Интернет на мобилен со брзина од 7,2 Mbps, видео повици за иста цена како и телефонскитe, oва е најновата понуда на T-Mobile за корисниците во Македонија. Се што ви е потребно е мобилен телефон кој подржува 3G технологија, а такви телефони се iPhone, BlackBerry, Nokia N95, Samsung F480, I900, Sony Ericsson C902 ... Како предуслов за пристап на 3G можностите е да се наоѓате во
3G мрежно покривања, кое за почеток ќе биде во поголемите градови: Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Велес, Куманово, Штип и Струмица, а подоцна мрежата ќе се прошири и во Кочани, Кичево и Кавадарци и во останата Македонија.