Скопјани ќе се возат во 300 кинески автобуси

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Кинеската компанија Zhengzhou Yutong Group co ltd (Џенгџоу Јутонг Групација) е избрана за најповолен понудувач за набавување на 302 автобуси.
Ова, како што пренесува Макфакс, денеска го соопшти Министерството за транспорт и врски.
Кинезите понудиле основна цена за 302 автобуси во износ од 51.000.000 евра и соодветни технички карактеристики, меѓу кои и мотор Cunnungs EURO 5, вкупен број на седишта за 60 патници, автоматска рампа и генерална гаранција за 36 месеци.
Јавната набавка се однесува на 302 новопроизведени двокатни автобуси, од кои 300 од затворен тип и два од отворен тип за градски сообраќај, кои ќе бидат испорачувани во периодот од следните три години, по склучување на договорот за јавната набавка.
Останатите компании што учествуваа на тендерот имаат рок од осум дена да го обжалат решението.
Групацијата Zhengzhou Yutong Group co ltd е основана во 1963 година и има производствен капацитет од 120 автобуси дневно, а претставува најголема и технички најнапредна база за производство на големи и средни автобуси во светот чиј обем на продажба е рангиран на второто место зад „Мерцедес Бенс“.
avtobusi-dvokatni.jpg



A1


Уште ако им е квалитетот "кинески" ќе свршат работа :)
 
да не почнат да се распаѓаат по патиштата :)
 
Двокатни автобуси, боже...
Зашо, баш мислам дека ке бидат закон...Сите ке сакаат горе да седат, а ти доле ке си се оптегнеш...

п.с. Не ги лижете столчињата, од отровна пластика се!
 
ооооооооо боже прости им не знаат шо праат... пола има да бидат превртени... пола расипани... ама ај нека им е... нека се радуваат... зевзеци...
 
Лелее значи пак бираме некој од надвор да ни прави работи, а имаме кај нас фирма која е светски позната и може да ги направи тие автобуси. Сите викаат во економска криза треба да се свртиш кон домашните компании но очигледно кај нас не важи тоа.
 
Алал да и е на комисијата што го избра најповолниот понудувач, сите го заштитуваат домашното производство само ние се правиме најпаметни :toe:.
 
Ајт на здравје......толку беше од (само вербалните) декларации за поттикнување на македонското стопанство.:helou:
 
Алал да и е на комисијата што го избра најповолниот понудувач, сите го заштитуваат домашното производство само ние се правиме најпаметни :toe:.
Како што пишуваше во веста овие дневно произведуваат 120 автобуси! Нашата фирма гарант 120 за цела година не може да произведе. Плус требаше и некој гарантен лист од банка или сл. да биде доставен со понудата, а тоа само кинезите го доставиле...
 
Ајде... Сега сите експерти и за автобуска индустрија, банкарски гаранции, поддржување домашно производство. Тоа значи време за избегнување на темата, пошто кај и да ќе почне да се спомнува и Грујо и СДСМ-овците, и кој што направил и на кого му е колкав...
 
Ајде... Сега сите експерти и за автобуска индустрија, банкарски гаранции, поддржување домашно производство. Тоа значи време за избегнување на темата, пошто кај и да ќе почне да се спомнува и Грујо и СДСМ-овците, и кој што направил и на кого му е колкав...

Кампањата (со која ни ги отекоа....)

„КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКО’’

некаде по пат изгледа се изгуби!
 
Кампањата (со која ни ги отекоа....)

„КУПУВАЈТЕ МАКЕДОНСКО’’

некаде по пат изгледа се изгуби!
Не бе ја удавија бирократите со нивните неразумни процедури и постапки :toe:.
 
Зашо, баш мислам дека ке бидат закон...Сите ке сакаат горе да седат, а ти доле ке си се оптегнеш...

п.с. Не ги лижете столчињата, од отровна пластика се!
More јас би рекла не ги фаќајте со гола рака тракавици анбевете си:)
Имаше случаеви луѓе како заработувале некакви ми ти изгоретини на нозете и чиреви од носење кинески чевли
Не за друго имаме застарена опрема во здраството па не ќе можат да ви го дијагностицираат проблемот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom