Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
The Imposter (2012) Добитник на Бафта за најдобра документарка

Една од најуникатните приказни што некогаш ги имам видено. Ремек дело кое може слободно да биде и игран филм (ме чуди зошто некој до сега го нема направено). Се работи за сторија за тоа како едно момче исчезнува во Тексас во почетокот на 90тите и по 3 години друго момче пронајдено во Шпанија вели дека е тоа истото од Тексас. Што помалку знаете за филмот пред да го гледате тоа подобро.

Неверојатна мистерија со 100 пресврти од која би можело да се изработи прекрасен трилер. Еден од многуте коментари на ИМДБ: movie, which puts fictional thrillers to shame
 
Ме спопали мислењево и почнав да го гледам. Ај просветли ме кои беа тие 100 пресврти?

Од почеток јасно беше дека овој се преправа дека е Николас. Јас ниеден пресврт не забележав.
--- надополнето: 21 април 2013 во 21:44 ---
Ауф филмиште. Дефинитивно избрзав со заклучокот. И да, на две места останав со отворена уста.
 
Дали може некој да го најде The pervert's guide to ideology 2012 или бар, The pervert's guide to cinema 2006?

MV5BMTU0NjEyNjkwNV5BMl5BanBnXkFtZTcwNDEyNjU0OA@@._V1_SY317_CR0,0,214,317_.jpg

Вчера се даваше во кино, а да знаев дека го нема на нет, ќе отидев. :unsure:
 
Откако конечно целосно го изгледав The Buddha, топло го препорачувам. Приказната се раскажува од авторитетни личности, професори, поети, на одличен начин.

Околу целата идеологија, ме интересира колку неговите следбеници ги изменувале неговите ставови. На пример, Ошо ги надополнува. И има разлики од Сидарта на Херман Хесе, но суштината е таа.

У принцип ниедна идеологија не делува поприродно од оваа, не наметнува ништо, не се врзува за некаков Бог, последица е само на здраворазумност помешана со добрина и желба за среќа.

Штета само што ова е погрешно интерпретирано и се прави цел ритуал, за што е малку виновен и самиот Сидарта кој направил заедница/градба во која престојувале неговите следбеници, па оттука се направила некоја врста на ритуал и заедништво во целата приказна, која инаку треба да се спознае чисто индивидуално. Освен тоа, кога одиш на медитација во Скопје, прво нешто што треба да правиш е да гледаш во некој со вкрстени раце, едноставно ти посочуваат личност и ти кажуваат што да правиш, што сигурно не била идејата на Сидарта.

Само се прашувам што кога Сидарта би постоел во ова време, кога ја нема онаа понизност и соживот кај луѓето, ниту природата постои толку недопрена, на кои се базира неговата доверба и радост.

buddhastronger.jpg
 
A Place Called Chiapas

Филм за Запатистичка армија за национално ослободување на Мексико - организација на мајанското домородно население од јужно Мексико. Топло препорачан за анти-глобалисти, анти-капиталисти, анти-јенки и други „анти“....
 
Го изгледав исто The Imposter по препорака на форумот, интересен е посебно како се развива приказната, но она би било одлично сценарио за филм со малку елементи на драма и без нарација и интервјуа.

Инаку прееска го загледав овој на тубето.

Ме спопали мислењево и почнав да го гледам. Ај просветли ме кои беа тие 100 пресврти?

Од почеток јасно беше дека овој се преправа дека е Николас. Јас ниеден пресврт не забележав.
--- надополнето: 21 април 2013 во 21:44 ---
Ауф филмиште. Дефинитивно избрзав со заклучокот. И да, на две места останав со отворена уста.
Види ја бе... го прекинува филмот за да се расправа по форум, после го догледува со уживање :pos::facepalm:
 
Vice прават добри документарци..(y)Не добри,предобри.:pipi:

Очекувам да го имате гледано но сепак...:icon_mrgr:

Ако сакате да ви порасне Цвете,следите го примеров.:pos:

Има премногу,гледајте тоа што ви одговара.:)
 
The Imposter (2012) Добитник на Бафта за најдобра документарка

Една од најуникатните приказни што некогаш ги имам видено. Ремек дело кое може слободно да биде и игран филм (ме чуди зошто некој до сега го нема направено). Се работи за сторија за тоа како едно момче исчезнува во Тексас во почетокот на 90тите и по 3 години друго момче пронајдено во Шпанија вели дека е тоа истото од Тексас. Што помалку знаете за филмот пред да го гледате тоа подобро.

Неверојатна мистерија со 100 пресврти од која би можело да се изработи прекрасен трилер. Еден од многуте коментари на ИМДБ: movie, which puts fictional thrillers to shame
Прочитав некни за овај на кајгана порталот и сместа го спуштив (BDRip 2.6 GB :vozbud:) само не ми е гледан уште :)

Нешто што можам да ви препорачам е следново:

1. http://www.hungryforchange.tv/
Поширок поглед на денешната исхрана во светот, пред се во Америка. Како го трујат народот со нездрава храна и со реклами и лажни етикети, кои немаат врска со вистината. Последиците ги знаете.

2. South Korea: A nation to watch
10oi1z6.png

Нешто за мојата омилена земја, како од сиромаштија и урнатини од корејската војна, за 40 години прерасна во економско чудо и во земја која во секој поглед е општество за пример, погледнете и нема да зажалите. Ја има на YT целата.
 
Многумина од вас може го гледале Zero Dark Thirty очекувано на слична тема (акцијата за факање на Осама) има многу документарни филмови.

Еден од подобрите кои ги имам гледано е Seal Team Six изработен за National Geographic искрено може е и подобро да се гледа само документарен а не е игран филм на темата за да се избегне дополнителната драма која американците ја форсираат за акцијата. Иако поради тоа што повеќето настани кои се опишуваат се класифицирани како тајни не знам ниту дали може да се нарече документарна ама сепак веројатно овде му е местото на овој пост !

Ете за оние кои ги не сакаат да бараат по торенти го има и на YouTube
 
дечки некој да сугерира документарци за крстоносните војни ??
може и линк од видео или торент да прати по пп :)
 
Откако конечно целосно го изгледав The Buddha, топло го препорачувам. Приказната се раскажува од авторитетни личности, професори, поети, на одличен начин.

Околу целата идеологија, ме интересира колку неговите следбеници ги изменувале неговите ставови. На пример, Ошо ги надополнува. И има разлики од Сидарта на Херман Хесе, но суштината е таа.

У принцип ниедна идеологија не делува поприродно од оваа, не наметнува ништо, не се врзува за некаков Бог, последица е само на здраворазумност помешана со добрина и желба за среќа.

Штета само што ова е погрешно интерпретирано и се прави цел ритуал, за што е малку виновен и самиот Сидарта кој направил заедница/градба во која престојувале неговите следбеници, па оттука се направила некоја врста на ритуал и заедништво во целата приказна, која инаку треба да се спознае чисто индивидуално. Освен тоа, кога одиш на медитација во Скопје, прво нешто што треба да правиш е да гледаш во некој со вкрстени раце, едноставно ти посочуваат личност и ти кажуваат што да правиш, што сигурно не била идејата на Сидарта.

Само се прашувам што кога Сидарта би постоел во ова време, кога ја нема онаа понизност и соживот кај луѓето, ниту природата постои толку недопрена, на кои се базира неговата доверба и радост.

buddhastronger.jpg

Се сложувам
 
http://www.youtube.com/channel/UCHCE1MjAmMSBExyBtowy4Ow

ЈуТјуб канал на кој се собрани доста добро и професионално направени документарци во кои се опишуваат почетоците и дејствијата на италијанската, еврејската и ирската мафија во Америка како и поедини ликови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom