Референдумот со ризици

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Изјаснувањето за името може да ја влоши ситуацијата во земјава и да ги продлабочи поделбите меѓу Македонците и Албанците, предупредуваат аналитичарите и од албанскиот политички блок.

Неуспешен референдум за името може да ја влоши ситуацијата во земјава и да ги продлабочи поделбите меѓу Македонците и Албанците, предупредуваат аналитичарите, по се' поцврстата позиција на Владата, граѓаните да го имаат последниот збор ако се дојде до компромисно решение за името. Освен опозицијата и во албанскиот политички блок, вклучително и владејачката ДУИ, предупредуваат дека е ризично да се оди на референдум.

Опозициската ДПА оди чекор понатаму во процената дека полошо од бојкот на референдумот е повикот „масовно да се излезе и да се гласа против“. Тоа е една од опциите на Мендух Тачи ако со референдумот не се гарантира и посебноста на идентитетот на Албанците.Тачи изјави дека Албанците никогаш нема да гласаат на референдум за државата да се идентификува само со македонскиот идентитет. ДПА смета дека референдумот ќе придонесе за затегнување на односите меѓу Македонците и Албанците и за уназадување на државата ако решението е неприфатливо за Албанците.

- Ќе се продлабочи поделбата меѓу двете заедници. Нема да повикаме на бојкот, оти нема да седиме настрана за толку важно прашање. Поопасно е да се повика на масовен одѕив и масовно да се гласа против ако се понуди решение кое им одговара само на Македонците - велат во ДПА.И владејачката ДУИ е против референдум, но одби да коментира за можните последици од евентуално неуспешниот референдум. Ние сме одговорна партија. Народот ни ја даде довербата да ја водиме државата и да понесеме одговорност за сите одлуки - вели Џеват Адеми.Портпаролот на Нова демократија, Арианит Хоџа, истакна дека стратегиска определба на државата е да биде членка на НАТО и на ЕУ.

- Во рамките на овие определби треба да се најде компромисно решение со Грција за овие цели да се остварат. Потребен е единствен став на власта и на опозицијата и на Македонците и Албанците за компромисно решение за името. А треба да има и гаранции од меѓународната заедница дека компромисното решение е прифатливо за Грција. Секое решение за кое ќе се постигне единство ќе може да оди на референдум - вели тој.И за аналитичарите референдумот како опција е прифатлив само ако се постигне политички и меѓуетнички консензус.

- Неопходен е компромис за името прво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а потоа тој да биде потврден од опозициските СДСМ и ДПА. Ако тоа компромисно решение е прифатливо за релевантните партии, тоа би поминало и на референдум. Ако компромисното решение го одразува мултиетничкиот, мултикултурниот и мултијазичниот карактер на државата, тоа решение и без потврда на референдум би било прифатливо за двете најголеми заедници -смета аналитичарот Сефер Тахири.

Тој додава дека референдумот не е решение, туку трик на власта за да ја префрли одговорноста кај народот. Според Тахири, иако е легитимно барањето на Тачи за гаранции за идентитетот на Албанците, тоа нема да повлече правни реперкусии, туку ќе предизвика политички последици, бидејќи произлегува од се' позачестените барања за целосна рамноправност на Албанците.

Според професорот на Штуловиот универзитет Јетон Шасивари, идејата за референдум не е позитивно дочекана ниту од надворешниот фактор, бидејќи може да отвори многу прашања. Тој смета дека е неопходен внатрешен консензус за да може референдумот да се легитимира и надвор.

- Ако референдумот не успее, според законот, две години не ќе може да се повтори истото референдумско прашање. Можно е власта да оди на таа варијанта за да купува време, оти за две години се парламентарните избори. Изјавата на Тачи ја сфаќам како порака да не ни се повтори референдумот од 1991 година со бојкот на Албанците. Ако не се постигне меѓуетнички и политички консензус, тогаш референдумот ќе го нема потребниот легитимитет - вели тој. Шасивари додава дека и меѓународните претставници стравуваат од можноста референдумот да не успее. Според него, пораките на меѓународниот фактор и на Тачи се дека неуспешен референдум може државата да ја вовлече во негативен правец и да ја поларизира по етничка линија.

Извор:http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BD40F7487C10BD4393DB8B3B283AB753
 
абе каков референдум...прашај го РЕКС дали се вика РЕКС па не сме животиње....

и да точно е тоа дека македонците и албанците тука имаат различни гледишта ама ај гвујо ке ги среди.......патриотски:tv:
 
Тачи изјави дека Албанците никогаш нема да гласаат на референдум за државата да се идентификува само со македонскиот идентитет. ДПА смета дека референдумот ќе придонесе за затегнување на односите меѓу Македонците и Албанците и за уназадување на државата ако решението е неприфатливо за Албанците.
Aj сега јас едно да прашам... како сегашното уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ја отсликува и прикажува мултинационалната држава????

И што би правеле ако да претпоставиме дека Грција го немаше проблемот со името?? Или тогаш ке немаа никаков проблем, како и до сега, но сега кога државата е во тесно мора да се измислуваат некакви “рачки и кочници“ со кои што само ке се нарушат и онака кревките политички и национални односи и ке се продлабочи разделбата.
 
Не сум присталица на реферундум!
Сакам дециден став од Влада!
 
Не сум присталица на реферундум!
Сакам дециден став од Влада!

Сакаш, ама нема! :toe:

П.С. Ако стигнеме да одиме до референдум, значи сме продадени. Како ќе лобираат партиите пред референдум? И СДСМ и ВМРО. Кој јунак ќе излезе и со кои аргументи ќе брани промена на име, навистина не ми е јасно.
 
Не сум знаел јас дека Албанците се богови, та наутро, на ручек и навечер, во молитва да ги спомнуваш за да ти биде денот во мир и спокој.

Да не филозофирам.
Идентитетот на Албанците е зацементиран во албанската држава и во државата Косово.
Трет идентитет албански ќе значи крв до колена.
А ние ниту имаме 3 опции, нит резервна опција, до ѕид доведени.
Ако они не го разбираат проблемот со името тогаш не се лојални на оваа држава.
 
Сакаш, ама нема! :toe:

П.С. Ако стигнеме да одиме до референдум, значи сме продадени. Како ќе лобираат партиите пред референдум? И СДСМ и ВМРО. Кој јунак ќе излезе и со кои аргументи ќе брани промена на име, навистина не ми е јасно.

Овде не се работи за партии, овде се работи за името. Никој на тебе или на мене неможе да ми/ни диктира како да гласаме.
 
Ако има референдум тогаш ќе дојде до промена на името...
Нема да биде референдумот лажиран туку самите граѓани си мислат дека ако се смени името на државата ќе немаме визи арно ама никој не си става прстот на тоа тиквата дека ако имаш пари виза ќе си извадиш,што ако немаш визи кога немаш ни пари во џебот и не можеш никаде да одиш?
Немојте да гласате за промена на името бидејќи со тоа ќе им го накршите само на Грците и на политичарите кои ќе земат бонус за таа работа!!!

Овде не се работи за партии, овде се работи за името. Никој на тебе или на мене неможе да ми/ни диктира како да гласаме.
Можеби не може никој да ти диктира како да гласаш ама може да ти го променат ливчето и да излезе дека си гласал обратно?!
 
Можеби не може никој да ти диктира како да гласаш ама може да ти го променат ливчето и да излезе дека си гласал обратно?!
Sto ti znaci pameten i razumen momak. :toe:
 
А што ако изборот гласи вака?

а) Едно Име
б) Двојна формула
в) Тројна формула
г) Промена на име

Што ако сите се поделат на двојна, тројна или некоја си формула, делумно не излегуваат на гласање, едни гласат за МАКЕДОНИЈА а четврти гласат за промена и тие имаат најголемо мнозинство бидејки имаат една опција додека сите други гласови се поделени на 3 опции!

Пример...

Австралија порано имаше гласање дали сака да биде република наместо под англиската монархија, дадените опции беа.

а) Сакам Република со Парламентарно уредување (како Македонија)
б) Сакам Република со Претседателско уредување (како САД)
в) Сакам Монархија

Што мислите кој победи?
Па заедно а) и б) имаа повеќе гласови, но бидејки беа поделени, Австралија си остана под англиската монархија.

Дали некој разбира што сакам да кажам?
Можеби горниот пример не е соодветен, но со Австралискиот се надевам дека ви се разјасни.
 
Jasna e poentata, samo sto primerot za nasava situacija ne ti e soodveten, bidejki imas edna opcija za nepromena i tri opcii za promena. :)
 
А што ако изборот гласи вака?

а) Едно Име
б) Двојна формула
в) Тројна формула
г) Промена на име

Што ако сите се поделат на двојна, тројна или некоја си формула, делумно не излегуваат на гласање, едни гласат за МАКЕДОНИЈА а четврти гласат за промена и тие имаат најголемо мнозинство бидејки имаат една опција додека сите други гласови се поделени на 3 опции!

Пример...

Австралија порано имаше гласање дали сака да биде република наместо под англиската монархија, дадените опции беа.

а) Сакам Република со Парламентарно уредување (како Македонија)
б) Сакам Република со Претседателско уредување (како САД)
в) Сакам Монархија

Што мислите кој победи?
Па заедно а) и б) имаа повеќе гласови, но бидејки беа поделени, Австралија си остана под англиската монархија.

Дали некој разбира што сакам да кажам?
Можеби горниот пример не е соодветен, но со Австралискиот се надевам дека ви се разјасни.

Австралија не е пример кој може да се аплицира кај нас.
Плус, ако дојде до референдум ќе имаш да/не прашање, а не избор на прашања.
 
Австралија не е пример кој може да се аплицира кај нас.
Плус, ако дојде до референдум ќе имаш да/не прашање, а не избор на прашања.

За ова прашање не постои ни еден пример во светот кој може да се аплицира кај нас. Ова нашево е уникатен случај во историјата на човештвото од постанокот на човекот па до денес, а мислам ќе остане таков и до пропаста на хуманата цивилизација ако дојде до тоа.
 
затоа нема да се случи и кај нас. не сме ние до долку улави а и прво треба да ни понудат предлог кој што нашиве ќе прифатат да го стават на референдум. јас сум оптимист, можеби непоправлив, ама војнава ја добиваме.
 
Токму така уникат.

Има тука контрадикторности.

1. Ако не сакаме промена на име, зошто сме прифатиле промена и зошто тоа сме го верификувале со меѓудржавен договор под капата на ООН.
2. Зошто немаме консензус кај македонскиот етникум по ова прашање ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom