Менаџмент: Работа со некоректни работници

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Мотивот за надградба не е љубовта кон фирмата мотивот пак се парите т.е. очекуваните повисоки примања..но кај нас пак има отстапување и од тоа, колку повеке се усовршуваш единствена награда ти се само зголемените работни задачи. Или едноставно кажано...најголемиот број на наши работодавачи непознат им е поимот дека се треба соодветно и да биде платено и најчест одговор на прашањето колку луѓе имаш, одговараат со....„малку за работа а премногу за плата’’..ова за во приватниот сектор..


Работата на Македонскиот приватен сектор е многу покомплицирана од тоа. Додека во секоја нормална економија - приватниот сектор (и пред се малите и микро фирмите) е движечката сила, кај нас не е тоа случајот. Држава која не е подготвена да ти помогне, туку напротив; недоволно квалификувана работна рака со лош работен менталитет; генерално лоша бизнис околина... Знам случаи за еден куп приватници кои се трудат да го однесат бизнисот на степен погоре, ама не се во таква можност поради многу причини - како на пример невозможно високите давачки... Многу е лесно да се зборува за тоа колку се лоши газдите и колку малку плаќаат, ама ако се земе во предвид дека во поголемиот дел и тие едвај крпат крај со крај - се релативиира целата критика.
 
Петминутен курс по менаџмент

Лекција 1
Мажот влегува да се тушира , во тоа време неговата жена завршила .Се слуша ѕвоното .жената
набрзина ја наметнува бањарката и отвара .
Пред врата - соседот Боб. Само што ја видел и рекол: "Ќе ти дадам
800 долари, ако ја симнеш наметката". Размислила некоја секунда , жената го сторила тоа
и стои пред Боб гола. Боб и дава 800 долари и заминува.
Жената се враќа во бањата . "Кој беше?"
- прашуват маж и. "Боб, соседот", - одговара таа. "Прекрасно, -рекол мажот,
-тој ништо не ти спомна за 800 долари, кои ми ги должи?"
ПОУКА: поделете ги со акционерите информацииите за кредитите, инаку Вие
можете да се најдете во непријатна ситуација.


Лекција 2

Свештеник и предлага на монахиња да се повозат. Седнуваат во кола , и она шрефрла нога вр нога, а отстрана и се
гледа бедрото .Свештеникот со мака успеал некако да избегне аварија
Подоцна тој божем неприметно и ја става раката на нога.
Монахињата му вика: "Отец, Вие го памтите Псаломот 129?" Свештеникот си ја собира раката
По извесно време , тој пак ја става раката на нејзината нога.. Монахњата повторува:
"Отец, Вие го памтите Псаломот 129?". Свештеникот се извинува: "Простите, сестра, ".
Стасале до манастирот, монахињата тешкоо воздивнува и заминува.
Свештеникот влегол во храмот, го нашол Псалм 129. Во него пишувало: "Оди
понатаму и барај повеќе , ќе ја најдеш среќата ".
ПОУКА: Ако ВИЕ лошо ја познавате својата работа , многу можности
ќе ви поминат пред нос и ќе ве одминат.


останатите 3 лекции утре :helou:

 
се додека од примањата и заработките во приватниот сектор (30% од вкупно вработените во цела мк) се хранат и зимаат плата буџетарите (70% од сите вработени) во оваа држава нема да се достигне редот ксако во западно европските успешни земји. како може јас да работам и да заработам за мене и уште 2,4 буџетарци? како очекувате да вработам еден стручњак кај мене, и да му дадам 1000 евра плата за да ја купам неговата лојалност кон фирмата,кога тие пари ми ги зима државата, па јас морам да му дадам 200-300 колку за цркавица... прво тоа објаснете си го сами на себе, па после објаснете ми го модусот, како да им дадам пари на моите идни професионални вработени личности...
 
Петминутен курс по менаџмент

Лекција 1
Мажот влегува да се тушира , во тоа време неговата жена завршила .Се слуша ѕвоното .жената
набрзина ја наметнува бањарката и отвара .
Пред врата - соседот Боб. Само што ја видел и рекол: "Ќе ти дадам
800 долари, ако ја симнеш наметката". Размислила некоја секунда , жената го сторила тоа
и стои пред Боб гола. Боб и дава 800 долари и заминува.
Жената се враќа во бањата . "Кој беше?"
- прашуват маж и. "Боб, соседот", - одговара таа. "Прекрасно, -рекол мажот,
-тој ништо не ти спомна за 800 долари, кои ми ги должи?"
ПОУКА: поделете ги со акционерите информацииите за кредитите, инаку Вие
можете да се најдете во непријатна ситуација.


Лекција 2

Свештеник и предлага на монахиња да се повозат. Седнуваат во кола , и она шрефрла нога вр нога, а отстрана и се
гледа бедрото .Свештеникот со мака успеал некако да избегне аварија
Подоцна тој божем неприметно и ја става раката на нога.
Монахињата му вика: "Отец, Вие го памтите Псаломот 129?" Свештеникот си ја собира раката
По извесно време , тој пак ја става раката на нејзината нога.. Монахњата повторува:
"Отец, Вие го памтите Псаломот 129?". Свештеникот се извинува: "Простите, сестра, ".
Стасале до манастирот, монахињата тешкоо воздивнува и заминува.
Свештеникот влегол во храмот, го нашол Псалм 129. Во него пишувало: "Оди
понатаму и барај повеќе , ќе ја најдеш среќата ".
ПОУКА: Ако ВИЕ лошо ја познавате својата работа , многу можности
ќе ви поминат пред нос и ќе ве одминат.


останатите 3 лекции утре :helou:


Лекција 3
Една мисирка зборувала со бикот. "Јас мечтаам да се искачам на врвот од дрвово , - воздивнала таа
, - но во мене нема доволно сила ".
"Зошто ти не поколвеш од мојот измет? - и рекол бикот , - тој има многу хранителни својства
".
Мисирката исколвала малку од изметот на бикот , и тоа навистина и дало доволно сила за да се искачи на долните гранки од дрвото.
Следниот ден таа, изела уште, достигнала на вториот ред гранки . На крај,
четвртиот ден, мисирката гордо седела на врвот од дрвото. Таму ја забележал фармерот и ја прострерал од зад џбуњот.


Поука: манипулациите со „го*на“ можат да ви помогнат да се искачите на врвот, но не и да ве задржат таму.



--- надополнето ---

Лекција 4
Трговски претставник, секретарка и менаџер одат на ручек и наоѓаат
античка ламба. Ја протриваат, и од неа се појавува Џин, кој им вика: "Ќе ви исполнам по една желба, секому".
"Јас прва, јас прва!", - рекла секретарката. "Јас сакам во моментов да сум на Бахамите,и да не мислам ни на што". Пшш! Она исчезнува.
"сега јас, сега јас", - рекол трговскиот претставник. "Јас сакам да сум на Хаваите, да одмарам на плажа, со масажа, да пијам пинаколада и да “лудувам„ цел мој живот.
Пшш! и тој исчезнал.
"сега сте вие на ред", - му се обратил Џинот на менаџерот.
"Јас сакам , овие двајцава да се нацртаат во канцеларија веднаш после ручекот.

Поука: секојпат дајте му на вашиот шеф да се искаже прв.


--- надополнето ---

Лекција 5
Орел седел на дрво, одмарал и ништо не правел. Малечкото зајаче го вишло и го запрашало
"А можно ли е и јас да седам, како вас, и ништо да не правам ?"
"Се разбира , зошто да не", - одговорил орелот.
Зајчето седнало под дрвото и одмарало.
Наеднаш се појавила лисицата , го фатила и го изела.

Поука: за да седите и ништо не работите, потребно е местото за седење да ви е многу, многу, многу високо.
 
бајати поуки се ова бе.... да не речам децениски стари... убав копи паст си направил...
 
бајати поуки се ова бе.... да не речам децениски стари... убав копи паст си направил...
Тие што ги разбираат поуките имаат корист од тоа, а за бадијалџиите - во теми у ЧДА
и колку за твоја информација , иако немам намера со БИЛО КОЈ да се објаснувам - сепак ќе ти кажам - дека не се копи-пејст , тие се на руски и јас се потрудив да ги преведам и постирам овде. http://skillopedia.ru/material.php?id=5439

туку ај.....кој сфати , сфати, кој нееееееее....
 
Има три правила:
1.Менаџерот е секогаш во право
2.Ако некогаш менаџерот згреши
3.Сети се на прво правило!
 
Тие што ги разбираат поуките имаат корист од тоа, а за бадијалџиите - во теми у ЧДА
и колку за твоја информација , иако немам намера со БИЛО КОЈ да се објаснувам - сепак ќе ти кажам - дека не се копи-пејст , тие се на руски и јас се потрудив да ги преведам и постирам овде. http://skillopedia.ru/material.php?id=5439

туку ај.....кој сфати , сфати, кој нееееееее....

ако сум јас бадијалџија ондак незнам што да кажам... а поуките СЕ СТАААААААРИИИИИ.... и џабе си се мачел да ги преведеш кога ги има по многу сајтови, нај често во хумор поставени...
 
Млад бизнисмен е разочаран.му пропаднала доста важна продажба. Кога ја образложувале целата ситуација со менаџерот , со поткренати рамења рекол :
-Претпоставувам, тоа докажува, дека можеш да го донесеш коњот до поилото , но не и да го натераш да се напие вода од таму .
-Синко, - му рекол возрасниот колега - дозволи да ти дадам еден совет - твојата работа е не да го натераш да пие, туку да ожеднее.

 
една интересна мравја сторија

Прегледај го приврзокот 39795
Секое утро в рани зори пристигнувала на работа веселата и продуктивна Мравка. Таа имала добра работа и дејноста на фирмата била успешна, но ...
Прегледај го приврзокот 39796


Пчелата, генералниот директор на фирмата, решила, дека Мравката не може да работи веќе така. Било отворено место за менаџер, а назначен бил Бумбарот.

Прегледај го приврзокот 39797

Најважната основна задача на Бумбарот била да ја организира работата на Мравката. И тој ја натерал да прави отчети за секојдневната завршена работа.

Прегледај го приврзокот 39798

Па така се појавила неопходност да биде назначен и секретар на Бумбарот, кој ќе му помага во регистрацијата на отчетите. Затоа го најмиле-вработиле Пајакот, којшто ги класифицирал документите и одговарал на телефонските повици.


Прегледај го приврзокот 39799

за тоа време среќната Мравка работела, работела, работела ...

Прегледај го приврзокот 39800
Пчелата била презадоволна од извештаите- отчетите на Бумбарот и порачала дополнителни , анализи и прогнози. се јавила потреба од ново вработување - ја најмиле Лебарката како асистентка на Бумбарот.
... А исто така и да купат компјутер и принтер.

Прегледај го приврзокот 39801

Наскоро вредната и среќна Мравка започнала да се жали од сите анализи и отчети,што требала да ги изготвува и и станувало се помалку весело.пчелата помислила, дека треба да се превземат некои мерки . И на местото, кадешто работела продуктивната и се уште весела Мравка, бил создаден Оддел. За началник бил назначен Скакулецот. Тој си направил кабинет
Прегледај го приврзокот 39803

Мравката станувала се повеќе нервозна ... Еден ден Пчелата, разгледувајќи ги цифрите, разбрала, дека Одделот, кај што работела Мравката, веќе не е така рентабилен како порано.

За таа цел Пчелата ја вработила Совата како консултант. Совата поминала во фирмата три месеца и три дни и донела заклучок: "Во одделот има премногу персонал." Следејќи го советот на специјалистите направиле намалување на нивниот број.


Мравката се нашла прва на списокот, како најнезадоволна преку целото време.

ЗАТОА: не си ни помислувај да бидеш среќна и продуктивна мравка. Подобро биди некомпетентен и безполезен. На некомпетентните и безполезните не им требаат надзорници...И ако не можеш да се надминеш и продолжуваш да си продуктивен, за ништо на светот не покажувај, дека си среќен и весел. Никогаш нема да ти го простат тоа! И ако и покрај се си останеш весела и продуктивна мравка, работи над себе си така, да не си навлечеш на својот грб пчели,бумбари, пајаци, лебарки, скакулци и сови.










 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom