Нашиот личен идентитет на форумов. Јавен или анонимен?

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
На форумов има два вида членови.

Едните се форумџии со јавен личен идентитет. Ги имаат кажано своите лични податоци (кој повеќе, кој помалку), имаат оставено слики на профилите или во галеријата, се појавуваат на собиранки, се дружат со дел од форумџиите и слично.

А останатите се лица кои се тотално анонимни и со скриен индентитет. Никој не знае ни како се викаат, ни како изгледаат, никогаш не се појавуваат на собиранки, тотално анонимни се.

Дали на анонимните им е срам од околината што може за нив да каже па го кријат идентитетот? Или пак поопуштени се во постовите и се можат да кажат и онака никој не знае кои се всушност тие.
И дали оние со јавен идентитет секогаш се комплетно искрени и баш се кажуваат на форумов, знаејќи дека може од околината и пријателите да бидат осудени и негативно да влијае тоа врз нив. Дали некогаш се покаале што го кажале идентитетот?

Зошто сте избрале да го кажете својот идентитет или пак зошто дел од вас не го кажуваат?
 
па да почнеме од тебе... во профилот ти вика

За rossonerka

Биографијаwww.cv_rossonerka.com
Локацијауниверзумот ... прво кажи твое мислење па прашај ги другите:smir:
 
Горе-долу го иам кажано мојот идентитет,ама не целосно...Никогаш на форумов не сум тотално искрен секогаш иам нешто што го чувам за себе и што никој не треба да го знае тоа...за каење 85% се каам што го иам кажано идентитето(причината не ја откривам)
 
Мене ми е полутаен идентитетот, тие што ме знаат ќе ме познаат по никот само една буква замена од него и јас сум :).
Имам среќа што не го читаат форумов луѓево инаку што имам напишано овде ихихи, не за мене не е проблем тоа туку за другите. Ама јас не се плашам да се изразам како што мислам, не ми е проблем стојам зад секој мој збор.
Тие што читаат велат немој брате само имиња или прекари затоа пишувам со иницијали :pos::pos::pos::pos: .
 
Хммм...што знам.До сега да,сум зажалила неколку пати затоа што сум кажала која сум,од каде сум,зошто сум се претставила вистински,а не лажно и покрај тоа што сум можела да дадам сосема погрешни информации за мене.Во постовите најчесто сум искрена,во нив дел е преставен мојот сегашен начин на размислување,за некого можеби глупав,за некого не.Којзнае.Обично сите повозрасни ме гледаат како 14 годишна без мозок,ама :toe:.
Сметам дека е им е поубаво на оние кои што се тотално анонимни,на кои што никој не им го знае името,локацијата,бројот на годините и слично.Сметам дека тие се послободни во своите постови и далеку поискрени затоа што ем никој не ги знае,ем немаат воопшто ни причина зошто да лажат.Тоа е од една страна...од друга страна за дружење е подобро да кажеш кој си,од каде си,колкав си,да одиш на собиранки па таму муабети и триста чуда,е од таа страна според мене подобро е да имаш јавен идентитет.
Така да зависи...
 
Би дошла на собиранки:) но не би ставила информации од личен карактер тука не знам зошто that's just how i feel:nesum:
 
Не сакам да ставам лични информации,поради тоа што иам лошо поминато од тоа. Инаку се појавувам на собиранки таму можете да ме видите :kesa: :kesa: :kesa:
 
Па ми го знаат идентитетот сите, знаат колку години имам, никогаш не сум ги криела годините, не гледам ништо срамно или непријатно во тоа. Повеќето со кои сум муабетела виртуелно ги знам и лично, прекрасни се дружењата кога се собираат повеќе форумџии. Интересно е, не гледам зошто би се криела.

Што се однесува на она што го пишувам тука не е некоја тајна или некои длабоко интимни работи и немам причина да се вознемирувам кој би прочитал и дали би ме препознал утре на улица. Ете дури и аватарот ми е сопствена слика, ако си повеќе од 3 години зачленет на форум не можеш да останеш анонимец, а и подобро е кога те знаат.

Стекнуваш нови пријателства, можеш да му се обратиш на некого за помош, за било што, исто така може некој да те побара тебе ако си му потребен.
Некои од форумџиите ми го знаат и телефонскиот број, а ретко на кого од виртуелниот свет го давам, меѓутоа тука гледам кој како размислува и не ми претставува проблем да им верувам на луѓето.
 
на собиранки неодам... незнам ни јас зошто...со неколку форумџии се дружам интензивно, идеме некогаш на кајгана фудбал и то... лични информации, локација на живеење можеби ми знае некој и име...:vozbud:
 
Јас мислам дека сум еден од најотворените членови,
постојано ставам слики од мене на темите,
кажувам дешавки од секојдневниот личен живот.
Имам многу форумџии со кои што лично се познавам претходно, Велешани:helou:
со многу форумџии си имам разменето мејл и фејсбук,
не кријам кога некој ќе ме праша од каде сум, колкав сум, што учам, што возам итн:baeh:
 
Сите што ме прашале добиле и име/презиме/години/мсн/скајп/тел. бр;)

Форумов е за дружење бе ;) Мн. јаки фаци има !!! :pos2:
 
Имам кажано отворено кој сум и што сум, и немам проблем со тоа, ниту пак тука претставувам некоја испревртена вистина за мене, па после во приватниот живот истата да ми претставува проблем. Едноставно, каков што ме гледате тука, таков ќе ме видите и во живо. На собиранки сум бил, и ќе одам, а со дел од форумџиите веќе воспоставив и поинтензивни пријателства (мсн, мобилен, дружење...) од кои не сум зажалил досега (ќе се пронајдат, знаат кои се ;). Сметам дека и да не сакам да кажам ништо за мене овде, ако некој е решен да дознае, ќе го стори тоа, на ваков или онаков начин... Вака барем ќе знам дека од мене ги знае сите "потребни" информации. :smir:
 
Не го кријам мојот идентитет-дури едно време имав и слиќи на профилот, ама ѓи избришав.
*пишувам тоа шо мислам
*лични податоци немам оставено, зашто сметам дека нема потреба...
*знам дека некогаш и братми ми ги чита постовите па шо:lut:
:smeshko::smeshko::smeshko::wink:
 
Спаѓам во првата категорија на членови кои имаат оставено нивни лични информации на форумов, слики по галерии, мсн, скајп, дата на раѓање, ми се знае и име и презиме. Не кријам ништо, не гледам сега за сега опасност од некого да се кријам со моите мислења. Џену Грл си е Џену Грл и на форум и во приватен живот, буквално истите мислења и ставови си ги имам, нема зошто да се кријам. Немам што да изгубам и ако некој од мојата фамилија ми ги прочита постовите, знаат што човек имаат дома, ми го знаат мозокот, размислувањата, ставовите.

Втората категорија на членови се членови кои не оставаат лични информации, не им се знае ни името, ни мсн ни ништо. Тоа се членови кои можеби не сакаат да бидат прочитани од трето лице како Митра на пример, туку како Џену Грл и затоа го гледаат форумов како место да си го искажат своето мислење. Не гледам ништо лошо ни во овие членови, мистериозни како што се наречени. Едноставно можеби не сакаат контакт со луѓе, не сакаат да знаат кој седи позади монитор и крај.

Сето тоа зависи од тоа како еден член го гледа форумов, дали како место на кое ќе запознае нови пријатели или како место на кое што сака навистина анонимно да си го искаже своето мислење.
 
Маж, згоден :toe:, симпатичен :pipi: и анонимен :kesa: би продолжил и понатаму анонимно да се дружи на форумов.
Одговара на сите реплики и дава свои мислења на повеќе теми и во повеќе подфоруми.
За себе вели дека е искрен во она што го пишува.
Не оди на собиранки, затоа што живее во внатрешноста.:motor:
Има пријатели на форумот и многу ги почитува.:olee:
Лесен е за дружење. Контактибилен е.
Шифра: Кралот Марко :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom