Кавга меѓу Амди Бајрам и новинарите

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
295
Амди Бајрам ги нападна новинарите

amdi_bajram.jpg
Скопје, 16 јуни (МИА) – Пратеникот Амди Бајрам денеска во Собранието на Република Македонија вербално ги нападна новинарите заканувајќи им се со физички напад поради тоа што тие не му земале изјава. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по инцидентот имаше средба со претставници на собраниските известувачи на која посочи дека парламентарниот дом се оградува и го осудува ваквото однесување на Бајрам.
- Поаѓајќи од основните принципи на парламентарната демократија во која самостојноста и независноста на новинарите и медиумите е sine qua non, ги осудувам и се оградувам од какви било вербални или други напади врз медиумите и новинарите. Се надевам дека последниот инцидент навистина ќе биде последен, бидејќи и како пратеници, и како парламент сме одговорни за остварување на демократските принципи, наведе подоцна во писмена изјава Вељаноски.
Инцидентот се случи додека новинарите на местото предвидено за медиумите земаа изјава од пратеничката Флора Кадриу. Бајрам, кој стоеше таму, во еден момент револтиран бидејќи новинарите не му бараат изјава, почна да вика и да се расправа со нив. Новинарите иако не сакаа да бидат вовлечени во расправа, кога Бајрам започна да ги навредува и да им се заканува ги свртеа камерите и диктафоните кон него.
Пратеникот, кој е дел од владејачкото мнозинство, ги нарекуваше новинарите платеници, ги обвини дека работат за ЦИА и оти и нему треба да му бараат изјави бидејќи и тој е претставник на народот. - За вас само тепање, да можам и ќе ве затворам, се закани, меѓу другото, пратеникот Бајрам.
Здружението на новинарите на Македонија најостро го осуди ваквиот непримерен однос на пратеникот Бајрам, особено вербалните закани со тепање и затвор. ЗНМ ќе се консултира за евентуални правни консеквенци. Здружението бара Амди Бајрам јавно да им се извини на новинарите, а претседателот на Собранието да се огради од инцидентот.
Од однесувањето на Бајрам се оградија и пратениците Џевад Адеми и Владо Бучковски. Адеми изјави дека како човек, како политичар и како пратеник се оградува од однесувањето на неговиот колега Бајрам и ги осудува сите такви настани и испади. – Тој треба сам да се извини. Попусто ќе бараме извинување ако тој не чувствува потреба за тоа, рече Адеми.
 
Амди е закон бе,одсега власта ќе му го “загнува“ на новинарите според потребите.:pos2:
 
Инцидентот се случи додека новинарите на местото предвидено за медиумите земаа изјава од пратеничката Флора Кадриу. Бајрам, кој стоеше таму, во еден момент револтиран бидејќи новинарите не му бараат изјава, почна да вика и да се расправа со нив.

Пратеникот, кој е дел од владејачкото мнозинство, ги нарекуваше новинарите платеници, ги обвини дека работат за ЦИА и оти и нему треба да му бараат изјави бидејќи и тој е претставник на народот.


Човеков е чиста забава. Колку години е "политичар" само. Не ми се верува како опстојува.
 
Nemozam a da ne kazam Cigan si e Cigan be dzabe e....:) Saka covekot slava .....
 
Nekoj od pratenicite izjavile deka na Amdi vekje mu pagjal shekjerot pa zatoa i se odnesuval kako pesok vo ochi da mu frlile :)
 
Човеков е чиста забава. Колку години е "политичар" само. Не ми се верува како опстојува.

Ех,како?Како опстојува Мурџо или Шарко во некое “бачило“,така и Амди во парламентот.
 
Го гледав на телевизија лудило е човекот да ме тужиш, да ме тужиш :pos::pos::pos:.
Тоа ти е човекот се чувствува запоставено никој од новинарите не го дружел и не му поставувал прашања :).
 
:pos2::pos2: звер е бе Амди...како само им се дере на новинарите...цццц...к*р го боли...:vozbud:
 
Море сега Амди има да ги тужи новинарите за медиумско запоставување,секако ќе извади потврда (како и сите од власта) дека западнал во депресија по инцидентот кога си играле “Бајрам“ со умот ова новинариве,оти не му побарале интервју.:pos2:
 
krivo mu e poso niso ne go prasuvaat novinarite pa uprskasve, se pokaza praviloto glupoto gi uci poglupite!
 
На Ју Тјуб треба некој да го стави панаѓурот...
 
Првпат нешто арно да каже човекот, треба почит за ова :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom