Шпанската компанија ИНВАЛ ќе гради три фарми на ветерници во источна Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата yin yang
  • Време на започнување Време на започнување

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Шпанската компанија ИНВАЛ ќе гради три фарми на ветерници во источна Македонија

veternici_stip.jpg

Ова се нацртите за студијата, а ова првите фотографии за идниот изглед на првата фарма на ветерници во Македонија, која од наредното лето шпанската компанија „Инвал грин енерџи“ се обврза да започне со градба во непосредна близина на Штип. Во содејство со Министерството за транспорт и врски и формираната фирма ќерка „Инвал Македонија“, Шпанците засилено се во тек на обезбедување на потребната документација за реализација на проектот кој според нивна проценка тежи 240 милиони евра.

Околу Штип на три локации ќе се инсталираат 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати. Годишно ќе произведуваат половина милион гигават-часови, која според пресметките на Шпанците е еднаква на годишна потрошува~ка на струја на 115 илјади домаќинства. Овој начин на производство на струја значително штеди во емитување на т.н. „стаклени штетни гасови“ во атмосферата. Годишно во воздухот ќе има помалку 155 тони вакви гасови. За Штип ќе се вработат 50 лица.

Во досегашното 20 годишно искуство, Шпанците завршиле над100 вакви проекти низ светот. Во моментов за искористување на силата на ветрот стационирани се на европскиот југоисток.
 
Пак е ова лошо за нас бидејќи не ја гради македонска компанија и автоматски ни бега капиталот во друга земја и тој поставува услови.
И во здухот ни го кренаа ццц....:pos2:
 
Пак е ова лошо за нас бидејќи не ја гради македонска компанија и автоматски ни бега капиталот во друга земја и тој поставува услови.
И во здухот ни го кренаа ццц....:pos2:

ич не бригај....ова е веќе јубилејна 5-та фирма која овде продава ветер и магла...т.е. ветерници и електрична енергија....повторно некоја дубара со некои развојни фондови...ГАРАНТИРАНО :).
 
ич не бригај....ова е веќе јубилејна 5-та фирма која овде продава ветер и магла...т.е. ветерници и електрична енергија....повторно некоја дубара со некои развојни фондови...ГАРАНТИРАНО :).

Ништо не ме чуди повеќе во оваа `држава`.
 
Иако станавме најголеми скептици во Балканот, дајте малку оптимизам луѓе :)
Дајбоже да се оствари ова, чиста енергија од која имаме потреба.
И Гоч, внимавај на речник.
 
Иако станавме најголеми скептици во Балканот, дајте малку оптимизам луѓе :)
Дајбоже да се оствари ова, чиста енергија од која имаме потреба.
И Гоч, внимавај на речник.

Се е тоа во ред, ама кога некој си вика дека има 'држава', а потоа се буни дека некој не го признава, навистина не оди... Не можев да издржам...
 
браво аферим,ашкол сун,и јас понатаму размислувам да ставам една мини на врвот од мојата куќа,знаете ли кога ќе создава енергија,ем кога дува ем навечер,со движење на топлиот воздух,при ладењето на почвата...........:smir::helou:
 
Вие се зфркавате, но ова ако успее (ако не ја зезнат на пола, како обично) ќе биде многу добра работа. 250 000 семејства!?? Тоа се најмалку 600 000 луѓе, што значи повеќе од половина од државата. РЕК ќе може малку да одмори, малку да извезува, а и конечно да му направат еден ремонт како што треба. Плус тоа, каква промена е во однос на загадувањето. Ветерниците не прават никакво загадување. А што се однесува до поволни ветрови.... како што предвидуваат метеоролозите, би требало да очекуваме се поветровити времиња (со глобалново затоплување и промената на климата на светско ниво).
 
198 мегавати, ќе завршат сериозна работа за Македонија, е сега дали се ќе биде како на хартија, останува да видиме.

Без разлика, јас поддржувам вакви проекти.
 
Секако треба да се поддржи ваков 5ти или 6ти проект мислам дека беше.Самаковски ќе им продаде машина за правење ветеници и на Шпанциве,како пред тоа на Холанѓаните,Данците,Евреите од Израел,или беа Португалци,абе има цела Македонија со ветерници да ја постелеме.Само ќе ни фалат Дон Кихоти и повеќе Санчо Пансовци,за да има кој да јуриша на толку многу “Ветерници во Маглици“.:pos2::pos2::pos2:

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=727&ArticleID=46774
http://mislam.blogspot.com/2008/11/blog-post_23.html

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=1369&Itemid=81

Инаку цената на струјата од ветерници во Македонија,која секако ЕЛЕМ или МЕПСО ќе се обврзат да ја купат,изнесува окулу 90 евра од мегават/час,што е “само“ 30% поскапа од онаа која е најскапа понудена од увоз.Абе во оваа држава живеат само будали,или само мене така ми се чини?:tapp:
 
За делот околу цената да ти кажам да не мешаш баби и жаби.Тоа што кога се пљачкаше Македонија Грујо играл баскет во маало и бркал професори со врски да му шкртаат во индекс не е негов избор па му остана да дрпа од струјата и да наплаќа арач од веќе купени имоти по втор пат :toe:Инаку струјата добиена од ветерница е и поевтина и еколошки најчиста варијанта .
 
Фактите говорат дека цената на струјата произведена од ветерници е 90 евра од мегават/час,што прави разлика помеѓу онаа од увоз која е некаде окулу 60 евра од мегават/час.
Уствари дојди ти овде во Македонија,па натрти се 120 евра од мегават/час ако ти е толку кеф да го задоволиш Грујо,и после кажувај “бабини-деветини“.:toe:
 
Зар во Македонија има „ветришча и виулици“? Нели тука има „слнце“? :)
Иако сакам да сум оптимист, се додека не почне северец да ги врти, не верувам... ама и тогаш може ко сведмилк ветерниците да одат у банкрот. :)

Што убаво Македонија секоја фирма што ќе пропадне да ја национализира, опорави и продаде. :)
 
Се додека не ја видам првата ветерница (од можни 66) нема пофалби од мене!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom