Српскo-бугарската политика во Македонија - ХIХ-ХХ век преку очите на руските конзули

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Моите почитаниа ама има ли овде форумджиа чиj дедо не е бил претрепан до смрт от бугари.Малце претерувате :)
А има ли овде татарчо што не е со наводно потекло од Македонија?
 
Моите почитаниа ама има ли овде форумджиа чиj дедо не е бил претрепан до смрт от бугари.Малце претерувате :)
Бреј што се зачуди ти толку за дедовциве. Секој трет-четврт старец може да ти каже за неговото искуство со бугарите, нема тука никакво претерување. Можам да кажам дека бугарската војска од 2 св. војна има изградено реноме тука во Македонија со своите испрашувачки методи нема тука ништо чудно и ништо претерано.
 
Брејкинг њус.

Србија никогаш не била окупатор овде бидејќи кога и да дошле се бореле против НЕМАКЕДОНСКА војска :smir:
 
Брејкинг њус.

Србија никогаш не била окупатор овде бидејќи кога и да дошле се бореле против НЕМАКЕДОНСКА војска :smir:

Ова болдираното виц е? Си слушнал за Вардарска Бановина?:helou:
 
Брејкинг њус.

Србија никогаш не била окупатор овде бидејќи кога и да дошле се бореле против НЕМАКЕДОНСКА војска :smir:
Со истата поента,ни бугарите,ни грците са били окупатори?!:smir::vozbud:
 
пропагандите си завршиле работа
арно ама сега вистината излегува на виделина
...

Така зборува Исидор Солунски
Монодрама од Јордан Плевнеш
Петре Темелковски
...Оди, оди од куќа на куќа. Од човек на човек. Од град во град. Од држава во држава. Од континент во континент. Од планета на планета. Од ѕвезда на ѕвезда. Оди...и речи им вака - Ѕидовите на срамот, веќе се урнати во некои делови на Европа. Еден ден, тие ѕидови на срамот ќе бидат урнати и во нашата распарчена и преградена земја. Ќе биде тоа ден, кога ќе бидете проколнати од името на непризнатите народи, што сте ги делеле на Берлинските конгреси, во капалиштето на Отоманската смрдеа Сан Стефано...со договорите во разни Букурешти и Версаи. Ќе биде тоа ден, кога Македонскиот бунтовен дух, ќе ги урне сите ѕидови на срамот ! Помеѓу ВАРДАР, ПИРИН И ЕГЕЈ !!! Зошто со илјадници години пламти во нас славата на Филип и Александар ! Со илјадници години немаме намера да се предаваме, ОТИ МАКЕДОНИЈА Е ПОСТАРА И ОД ГОРОЦВЕТОТ И ОД НОЖОТ !!! Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Оти во една наша црква откопан е зборот востание! Ќе ги искинеме сите бели знамиња, тие симболи на предавството. Ќе ја воскреснеме таја ДРЕВНА и СВЕТА земја, како најголем и најсветол цивилизациски Прометеј! Со илјадници години немаме намера да се предаваме! Ќе ги преораме гробиштата на идеалите и со коските на нашите мртви војводи ќе се претвориме во зурли и тапани, во нашето најсилно оружје. Со голи меса ќе ги искинеме жиците од границите ! Ќе ја обединиме и ќе извикаме ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА !
 
Со истата поента,ни бугарите,ни грците са били окупатори?!:smir::vozbud:


Значи кој е заклучокот ?

За да те окупира некој прво си требал да имаш држава :smir:

Окупација на Македонија почнува да се смета од неијзиното влегување во Краљевина Југославија па навамо.
 
Великосрпска пропаганда во Македонија

Организираната великосрпска пропаганда во Македонија датира од 1868 год.
Но до Берлинскиот конгрес таа уште не била прецизирана; по него и посебно по тајната конвенција (1881) со Австро-Унгарија, кога на Србија и биле затворени вратите спрема Босна и Херцеговина, Србија го свретела посериозно своето внимание кон Македонија.

817.jpg
Српските владици први во пропагандниот поход кон Македонија
Првите чекори на Србија биле барањата за отворање на српски училишта во Македонија и поставување Срби за владици во Скопје, Велес, Дебар, Битола и Охрид.

Србија посистемски ја шири својата пропаганда во Македонија, по српско-бугарската војна од 1885 год. Во 1886 год. за таа цел било организирано посебно друштво Св. Сава. Во негова надлежност била дејноста за ширење на српската просвета во Македонија.

Засилена е и дејноста на дипломатски план. Србија издејствува потпишување на конзуларна конвенција со Османската империја според која добила свои конзулати во Солун, Скопје, (1887) и Битола (1888).

Во 80-те год. на XIX век не зајакнета врз своја посебна црква во Турција каква имале Бугарија и Грција, српската пропаганда за да се инфилтрира полесно во Македонија ја бара соработката на оние македонски кругови кои биле еднакво незадоволни и до Патријаршијата и од Егзархијата и кои се бореле за своја македонска политичка, просветна и црковна самостојност, нудејќи им ја својата поддршка.

Така врз основа на оваа соработка во 1886 год. во Цариград е создадено друштвото Србо-Македонци, во чија програма е предвидено издавањето на весник на чисто македонски јазик. Весникот требал да се вика Македонски весник. Во програмата на друштвото стоело дека ќе се залага за обновување на Охридската архиепископија.

Истовремено контактираат претставниците на Тајниот македонски комитет во Софија и владата во Белград. Меѓу двете страни е договорена заедничка работа врз следниве основи:

1. Борба за обновување на Охридската архиепископија под заштита на Цариградската патријаршија;

2. Издавање на еден весник во Цариград под името Македонски глас на македонски јазик;

3. Отворање на училишта во Македонија во кои ќе се поставуваат учители што ќе предаваат на народен јазик;

4. За потребите на македонските училишта и народ да се печатат учебници и книги на македонски јазик.

Настојувајќи преку спомнатите кругови да осигури пат на своето влијание во Македонија таа во 1889 год. во Цариград го помогнала издавањето на еден буквар, а потоа и на читанка во кои 2/3 од текстот биле пишувани на македонски јазик, а 1/3 на српски.

Bukvar.jpg

Букварот од 1888 година кој го издава Србија за пропагандните потреби во Македонија

Со загнездувањето во Македонија, српската пропаганда ја намалувала поддршката на македонските сили што се бореле за независност. Од 1890 год. и таа трга по стапките на своите ривали во Македонија: пренесување на пропагандната активност под Министерството за надворешни работи во Белград и на ново отворените конзулати во Македонија постојано од година на година зголемување на средствата за пропаганда итн. Резултат на тоа - во почетокот на XX век таа има во Македонија 217 училишта и 9179 ученици.
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=7&pid=26&ppid=237&tid=2371
Брејкинг њус.

Србија никогаш не била окупатор овде бидејќи кога и да дошле се бореле против НЕМАКЕДОНСКА војска :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom