Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Во ред, благодарам. Само што мислам дека повеќето од нас сме со одредена доза на резерва кога се работи за кучињата скитници. Се спомне ли куче скитник или ако го видиш, веднаш се помислува дека може да те нападне и нормално се оддалечуваме од нив. Истата сум и јас, затоа и се исплашив. Може кучето сакаше само да си игра, ама у тие секунди сешто поминува низ глава.
 
Nema nisto loso vo toa da se isplasis od niv, mnogu ugje taka se cuvstvuvaat. Zatoa e najdobro samo smireno odnesuvanje i najcesto se ke pomine bez nisto da se sluci.
 
Како да се изреагира кога веќе ќе дојдеш во контакт со куче скитник, ( смирено, да маваш по него или што?) пошто нели никогаш не можеш да знаеш што те очекува, а и не знаеш дали кучето е агресивно или ете како што прочитав погоре дека скитниците се помили од домашните кучиња и поретко напаѓаат?
Вчера попладнето излегов да прошетам, и на пешачки чекам да се запали зелено светло. И додека чекав, само нешто ме "удри" по дланката. Како се сецнав, се вртам гледам куче до мене. Ме душка. Се потргнав смирено, поминувам пешачки, кучево поминува со мене. На тротоар одам, држам дистанца од него и ова само доаѓа и скокна на мене :eek: и мрда со опашката, со муцката отворена, со шепите на јакната, нејќе да се тргне. Значи се исплашив у п.матер. Јас се поместувам тоа уште на мене:( Пошто никад се немам најдено у таква ситуација, само останав смирена, не го допирам, или удирам пошто не знам каква реакција ќе му предизвикам. Позади мене беа еден пар, женава ми вика смирено: Абе гледаш само си игра... Аха, само си игра и викам, а срцево у петици. И еден човек му викна на кучево, тропна силно со нога и ова си замина.
Обожавам кучиња, дома чуваме едно, ама овие скитнициве не ги можам. Секаде ги има. Ете вчера помогна тоа што бев смирена, а и кучево не беше агресивно ( ама од кај да знам ), ама па што ако почнеше да каса... Значи минутка може траеше настанов, а мислам дека 5 години ми скрати од животов. Од сеа и безбол палка ќе носам во ранец :mad:
Обожаваш кучиња, и дома имаш едно... човек да се запрепасти.
 
Ќути.. не знам зошто не му скокнав во прегратка на кучето скитник и не си го зедов одма дома.
Пошто огромна е разликата во куче скитник и тоа дома што ти шета... различен вид се човече!
Значи трауми доживеав, 5 години животов ми се скрати од констатацијава.
Штета, нема некој позади мене со нога да тупне по земја... може за 10 ми се скрати сега.
 
Фала. Ептен корисно беше сето ова од тебе. You go girl! (y)

:backa:
 
Многу пријателчиња скитници имам насекаде... се поштуеме.
 
Пред една-две недели во близина кај мене видов едно шугаво куче, младо. Едното око му беше полу-затворено, шуга јака имаше, мислам дека и отворени рани имаше на некои места, колку што можев на брзинка да го загледам. Се лижеше и отрча негде.

Пред три дена го видов истото тоа куче пикнато под една бетонска плоча, лежеше. Чудно ми беше пошто обично тамо никогаш не сум видел некои кучиња да лежат, ептен е забутано месото, а кучево не спиеше само лежеше и ѕиркаше. Си реков мора да му текнало да легне малце тука да се сокрие од ладново, дождов итн..

Ама после тоа секој ден кога го шетам моето куче го гледам ова како лежи тамо, можда воопшто не го ни напушта местото. На сабајле е тамо, навечер проаѓам пак е тамо. Еве сега поминав, тамо е, лежи. Мислам дека полека умира.
Што да правам?
 
Дај му храна. Ако стварно сметаш дека е шуга, можеш да набавиш верминтел апчиња, не се премногу скапи, ги има кај ветеринари, и дај му едно.
Кај се наоѓа? Кој град? Можеш ли да го сликаш?
 
Дај му храна. Ако стварно сметаш дека е шуга, можеш да набавиш верминтел апчиња, не се премногу скапи, ги има кај ветеринари, и дај му едно.
Кај се наоѓа? Кој град? Можеш ли да го сликаш?

Немам ни време ни живци да се грижам за кучето, да го хранам и слично. На почеток се обидов да го игнорирам ама секој ден го гледам тамо и ми влезе во глава..
Па мислев да не има некоја институција или нешто кај што можеш да се јавиш и да го средат, како овие Animal Police емисииве што се на телевизија. Се наоѓа во Скопје.

Иначе денес видов дека некој му оставил чинија со некаква храна внатре. Колку што видов храната ја немаше чепнато ама барем некој друг освен мене го видел па се надевам ќе му помогнат некако. Според моја проценка кучето е во лоша состојба и без да го згрижи некој и да му пружи медицинска нега не верувам дека долго ќе издржи.
 
Пиши им на фејсбук на "анима мунди" или "спас за животите",нека се обидат да го спасат,и тебе ке ти биде полесно,барем нешто си се обидел да направиш.
 
Пиши им на фејсбук на "анима мунди" или "спас за животите",нека се обидат да го спасат,и тебе ке ти биде полесно,барем нешто си се обидел да направиш.

Фала ќе се обидам да контактирам некој од нив.
 
Ме интересира каде треба да се јавам и која служба е наглежна за дислоцирање на агресивни кучиња. Во мојата улица има две улични кучина од кои посебно навечер едното е агресивно, дури и сака да касне, тука живеам цел живот а некогаш неможам дома да си отидам зошто некои комшии решиле да изиграваат квази љубители на животни зошто им е полесно да им даваат остатоци од ручекот и да не ги интерисира другите потреби на кучето и што тоа прави на улица. Значи не би сакал да преземам некои подрастични мерки (знаеме кои) ама ако не си го земе и дислоцира некоја належна служба :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom