yin yang
Who, me?
- Член од
- 24 април 2005
- Мислења
- 1.621
- Поени од реакции
- 32
Шпанската компанија ИНВАЛ ќе гради три фарми на ветерници во источна Македонија

Ова се нацртите за студијата, а ова првите фотографии за идниот изглед на првата фарма на ветерници во Македонија, која од наредното лето шпанската компанија „Инвал грин енерџи“ се обврза да започне со градба во непосредна близина на Штип. Во содејство со Министерството за транспорт и врски и формираната фирма ќерка „Инвал Македонија“, Шпанците засилено се во тек на обезбедување на потребната документација за реализација на проектот кој според нивна проценка тежи 240 милиони евра.
Околу Штип на три локации ќе се инсталираат 66 ветерници со вкупен капацитет од 198 мегавати. Годишно ќе произведуваат половина милион гигават-часови, која според пресметките на Шпанците е еднаква на годишна потрошува~ка на струја на 115 илјади домаќинства. Овој начин на производство на струја значително штеди во емитување на т.н. „стаклени штетни гасови“ во атмосферата. Годишно во воздухот ќе има помалку 155 тони вакви гасови. За Штип ќе се вработат 50 лица.
Во досегашното 20 годишно искуство, Шпанците завршиле над100 вакви проекти низ светот. Во моментов за искористување на силата на ветрот стационирани се на европскиот југоисток.