Улиците навечер се сигурни. Дали?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
My point was : )

Што има везе дал е гејски или не е ? Спреј било ... ме боли цеф дал е спреј ако ми го спаси гзот од ќутек ... или што ? ако го прснам со спреј ке ми рече *оооо педерски е со спреј ај прса у прса да се млатиме* ?
 
Дај боже јас да бидам со некого и да начекам некој манијак. Или да видам на некого да се пуштаат... Уф...

Taka mислеа и тие дечките во карпош 4, кога во сред населба, пред три кули со по 80 стана во секоја, еден манијак ги разбрца со нож....нема везе. онака само се надоврзав оти тоа ми падна на памет кога те прочитав.

Инаку не се. Ни од манијаци, ни од лудаци.
 
Од темава си отидоа 9 мислења поради офтопик.
Заборавете меѓусебни препукувања што е гејски а што не.
Овде дискутираме за безбедноста на улица, за многуте манијаци и за несигурноста навечер (а како што прочитав и преку ден).
Ве замолувам да не ги разгорувате страстите. Малку ни се манијаците по улици, па уште да земеме и ние меѓу себе да се закараме.
 
Воопшто не се безбедни.
Еве шо ми се деси пред некоја година!
Си седам јас и една другарка на клупа и идат еден човек околку 40 години.
И ми викат девојче да те замолам нешто?
И јас фала богу му викам ок кажи шо требит...
И пази сеа муабетов:Се кладев јас со еден другар дали имам женска.Тој ми рече ак имам ќе ми даел 1000 денари.И ај сеа да ојме кај него дома јас и ти и после тебе ќе ти дам 500 денари за работата.
Јас останав вака:shok:
Фаќање другарка ми за рака,станвење од клупата и шпринт да ме немат:icon_lol:
 
Нормално дека улиците не се сигурни, не само навечер, туку и преку ден.

Многу пати сум бил во ситуација да ме следи некој, али само терај си по патот.

Рекет ми имаат направено во 16:00 часот. :uvo:

И после ќе се чудат луѓето зашто децата носеле боксирачи, ножеви и триста тракатанци. :smir:
 
Taka mислеа и тие дечките во карпош 4, кога во сред населба, пред три кули со по 80 стана во секоја, еден манијак ги разбрца со нож....нема везе. онака само се надоврзав оти тоа ми падна на памет кога те прочитав.
Подобро да ме разбрца со нож отколку ништо да не превземам, затоа што џабе зборувам ако своите принципи не ги претворам во дела. И ова сериозно го мислам.
 
Подобро да ме разбрца со нож отколку ништо да не превземам, затоа што џабе зборувам ако своите принципи не ги претворам во дела. И ова сериозно го мислам.

таман работа ништо да преземеш. не ми беше тоа муабетот. мислам дека напишав дека на тоа ми текна прво кога го прочитав постот.

конкретно за случајот, девојчето било пред зграда. можело узбуна да напраи а не на дечкото од К3 да се јавува. ама нема везе. (онака го пишав)

Спреј му е мајката. Две недели да му е страв воздух да земе.
 
Дење не се, па ноќе. Џандар да има на две метра од мене, па не се осеќам сигурно. Пошо јбг, вашиот ценет 21 век е ова. Д голден ејџ, кога и цајканите качуваат девојки по коли. :wink:

...Не се безбедни. Факт.
 
За мене како машко безбедни се. Ако гледаме општо за девојчиња мислам дека не се.
 
Зависи кои улици. Може ке звучи бедно, офтопик, општо и несериозно, но стварно, зависи кои улици. Бидејки според мене, улиците кои се несигурни, се несигурни и дење и ноќе.
 
Манијаци ги има многу, ги имало и ке ги има секогаш.
Воопшто не е безбедно да се шета ноке сама по улици, посебно по сокаци и скратени неосветлени патишта, а тоа важи повеке за женските.
Сум имала доста незгодни ситуации со вакви суштества, многу пати. Следење, мастурбирање, свиркање, па еднаш и малку пожустра ситуација, тегнење за алишта со еден пијандура, али се испадна ок. Затоа има можеби една година веке, кај што си носам солзавец спреј со мене.
А најстрашно е што и џандарите сеа се никакви, еднаш Охрид во средношколските денови на сред бел ден дочекав и џандар да ми свирка и да тресе зелени. Бог да чува.
Треба пазење, многу.
 
Ништо не е сигурно а најмалку па улиците навечер. Не знаеш од која страна може да ти излета некој манијак. Барем во Скопје врие од манијаци.

Поделбата на машки и женски и на муабетот дека општо за девојчиња се опасни ми е ама баш никаков. Подеднакво сите се изложени на опасност.

До сега не ми се случило ништо сериозно, ама па некако и не сум дозволила да останам сама и да се ашкам по улици. Никогаш не сум носела ни спреј во ташна, а камо ли па подрастични мерки за претпазливост. Али за се има првпат, иако мислам дека стравот од несигурноста доаѓа најпрвин одвнатре кога слушаме вака било, така било..па психолошки си замислуваме нешто што се одвива во нашата глава и не смрзнува секогаш кога ќе излеземе од дома. Затоа малку повеќе самоувереноство своите способности, избегнување на темни улички и што поретко сами.
 
До сега не сум имала проблеми, или пак кога се укажале секогаш се случувало нешто и јас сум си потполно безбедна. Манијаци да, има насекаде. Имало случаи со другарките кога ќе ги следел некој, но фала богу ништо не им се случило. Не сакам да носам спрејови и слични работи, бидејќи тогаш го повикувам лошото, со самата припрема дека тоа ќе дојде... Да, гледам да не одам по темни сокаци и најчесто одам на места каде што има многу луѓе, де чувствувам побезбедно.
 
Улиците навечер се сигурни. ДА. Барем далеку посигурни од сите големи европски метрополи. Кога зборувате за сигурност на јавни простори, не го сведувајте тоа на манијаци кои ви праат мрсни муабети или ве следат и ви се гледаат во задницата. Уличните џепароши, таксистите кои пренесуваат млади девојчиња во спротивниот правец од кој девојчето нарачало, и слични изроди, се мислена именка за нас, македонците. И треба да сте среќни поради тоа... двајца-тројца манијаци, и некој изолиран случај, не прават генерално небезбедна околина. Но, секојдневни случки, богами, ја дефинираат истата.

Кога идеш низ Париз, водичите ти викаат да ги носиш документите под алишта, да се движиш во група, поготово во јавен превоз, на плоштади и на пазарски простори. Зошто додека еден ти продава приврзок од Ајфелова кула за пола евро, другиот веќе ти оперира по тебе... Пари, пасош, документи... И остануваш нелегитимиран во странска држава, едвај ќе стигнеш до конзулат, и едвај ќе ти дадат привремена легитимација... и ќе те депортираат по итна постапка дома.

И така сегде... и тоа не сред бел ден. За навечер, подзамислете.

И дај ви се молам, колку такви случаи имаме ние? И кај нас не било безбедно?

И запрашајте се, колку и наивно да изгледа, како се чувствувате побезбедни во 3 часот по полноќ... Кога поминувате на Рекорд и има паркирано две таксиња, или кога е паркиран џип со 5-6 специјалци?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom