Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
narod NEMA...trgni od toa, ima samo OVCI..., zarem mislis deka Harilaos Trikoupis imal narod zad sebe ??

Така е,или јас би рекол:

-ДАЈТЕ МИ ДРЖАВА,ЗА ЕДЕН ДЕН ЌЕ ВИ СОЗДАДАМ ИСТОИМЕН НАРОД ЗА НЕА,ИАКО НЕ СУМ ГОСПОД-
 
Ептен точно.


Претходната тема за Грчкото признавање, едвај 3 страни наполни со коментари, а темата Ванчо Михајлов или СДСМ-ВМРО преписките во еден ден прават по 20 страни.

Најкриво ми е за ова. Потполно истото го мислам.

Тие теми ги полнат бугарофилите и некои како месија и ајсвоман со бескрајни бош муабети...
тука уште со разглабањето на Братот се ти е јасно ..
едноставно нема шо да кажеш тоа е тоа ...
треба само некои кои не им се јасни овие работи да ги прочитаат, да се едуцираат ...
и треба овие работи да се шират ...
 
narod NEMA...trgni od toa, ima samo OVCI..., zarem mislis deka Harilaos Trikoupis imal narod zad sebe ??

Ние го немаме ни Трикоупис ни народот во моментов,доколку се наставуваме дефетистички, но првиот неможеме да си го создадеме без претходно да го “описмениме“ народот кој ќе даде таков човек.
 
Би сакал да ви напишам неколку интересни извадоци и мислења на странски аналитичари кои биле присутни во Македонија на крајот на 19 и претежно на почетокот на 20тиот век. Поточно не се неколку туку се многу , ама не ќе можам сите да ги напишам овде. Се извнувам ако темата не е прикладна за ова.

Професор Звииќ : „не тие не се ниту бугари ниту срби, но можат да станат едно или друго“.
Бенедто де Лука - пишува за романските ставови и гледишта на Македонија:
„во Македонија не постои чувство на љубов кон Татковината, туку само прикрепување кон нација за која секоја етничка група се чувствува врзана со крвни врски или за која мисли дека и припаѓа и треба да се стреми еден ден да се соедини со неа. Во Македонија има бугари, грци , срби, власи и кои повеќе ги има нека ги има, но нема Македонци кои ја сакаат Македонија и кои работат за напредок на својата земја, кои се стремат да бидат слободни и стопани во својот дом. Тие работат само кон приклучувањето на оваа или онаа држава...“
-Етичноста и Националноста....
Случај на задоцнет национаен развиток: изгледа дека на тоа се сведува мачниот процес на културното и политичкото ослободување на македонскиот народ меѓу на 19 и 20 век. Да се објасни тоа доцнење , значи да се објасни зошто на крајот на 19 век , движењето за јазичноста, црковната и управната автономија на словените од Македонија се нарекувало национален сепаратизам. Сепаратизам од кого, од што и во какви услови ? Нема ниту еден таков друг случај во балканската историја, иако проблемот на идентификацијта и на разликите се поставувал пред сите народи од тој простор.“
Стојан Новаковиќ - Русија :
„Овдешните литературни и политички кругови го пресретнувааѕ најчесто симпатично и со природан љубопитност по повод состојбата кава што е сеа во Македонија (се збори за Македонското друштво во Петроград и нвината програма вклучително со македонскиот литературен јазик).
Но бидејќи во овие кругови мнозинството свикнале Македонците да ги сметаат како дел од бугарскиот народ, овие сепаратистички македонски теории дејствуваат како новина, а понекаде будат и сомнение дека се од австриски извор , бидејќи Австрија ги штити словенските сепаратистички идеи на цепкањето на јазиците и дијалектите а Русија повеќе се стреми кон централизирање.“
-Аксаков во една прилика во периодот на „создавањето“ на Македонскиот литретурен јазик вели: „зошто вие не си го земете за литературен јазик своето македонско наречје, коешто е побогато од бугарското и поблиско (?) до нашето (руското).
-Разговор помеѓу Пространов и Мисирков :
„Види , таму има цела генерација која се развивала , рсатела и учела на бугарски, ќе прифати ли таа да се мачи на нов јазик?? Кој не се обидел не може да знае каква мака е да пишеш сериозни работи на Македонскиот дијалект, јас пишував , па знам на какви тешкотии наидував.“ - вели Пространов.
-ВМРО на Јане Сандански :
Партијата на Сандански ја составуваат „терористи ,социјалисти и антипатриоти“, кои го мразеле Сарафов, бидејќи тој настојувал да го реши македонското прашање во договор со бугарската влада. Спротивно програмата на Сандански , ненадејно донесена на последниот револуционерен конгрес сакала : 1) Револуционерите конгреси да не се одржуваат во бугарија.
2)Делгатите да бидат Македонци.
3)Комитетите да немаат никаква врска со владата во кнезовството.
4)Да не се испраќаат чети од бугарија.
-1897 Света Симиќ :
„треба да се има предвид дека во Македонија со називот србин или бугарин не се врзуваат оние традиции и оние идеали кои ни се драги на нас во србија или пак соодветно во бугарија. Со тие НАЗИВИ повеќе се означуваат партии кои - од одредени причини- гравитираат кон србите или кон бугарите и борбата која тие ја водат изгледа е повеќе од партиски одколку од национален карактер. За самите Македонци може да се каже дека и тие така ја сфаќаат таа борба.“
-Виктор Берар во 1987 вели :
„Турците, грците и бугарите, муслиманите и православните и расколниците (егзархистите) би изгубиле премногу со разбудувањето на македонското чувство!“
-Брајлсфорд :
„Секојдневно угнетување од кое тие излегуваат уништени во духот, разумот, човечноста, а крајна одбрана против неподносливите свирепости е само лудило.
-Дархем пак вели :
„убиен интелект, згаснати чувства и морал , но таа негова „воловска апатија“ и припишува предност која го штити од секаков потрес“.
Ова се описи на Македонскиот селанец , во почетокот на 20 век.

Би ви ја препорачал „Динамитот и полумесецот“ од Марко Дого
иако е малку тешка за поднесување и пратење, не возбудлива и пренатрупана со информации, меѓутоа во неа ете би можеле да прочитаме многу странски гледишта на Македонија , настаните и заговорите кои тогаш се случувале во нашата Татковина и како поука од ова :
треба ли и ние да ги повторуваме истите грешки и не би требало ли да се засрамиме дека ја водиме истата борба и не сме мрднале ни чекор напред иако имаме милион пати подобри услови од тогашните борци за Македонија ?

Ова го барав низ книгата :
Незапирливото пропаѓање на Отоманската империја најавувало и скорешна територијална прераспределба на Македонија , а таа требало уште тогаш да се подготви и да се втемели со освојување на души, душите на Македонските словени.

И исповеста на еден крчмар од Западна Македонија која ја запишал Виктор Берар :
„...Ние останатите , само да не сме повеќе под турчинот, многу ни е грижа за србија и бугарија! Нашите татковци „биле“ грци и тогаш никој не зборувал за бугарите. Станувајќи бугари, постигнавме турчинот да не почитува и Европа да не поддржува. Ако треба да бидеме срби, ништо нема да ни пречи, но засега е подобро да бидеме бугари“.... :vozbud:
Што ли го натерло човеков вака да размислува и да се чувствува, можел да биде од секоја народност ,само да биде слободен!
 
Нешто заудара на форумов - да проветриме !!!

Што ли го натерло човеков вака да размислува и да се чувствува, можел да биде од секоја народност ,само да биде слободен!

Одбрав една реченица за да се знае дека тебе ти реплицирам, но не сакав целиот текст уште еднаш да види “бело светло“ овде на форумов! Зарем не сваќаш дека сите извадоци ти се од пропагандистички “документи“ од времето кога македонскиот народ покасно од другите заради објективни околности започнува да се формира како нација. И другите околу нас тоа не го започнале којзнае колку порано.Нашиот проблем бил што европските сили не можеле да се договорат околу своите интереси во Македонија, па ако не можела било која од нив за да не успее друга некоја, на крај Македонија ја оставиле најдолго под отоманското ропство.
Нормално е секој патриот ќе ги афирмира пред се позитивните вредности во врска со својот народ, а не во една ваква ситуација на оспорување самите да се девалвираме и да ги продлабочуваме сомневањата сами во себе.
Ова ако си Македонец, ако си нешто друго тогаш си како хиените, немаш храброст да се претставиш, па лажно претставувајќи се како наш овде :drk: шириш дефектизам, како оној психопат Љубчо Георгиевски синоќа во шоуто на Миленко !
 
Ние го немаме ни Трикоупис ни народот во моментов,доколку се наставуваме дефетистички, но првиот неможеме да си го создадеме без претходно да го “описмениме“ народот кој ќе даде таков човек.

за " описменување " го изгубивме моментот...требало да почне 1945 или барем 92..интензивно, сега не вади само некој виртуоз кој е спремен да му е главата во торба, со многу пари и пријатели,спремен џебовите да му се празни.......а таков нема......значи ќе не однесе водата, Бог дава три шанси..после се давиш... :)
 
Одбрав една реченица за да се знае дека тебе ти реплицирам, но не сакав целиот текст уште еднаш да види “бело светло“ овде на форумов! Зарем не сваќаш дека сите извадоци ти се од пропагандистички “документи“ од времето кога македонскиот народ покасно од другите заради објективни околности започнува да се формира како нација. И другите околу нас тоа не го започнале којзнае колку порано.Нашиот проблем бил што европските сили не можеле да се договорат околу своите интереси во Македонија, па ако не можела било која од нив за да не успее друга некоја, на крај Македонија ја оставиле најдолго под отоманското ропство.
Нормално е секој патриот ќе ги афирмира пред се позитивните вредности во врска со својот народ, а не во една ваква ситуација на оспорување самите да се девалвираме и да ги продлабочуваме сомневањата сами во себе.
Ова ако си Македонец, ако си нешто друго тогаш си како хиените, немаш храброст да се претставиш, па лажно претставувајќи се како наш овде :drk: шириш дефектизам, како оној психопат Љубчо Георгиевски синоќа во шоуто на Миленко !

Ти или си луд или си глуп а можеби и тренираш??? Ширам дефектизам како Љубчо ??? Дури ме треаш да препрочитам се што сум напишал за да сватам што те натерало вака да изреагираш на текстов кој го напишав во сосема спротивен контекст.
Сакав да сватите како Македонците се бореле да ние денес дојдеме до ова што го имаме, и зар би требало сега да се откажеме кога ни е веќе јасно дека не сме ниту бугари ниту срби ниту грци туку Македонци или пак свесно да ги повториме грешките кои нашите предци ги направиле? Откога ја прочитав цела книга , која е богата со вакви мисли, на луѓе кои дури и ги бранат, страните на тогашните пропаганди србија и бугарија , но сепак го кажуваат постоењето на посебниот Македонски народ и нивната борба против сите овие сили заедно и после се успехот да се создаде каква таквата преполовена Македонија која денес ја имаме ние! А тие од неколку кои ги напишав гледаш дефектизам ? Во која , во изјавата на Сандански ? Или ја прочита исповеста на крчмарот и го даде своето мислење?

И Хроничар, јас убаво знам зошто Македонија покасно ја започнала борбата за свој јазик и национална држава и под кои околности и со колку противници ја водела таа борба, само со таа цел ги цитирав мислењата на тогашните аналитичари, патеписци, конзули во Македонија.
Македонија и денес малку покасно води една борба за челнство во евроатланските алијанси , за разлика од своите комшии како и тогаш, а ние МАКЕДОНЦИТЕ треба да учиме од историјата. Сега се надевам ќе сватиш каде е дефектот.
 
Ima i mnogu pointeresni informacii od drugi politicari od vremeto pred i posle Charilaos Trikoupis, koi isto taka se vazni dokazi - ne samo za postoenjeto na Makedonskiot narod, tuku i politikata na sosednite drzavi koja bila i otvoreno protiv Makedonskiot narod.

Bratot, pozdrav za temata - imav i jas plan da ja otvoram istata i tuka.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom