сум од Скопје, ама многу често имам идено таму на собиранки.Има еден куп членови што ме знаат по име, презиме, мои карактеристики, па дури и мобилен.Кога ќе почнеш да се дружиш со членови и кога ќе запознаеш личности што ќе ти останат блиски нема потреба да се плашиш дека откривање на некои работи може да претставува некаква опасност.
 
Член некаде средина (ни ваму, ни таму :)).... Можете да најдете слики од мене во галерија, но до сега не сум бил на ниедна собиранка. А за контакти, може преку ПП, бидејки додека ги имав оставено ме додаваа непознати луѓе што ми делуваше нешто глупо.
 
Тие што не оставаат податоци мислат дека се kewl и мистериозни. Kewl huh?
Штета што на marsovka не и успеа.

А јас, уште кога сум се регистирал на форумот со мојот вистински прекар, нема повеќе што да коментирам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom