MACEDONIA TIMELESS - TEMPLES 3

  • Креатор на темата Креатор на темата InternetMR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
Веб-сајт
uk.youtube.com
Macedonia timeless "Temples" spot 3
written and directed by: Milcho Manchevski
director of photography: Misho Ristov
music by: Kiril Dzajkovski
produced by: Elena Stanisheva
 
Добар е спотов само што не ја сфаќам поентата од 17 до 22 секунда :toe:
Некако преубрзан ми делува.
 
Back to the future :)..17-22 sek..
хмм.. ако добро забележав, тоа се риби во кесичките со вода..Најдобро е да се праша некој од форумџиите што пишуваат во Религија.. Рибата е еден од симболите на христијанството? ако не се лажам se upotrebuval како симбол уште пред крстот...а и движењето на лугето ми е недефинрано ..наназад.. хм.. глупаво ми е да толкувам:) ама некако претпоставувам дека има врска со зачувувањето на христијанството и вракање кон древното.. така е и името на спотот.. се однесува на храмовите
лично видување..би сакал да чујам и други коментари:)
ми се допага
 
Тапа е спотов барем според мене дома подобар ќе направам ..
 
интересно направено ми се допаѓа.
 
Обично не сум критички настроен, ми се допаднаа првиот и вториот спот, ама од овој сум само збунет... стари цркви, џамии и скејтборди и кеса со риби... Некој обид да се спои традиционалното со модерното... безуспешно и бледо. Никаква поента. Многу лошо...
 
Се согласувам со Иосоноитериста, ако првите две беа WOW, од визуелен поглед, ова третово клипче е неколку скали полошо, нафрлано, невкусно и клише, освен последните две три секунди со Матка. Како и да е, убава кампања, само сега прашањето е колку од оние странци (нели они ни се таргетната цел ) кои го погледнале спотот навистина ќе се намамат за да дојдат во безвременската земја?! Не многу, би рекол јас, затоа што понекогаш е потребно повеќе од добра маркетинг агенда и природни убавини. Потреби се луѓе кои ќе ја презентираат истата. Потребни ни се хотели кои се веродостојни на ѕвездичките што ги носат, а кај нас колку од оние со 5 такви, имаат базени во истите, да речеме. Или потребни се туристички водичи кои ќе знаат да го забават туристот, бидејки тој истиот сака да чуе и види нешто повеќе од богатата ни историја. Потребни се чисти патишта без дупки и ѓубришта околу. Потребно е Македонија да се сака себеси и да вложува во себе, за странецот кои ќе ги погледне овие спотови на Си ен ен, или било каде, да сака да ја сака истава, за догодина тој истиот да биде реклама па да пренесе на пријателите колку е Македонија навистина убава и вечна.
 
Back to the future :)..17-22 sek..
хмм.. ако добро забележав, тоа се риби во кесичките со вода..Најдобро е да се праша некој од форумџиите што пишуваат во Религија.. Рибата е еден од симболите на христијанството? ако не се лажам se upotrebuval како симбол уште пред крстот...а и движењето на лугето ми е недефинрано ..наназад.. хм.. глупаво ми е да толкувам:) ама некако претпоставувам дека има врска со зачувувањето на христијанството и вракање кон древното.. така е и името на спотот.. се однесува на храмовите
лично видување..би сакал да чујам и други коментари:)
ми се допага

Добро се е тоа ОК, меѓутоа ако сакале да ја доловат таа поента незнам дали ќе им успее. Кој гледач по гледањето (за прв пат) на овој спот ќе го воочи тоа? Мислам дека замислата да се направи религиска репортажа за Македонија во 1 минута е тешко неостварлива или барем во случајов невозможна.
 
Абе Милчо па и вие. Надреално е ова. Рибите уствари се умрени. Од Егејска Македонија се. А таа момата е од Охрид па сака риби. А нели во Охрид има цркви многу. Се е поврзано па и вие. Уметност. BRAVA BRAVA!
 
A пужавите? Само ние имаме полжави?
 
Спор? Клипов лета...цел е убрзан...

Абе тие се за баланс. Знаеш полжави а цел клип е брз. Апсурд. Виша уметност брат. Полжави - напредокот на земјата, скејтовите - младина, рибите - религија, женската - убавините. Абе си има се место.
 
Вториот највеќе ми се допаѓа :) Најдобар е
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom