Менаџмент: Работа со некоректни работници

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Информациите се обезбедени од www.broker.com.mk

Сите менаџери наидуваат на работници кои едноставно се тешки за соработка. Постојат два вида на "тешки" работници - едните се постојано тешки за соработка, а другите се однесуваат лошо само во одредени ситуации. Сепак, работата на менаџерите е да управуваат со сите луѓе, па менаџерите не смеат да ги игнорираат и да кренат раце од комплицираните работници.

Кога малите деца сакаат нешто од продавницата, тие се недостапни за соработка, едноставно не ве слушаат, бегаат, викаат и слично. Слична е ситуацијата и со комплицираните работници. Тоа се работници кои негодуваат секогаш кога некој ќе рече нешто спротивно на нивните ставови. Кога луѓето ќе престанат да им се спротивставуваат, овие работници ќе ја прекинат кавгата.

Менаџерите мора да реагираат брзо на проблемите предизвикани од овие работници. Сепак, пред да реагираат, менаџерите треба да размислат за последиците. Брзината на реагирање зависи и од ситуацијата во која се наоѓате. Доколку некој од вашите вработени донесе пиштол на работа, нормално дека ќе треба да реагирате многу побрзо одколку кога некој не се вратил на време од паузата за доручек. Од време на време, менаџерите треба да го разгледаат списокот на работници и да се потрудат да ги откријат ситуациите во кои одредени работници се однесуваат некоректно и недостапно. До секое име на листата, треба да додадат прибелешки.

Менаџерите не смеат да потклекнат пред озборувања и гласини. Всушност, работниците кои шират муабети низ компанијата треба да бидат први на листата на некоректни работници. Сепак, одвоете време за да проверите дали има дел вистина во овие озборувања. Донесувајте одлуки базирани на факти.

Планирајте ги конфликтите со "тешките" работници. Во овој момент, искористете ги податоците од листата која ја направивте за ситуации во кои вработените се однесуваат на непријатен начин. Некогаш сте приморани да донесете одлуки за кои знаете дека ќе предизвикаат негативни последици врз однесувањето на вработените, па многу е подобро доколку спремни се соочите со тој проблем.

Судете според одредено однесување, а не според одредена личност

Вашата цел не е да ги нападнете сите кои се однесуваат лошо, туку да создадете ситуација во која луѓето нема да осетат потреба од остра интервенција. Користете ЈАС, а не ТИ. Пример. "Сакам секој од вас да доаѓа на време" е многу подобра опција од "Ти секогаш доцниш".

Лошото однесување не е секогаш резултат на лоша намера. Понекогаш може да се случи таквото однесување да е резултат на страв, збунетост, недостиг на мотивација, лични проблеми и слично. Дајте и шанса на личноста сама да изнајде решение за ваквите проблеми. Работниците се многу попродуктивни доколку и тие имаат удел во креирањето на решението за одреден проблем. Некогаш градењето на благосостојбата во организацијата оди постепено, но понекогаш работите можат да се поправат само со драстични промени.

Јасно е дека лошото однесување може да се избегне само со заеднички договор. За да се подобри однесувањето, работникот мора да се сложи со менаџерот околу новото решение, односно новата ситуација. Работникот мора да сфати што не чини кај неговото однесување и да увиди барем еден пример на добро однесување. Секогаш кога на некого му објаснувате дека нешто не е добро, поткрепете ја вашата изјава со пример за нешто што е добро.
 
Ова е тип на „разгалени работници“... Постојат санкции за секое работење во „неколективен“ дух и за „неконструктивен“ пристап...

Многу лесно се дифенцира квалитетот од спротивното. Ако работникот има време да „шири муабети“, значи му фалат обврски.

Секој менаџер треба да знае да направи пред се убава атмосфера за работа. Примероци има секаде и добар дел од нив „плачат да бидат санкционирани“.
 
Многу лесно се дифенцира квалитетот од спротивното. Ако работникот има време да „шири муабети“, значи му фалат обврски.

:icon_lol:
Потврдено и докажано. Барем по еден ваков примерок вирее речиси во секоја фирма.
Веројатно натоварување на ваков работник со дополнителни обврски ќе предизвика дополнителни негодувања и бунтови од негова страна, ама поентата во секој случај е да се пополни неговото слободно работно време што очигледно го има на претек. Значи поефикасна распределба на работните обврски во согласност со способностите на работникот. Прилично способен работник може да биде некооперативен и неефективен доколку е натоварен со обврски кои не соодветствуваат на неговите квалификации или кои за него не претставуваат достоен интелектуален предизвик. Уметноста е во успешно делегирање обврски и давање поголем удел на работниците во донесување значајни одлуки поврзани со нивната работа - работниците од првата линија обично се најблиску до корените на проблемите во секоја фирма.

Докажано, моќта и угледот на менаџерот, а со тоа и односот на работниците кон него во најголема мера зависат од начинот на кој тој се однесува и комуницира со нив. Пријателски, мотивационен однос кон работниците поттикнува многу повеќе напор и желба за залагање отколку тирански и застрашувачки начин на однесување. Работникот има потреба да биде пофален, уважен, награден за трудот - ова не секогаш се однесува на материјалните мотиватори. Многу често причините за некооперативниот работник лежат во неспособниот менаџер.
 
^ Во склоп на муабетот...

Во војска, војниците ги преместуваат камењата од еден рид на друг, постојано. На крајот на денот, и храната изгледа повкусна, сила за жалење нема, а сонот доаѓа веднаш.

Сепак, првата грешка, кај македонските работодавци, е што најспособните и најкорисните ги преоптоваруваат, а забушантите само зафаќаат место во канцеларија. Интересен текст, у секој случај... :jaj:
 
Има кодоши,алапачи,црвови,лешпери,кловнови,луѓе кои по цели денови спијат...значи работниците можат да се поделат повеќе од два вида.за разлика од нив има квалитетни и луди менаџери,повеќето се луди (или јас имам среќа да налетувам на такви).Кога „флексибилниот“ менаџер незнае што сака во следните 5 минути,сите работници се полуди од него.
Затоа денес е најтешко да се состави компактен тим кој ќе работи како еден.
 
Во Македонија постои чувство дека газдата „те искористува“ и дека се „богати на твојот труд“. Работниците не чувствуваат ни лојалност, ни долг кон институцијата за која работат, не чувствуваат дека треба да придонесат за да ја заработат платата и не размислуваат на тоа дека нивната добросостојба зависи од функционалноста на тој тим за кој работат... Затоа има мала продуктивност, климави проекти, нејасна хиерархија (која не смее ни да се помисли да се замени со вертикална мрежа - ќе настане невиден хаос:))...
Младите дипломирани работници се друг муабет, не се од старата ЈУ школа, со нив може и да се соработува... Ама што постар - тоа помали шанси има да е квалитетна работна рака. И како сакаш обраќај му се на таквиот, и што сакаш прави - тој ќе чека да дојде три ипол за да си отиде дома и ќе си чучи во истата фотелја така чекајќи пензија:)
 
Во Македонија постои чувство дека газдата „те искористува“ и дека се „богати на твојот труд“. Работниците не чувствуваат ни лојалност, ни долг кон институцијата за која работат, не чувствуваат дека треба да придонесат за да ја заработат платата и не размислуваат на тоа дека нивната добросостојба зависи од функционалноста на тој тим за кој работат.
Тоа е така затоа што платите се мизерни и одвај човек може да преживее, затоа нема лојалност, затоа нема припадност туку робување за мизерни плати.

Инаку ако нешто не е во ред не се криви работниците туку менаџерот секогаш, затоа што не можи секој кој што го завршил тоа школо менаџер да биде.
Кога одев на училиште луѓево со оружје доаѓаа на часови (не сите секогаш фигуративно понекогаш), правеа проблеми кај некои од професорите. Само кај професорот по пракса немаше никаков проблем. Дечките беа бад ас мадафакери ама клештата кога му ја подаваа му ја подаваа од страната на рачките и викаа повелете професоре. Тоа не беше така затоа што се плашеа од него или некој со сила ги натера, туку едноставно човекот беше многу добар менаџер, менаџираше добро со секоја ситуација, и со тоа си заслужи почит и го почитувавме :toe:.
 
Проблемот има една причина и едно решение...

Колку пари, толкава лојалност!

....друг мотив за работење, да не се лажеме.....не постои.
 
Во Македонија постои чувство дека газдата „те искористува“ и дека се „богати на твојот труд“. Работниците не чувствуваат ни лојалност, ни долг кон институцијата за која работат, не чувствуваат дека треба да придонесат за да ја заработат платата и не размислуваат на тоа дека нивната добросостојба зависи од функционалноста на тој тим за кој работат... Затоа има мала продуктивност, климави проекти, нејасна хиерархија (која не смее ни да се помисли да се замени со вертикална мрежа - ќе настане невиден хаос:))...
Младите дипломирани работници се друг муабет, не се од старата ЈУ школа, со нив може и да се соработува... Ама што постар - тоа помали шанси има да е квалитетна работна рака. И како сакаш обраќај му се на таквиот, и што сакаш прави - тој ќе чека да дојде три ипол за да си отиде дома и ќе си чучи во истата фотелја така чекајќи пензија:)
Мислам дека до пола ти е на место муабетот. Младите кадри кои доаѓаат се уште полоши. Прво се образовани многу полошо од старата Ју школа, а сепак ги имаат задржано оние карактеристики транзициски од своите родители кои ги спомна, да мислат дека газдата се богати на нивна сметка, дека е нормално да забушаваат, и дека се тие само на пропатување во таа фирма...
vone напиша:
Проблемот има една причина и едно решение...

Колку пари, толкава лојалност!

....друг мотив за работење да не се лажеме.....не постои.
Паричката има и друга страна. Колку лојалност, толку плата. Успешните фирми добрите работници се трудат да ги задржат. Оние кои не го прават тоа, наскоро пропаѓаат. Секоја добра компанија работникот кој го ангажирал, не го ангажирал директно на позиција одговорен, туку како амал. Ако тој се покаже како лојален, го унапредува а со тоа и плата качува.

И апсолутно не се сложувам со болдираното. Освен ако не се работи за чистење канализација, мотив за работење, речиси никогаш не смеат да бидат парите. Со таков став, ќе пати секој во животот, кој на работа ќе оди само затоа што мора да зема плата. Секако дека е тоа главен услов зошто се оди на работа, ама сфаќањето на работното место не смее да биде таков. Едноставно погубно е.
Мотивот мора да биде надградба, искуство, и уживање во тоа што го правиме.
 
Се слагам, Виктор. :)
Колку ние придонесуваме кон доброто работење на фирмата, а со тоа и до богатење на сопственикот, толку и истата придонесува до наш развој во струката, нормално ако сакаме од работата личен напредок. И највисоката образовна титула да ја имаш ако не си ја искусил праксата, се` е џабе.
 
Би можел да зборувам со саати и денови на темава.
Ама со самото тоа,
пошто зборам со виртуелни пријатели и секој може да го прочита напишаното, би го скршил професионалниот кодекс доколку дадам целосни,постоечки проблеми за пример,
а без нив текстот и објаснувањата едноставно нема да бидат целосни.

Основно:
македонците се мрзлива нација која што не знае да `игра` тимски`.
-Чудо едно колку многу црви и кодоши постојат(поготово у секоја една поголема фирма).
-Теткици на по 45 и јаче од кои што ќе го намразиш цел женски род,мрзливи до бесвест,крајно неодговорни и со алапача уста ко контејнер... ужас.
-незадоволни работници без можност за поправак... кои што едноставно шират негативна енергија и на кои што секоја плата,работно време и обврски не им одговараат
-шалабајзери кои што по некаква `линија` добиле `командна одговорност`
се само мал дел од сликата на секое едно македонско претпријатие.

Нивните пропусти,нештаслуци и смислени провокации и тужибабства, мораат и се надокнадени од здравиот дел на фирмата,т.е. од оние што работат.

Основната грешка,е што во фирмите не постои менаџер за човечки ресурси,надлежен за дообука и мотивација (или казнување) на вработените.
Он треба да ја одигра улогата на буфер помеѓу сопствениците и извршниот менаџмент и работниците во фирмата.
Кодошење...
мора најстрого да се забрани!
Се жалиш...
кодошиш...
сместа 30%.
Нема ти што да бринеш бриги за цела фирма у услови кога 90% од твојата работа не си си ја завршил.
Ама во Македонија...
таквите скотови се миленичиња на газдите.
И затоа генерираат
негативна клима за работа и слаби резултати.
:toe:
 
Паричката има и друга страна. Колку лојалност, толку плата. Успешните фирми добрите работници се трудат да ги задржат. Оние кои не го прават тоа, наскоро пропаѓаат. Секоја добра компанија работникот кој го ангажирал, не го ангажирал директно на позиција одговорен, туку како амал. Ако тој се покаже како лојален, го унапредува а со тоа и плата качува.

И апсолутно не се сложувам со болдираното. Освен ако не се работи за чистење канализација, мотив за работење, речиси никогаш не смеат да бидат парите. Со таков став, ќе пати секој во животот, кој на работа ќе оди само затоа што мора да зема плата. Секако дека е тоа главен услов зошто се оди на работа, ама сфаќањето на работното место не смее да биде таков. Едноставно погубно е.
Мотивот мора да биде надградба, искуство, и уживање во тоа што го правиме.

Aј да не се залажуваме со идеализирани приказни за компаниите таму негде во светот.....тука живееме и тука работиме..тука се игра по некои други правила......не викам дека нема и исклучоци -но ептен ретки

Мотивот за надградба не е љубовта кон фирмата мотивот пак се парите т.е. очекуваните повисоки примања..но кај нас пак има отстапување и од тоа, колку повеке се усовршуваш единствена награда ти се само зголемените работни задачи. Или едноставно кажано...најголемиот број на наши работодавачи непознат им е поимот дека се треба соодветно и да биде платено и најчест одговор на прашањето колку луѓе имаш, одговараат со....„малку за работа а премногу за плата’’..ова за во приватниот сектор.

Додека во државниот дел..е тек тука е циркус....колку сакаш труди се, надградувај се, учи итн џабе ти е се додека луѓето на клучните позиции (раководителите) се донесени по партиски клуч.
 
Проблемот има една причина и едно решение...

Колку пари, толкава лојалност!

....друг мотив за работење, да не се лажеме.....не постои.

ima samo uste eden pojak motiv: izvesnosta i postojanosta na parite...:)...KOLKU PARI e
na treto mesto, na vtoroto jako mesto e pozicijata vo sistemot... :)

inaku za dobar tim davam companija, bi rekol dobar menadzer, ne bi bil budala, znae deka so takvo nesto bi napravil dve...companii..:)
 
Добар опис на причините зошто пошто-пото се бара работа како буџетар.:helou:
 
Проблемот има една причина и едно решение...

Колку пари, толкава лојалност!

....друг мотив за работење, да не се лажеме.....не постои.
- делумно си во право , прво да ти кажам дека работам како менаџер и ако имам јак фонд за плати една третина од проблемите се решени.т.е. проблемот на мотивација и дисциплина. и покрај тоа потребен е индивидуален пристап кон вработените и сериозен менаџмент на обврските. во основа нема лоши работници само правилно и трпеливо работење со сите и од секој може да се извлече максимум . е сега прашање е имаат ли сите раководители , умеење , трпение и здравје за таков начин на работа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom