Кога упорноста е претерана?

  • Креатор на темата Креатор на темата Шмекерот
  • Време на започнување Време на започнување

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Возраст
38
Прашањето ми е колку би се труделе да освоите некого? Колку време сте спремни да дадете и да чекате додека некој /некоја не е спремен и сигурен дека сака да почне врска со вас? Што се сте спремни да направите?
Кога е време да престанеш.. и да си речеш ..доста е ..одам понатаму!
Дали сте упорни и колку трае вашата упорност?
Дали некогаш сте биле претерано упорни кон некоја особа а не сте добиле никаков фидбек или пак сте добиле.
Често слушам...дека не е доволно да се шмека само :)...некад треба и упорност :)
Што мислите вие за ова?
 
Прв и единствен пат беше кога се малтретирав 9 месеци за еден дибек.
Веќе немам толку трпение и ако другата страна глуми лудило, фино-лепо ја прешкртувам.
Доколку некој навистина ми значи и сакам некаква иднина со него, тогаш не би се откажувала се додека и тој не се откаже од нашата цел да бидеме “хеп`ли евр афтр“ ( јеј, бајка момент ). Пошто сум однапред со резерва дека има можност да не испадне како што ми/ни е зацртано, никогаш не сум вложувала се` со што располагам ( во поглед на чувства де ), туку колку ми дозволуваат можностите во моментот и до таа граница после која нештата делуваат форсирано*. И затоа не сум дошла до тоа ниво каде што моите залагања стануваат... напорни.

*Цмиздрење на телефон, а се знаеме недела дена. Мољакање да бидам со него. Лигавење до 101 и назад. Поставување кретенски услови и натегање ко на пазар да сме итн. итн.
^ И да, јавување во ниедно време у пијано стање и правеше комплит ес оф јорселф. Нат кул.
 
Ako ima hemija ke bide i fizika ,se trudam se dodeka hemija se uste mi e vo rasporedot i profesorkata ne zamine na porodilno ili pak ne se premesti na druga katedra.

Ako ne e zainteresirana za hemija popoleka i jas pocnuvam da ne odam na casovi ,probuvam da zemam eden kratok kurs po fizika zosto se familijarni predmeti i ako toa ne uspee menjam faks ne e samo taa daskalica ne sakam da umram glup.

Vremenski kazano vo zavisnost od profesorkata i licno rasuduvanje toa bi bilo edna rabotna nedela ako se uci i vo sabota.
 
Според мене чекањето не значи толку упорност, колку што значи трпение, особено ако под тоа се подразбире да чекаме на другата личност, а освен тоа да не правиме ништо. Но сепак, доколку правиме работи кои (ин)директно ја вклучуваат и неа, или пак се за неа, мислам дека треба да ги правиме до одреден степен, зашто границата меѓу упорност и напорност знае да виде навистина тенка. А понекогаш тоа може да има само контра-ефект, и ништо повеќе.:toe:
 
Чекањето не е упорност. Чекањето е тапкање во место, знак за несигурност, двоумење, и кај едниот, и кај другиот. Дефинитивно лош знак.
А упорноста, никогаш не е претерана [освен ако не претера едниот од двајцата па да почне да ја демне особата и да почне да праќа заканувачки пораки, па да почне да ги убива сите личности со кои особата се видела и имала било каков физички контакт! Оукеј, забегав].
А инаку, убаво е да сме упорни, тоа значи дека сме амбициозни, и не еднаш упорноста резултирала со позитивен исход.
Ее сега, ако сум се потрудила и повеќе од доволно, а сепак не гледам дека има некаков ефект, се откажувам, немам намера младоста да си ја губам на невозможни работи.
 
Под упорност подразбирам посветување внимание и ресурси во облици и количини кои и годат или и се потребни на конкретната личност-предмет на интерес. Кога се преминува границата на умереност и тоа "потребни" количини внимание е на пат да премине во "прекумерни" без очекуваниот фидбек, е тогаш е навистина доста.

Се е во начин на кој се толкуваат сигналите. Ако правилно оценам дека симпатијата кон некого ми е возвратена и ми се допаѓа идејата да бидам со конретната личност, знам да го покажам тоа со одредени гестови на внимание кои во принцип се покажале како повратна инвестиција. Ми се случило и погрешно да проценам, во тој случај упорноста престанува кога ќе си ја увидам грешката во проценката.
Во секој случај не сум спремна да направам којзнае колку или да преминувам одредени граници за да освојам некого зошто во принцип сум пасивен играч, а и не ми е многу својствено да се вљубувам во простата идеја да се врзам со одредена личност.
Генерално ставот ми е овој - во се треба умереност па и во упорноста, не премногу за да не е претерано или пренападно за да би ја оттурнале личноста, и не премалку за да не ризикуваш да бидеш сфатен како незаинтересиран.
 
сум била упорна неколку месеци со тоа што не беше обично шмеккање му се посветив делумно на личноста што ми се свиѓаше секојдневно бевме во контакт но не беше решитилен дека сака да биде со мене причини- секако глумење фраер и така упорност неколку месеци видов дека нема шанси да биде со мене и ставив крај почнав нормално да си го живеам мојот живот на мој начин искачање другарки факултет одалечување од него и така по две недели еден ден од нигде никаде ми рече дека сака да биде со мене секако сакав да знаеб од која причина се премислил сватил дека му се свиѓам и секако дека страв имал дека ќе ме изгуби така да на крај ми се исплати упорноста и уште сме заедно
 
Зависи од личноста*дали ги исполнувате нејзините/неговите критериуми* и од многу други фактори, за секого не важат истите правила, во глобала ако не можеш да освоиш некој за релативно кратко време на пр. неколку месеци тоа значи дека тој/таа не сака да биде освоена од тебе, упорност да треба, сепак на почетокот самата упорност се доживува како покажување интерес спрема некој, таа упорност и трпение вреди да се докажува некое време неколку месеци на пр. но потоа веќе е залудно губење време зошто очигледно личноста не сака да биде освоена од вас,заради тоа што тој/таа има зацртано поинакви критериуми за партнер кои што не биле исполнети,

исто така зависи и од намерите на освојувачот , дали ја сака таа личност за нешто поозбилно или само за ќејф, ако е првото тогаш вреди да се зголеми упорноста т.е времето потрошено на освојување ако е второто поарно премини на друг/а таргет,

а како фактор тука би го спомнала и тајмингот, пр. мажите не се женат заради тоа што вистинската Мисис рајт жена конечно затропала на порти и влегла во нивниот живот, туку се женат кога точниот тајминг го дозволува тоа т.е се женат на таа возраст која што самите си ја одредиле во својата глава а претходно додека бил погрешен тајминг тие се занимавале со други работи во животот, завршување факс, бркање бизниси, созревање :) и слично е сега во тој период додека траела припремата за нивниот живот, можеби мисис рајт се појавила можеби и оделе со неа но ете не бил вистинскиот тајминг за да и се стави прстен на рака, па мисис рајт како што влегла така излегла зошто не можела више да чека, пошто можеби нејзе времето*тајмингот* и дошло за мажење :icon_lol: па морала да побрза, тхе клок ис тикинг тик ..так ..тик ..так:jaj:..
 
Многу сум упорна додека не го добијам оној што го сакам,макар поминал и половина живот.Под упорност подразбирам цело внимание,посветеност,пожртвуваност,истрајност кога ќе видиш друга особа до него,да се насмееш кога треба,да поќутиш,да подголтнеш,да измислиш топла вода во секоја ситуација.Кога се ова ќе направам,а особата сеуште ми се курчи,во моментот кога не очекува ќе најдам друга особа и ќе и соопштам дека треба да ја ослободам,дека ми беше мило што сум го имал макар и на тој начин.Од тој ден,нема повеќе телефон,чет,пораки.Едноставно добива блок во секоја смисла.За неколку часа како кученце ќе дојде сам:)И среќни до крај на животот.
Ова од искуство:)
 
Кога упорноста е претерана?.. Самиот поим упорност е претерување на сите граници за да се дојде до целта, но да речеме дека е претерана кога ќе станеме премногу нападни и целиот труд ќе резултира со спротивен ефект.

Лично јас..
..кога сакам нешто да добијам, се концентирам на тоа нешто, упорна сум многу, нема нешто што може да ме допре или предомисли во тие моменти.. и давам многу време, дури и сама не се препознавам тогаш, затоа што обично не сум многу стрплива.
Иако чекањето ме јаде полека, давам време, но секако ако гледам дека имам некакви шанси, некој позитивен знак, иначе не ќе одам џабе со главата во ѕид..
Сепак, си имам и јас граници..

Доколку нема повратна реакција од дотичниот, покрај толкавиот труд, многу лесно пресечувам, ставам крај и дигам раце и после доаѓа интересниот дел, тоа тркалото се врти, али тоа е друг муабет. :)
 
Коо ке решам и намислам нешто, за да го освојам и направам зацртаното спремен сум да влезам и во дупката на ѓаволот... не ми е гајле кој как ке прифате тва шо јас сакам да направам... исто и времето не ми е важно колку ке биде потребно... кажах ли нешто, порано или покасно ке биде направено по секоја цена..:pipi:
 
По природа сум премногу трпелива, но секако дека имам праг и тој се поместува во зависност од текот на настаните. Би чекала, би дала се` од себе се` додека не видам дека џабе губам време и живци. Која е па поентата да се нервираш и понатаму ако видиш дека нема напредок? Давам време, но тоа вечно нема да трае. Ќе ми дојде преку глава и после губам интерес.
Треба упорност ако сакаш да бидеш со некој, ама тоа не значи дека треба да преминеш во состојба кога само ќе се жалиш.
Што и да се каже, колку и да сакаш да си упорен, ако од сам старт нема заинтересираност, тешко дека нешто ќе се промени.
 
Прашањето ми е колку би се труделе да освоите некого? Колку време сте спремни да дадете и да чекате додека некој /некоја не е спремен и сигурен дека сака да почне врска со вас?
Барем за тоа имам трпение... Кога некој ќе почне да ми се допаѓа, спремна сум ако треба и со месеци да чекам. Се случило да чекам, иако најчесто чекањето ми било залудно затоа што не излегло ништо на крајот.

Што се сте спремни да направите?
Да се врткам околу него, да се обидам да излегувам со него, да пробам на некој најиндиректен начин што постои да го освојам. :icon_lol: Мене кога ми се допаѓа некој не правам ништо посебно да бидам искрена, освен што се здрвувам од срам или сум премногу опуштена па почнува ко другарка да ме гледа. Сериозно, не знам да превземам чекори, не ме бива за такви работи, затоа и ништо не правам. :)

Кога е време да престанеш.. и да си речеш ..доста е ..одам понатаму!
Кога апла ќе видам дека не му се допаѓам, кога ќе ми покаже и со зборови и дела дека не му се допаѓам или кога ќе си фати девојка. Сум прошла милион пати низ таа ситуација така што веќе и го намирисувам времето кога треба да се повлечам.
Сепак кога ќе се повлечам, не значи дека и со тоа автоматски он ќе се повлече од моите мисли. :icon_lol:
Всушност, технички, јас најчесто уште непочнато се повлекувам, и најмали знаци ги толкувам како момент дека треба да се повлечам, а всушност тоа било само мое халуцинирање.

Дали сте упорни и колку трае вашата упорност?
Не сум толку упорна колку што сум трпелива. Можам да чекам како што реков и со години и типот колку и да ми е во близина пак никогаш ни да примети дека го свиѓам. :) Сеа тоа и не е баш многу позитивно ама ете... :)
 
Овде прочитав постови каде што некои би биле спремни и по неколку месеци да чекаат и да освојуваат, па побогу попрво ќе остариме него ли што ќе освоиме. Многу поедноставно е да и/му дадете до знаење дека ја/го симпатишете па ако биде - биде ако не, нека им биде криво на нив за тоа што го пропуштаат. Според мене ниедно човечко суштество, без разлика коку и да е совршено, не вреди да му се посветува толку внимание, доколку таа/тој не ја перцепира вашата фреквенција. Според мене главното освојување и допаѓање лежи во првите 15 до 20 минути разговор, ако за 15 до 20 минути муабет не направиш ништо со девојка од Х причини (без разлика дали е до неа или до тебе), тогаш тури му пепел на тоа више.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom