Великосрпска пропаганда во Македонија
Организираната великосрпска пропаганда во Македонија датира од 1868 год.
Но до Берлинскиот конгрес таа уште не била прецизирана; по него и посебно по тајната конвенција (1881) со Австро-Унгарија, кога на Србија и биле затворени вратите спрема Босна и Херцеговина, Србија го свретела посериозно своето внимание кон Македонија.
Српските владици први во пропагандниот поход кон Македонија
Првите чекори на Србија биле барањата за отворање на српски училишта во Македонија и поставување Срби за владици во Скопје, Велес, Дебар, Битола и Охрид.
Србија посистемски ја шири својата пропаганда во Македонија, по српско-бугарската војна од 1885 год. Во 1886 год. за таа цел било организирано посебно друштво Св. Сава. Во негова надлежност била дејноста за ширење на српската просвета во Македонија.
Засилена е и дејноста на дипломатски план. Србија издејствува потпишување на конзуларна конвенција со Османската империја според која добила свои конзулати во Солун, Скопје, (1887) и Битола (1888).
Во 80-те год. на XIX век не зајакнета врз своја посебна црква во Турција каква имале Бугарија и Грција, српската пропаганда за да се инфилтрира полесно во Македонија ја бара соработката на оние македонски кругови кои биле еднакво незадоволни и до Патријаршијата и од Егзархијата и кои се бореле за своја македонска политичка, просветна и црковна самостојност, нудејќи им ја својата поддршка.
Така врз основа на оваа соработка во 1886 год. во Цариград е создадено друштвото Србо-Македонци, во чија програма е предвидено издавањето на весник на чисто македонски јазик. Весникот требал да се вика Македонски весник. Во програмата на друштвото стоело дека ќе се залага за обновување на Охридската архиепископија.
Истовремено контактираат претставниците на Тајниот македонски комитет во Софија и владата во Белград. Меѓу двете страни е договорена заедничка работа врз следниве основи:
1. Борба за обновување на Охридската архиепископија под заштита на Цариградската патријаршија;
2. Издавање на еден весник во Цариград под името Македонски глас на македонски јазик;
3. Отворање на училишта во Македонија во кои ќе се поставуваат учители што ќе предаваат на народен јазик;
4. За потребите на македонските училишта и народ да се печатат учебници и книги на македонски јазик.
Настојувајќи преку спомнатите кругови да осигури пат на своето влијание во Македонија таа во 1889 год. во Цариград го помогнала издавањето на еден буквар, а потоа и на читанка во кои 2/3 од текстот биле пишувани на македонски јазик, а 1/3 на српски.
Букварот од 1888 година кој го издава Србија за пропагандните потреби во Македонија
Со загнездувањето во Македонија, српската пропаганда ја намалувала поддршката на македонските сили што се бореле за независност. Од 1890 год. и таа трга по стапките на своите ривали во Македонија: пренесување на пропагандната активност под Министерството за надворешни работи во Белград и на ново отворените конзулати во Македонија постојано од година на година зголемување на средствата за пропаганда итн. Резултат на тоа - во почетокот на XX век таа има во Македонија 217 училишта и 9179 ученици.
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=7&pid=26&ppid=237&tid=2371
Брејкинг њус.
Србија никогаш не била окупатор овде бидејќи кога и да дошле се бореле против НЕМАКЕДОНСКА војска :smir: