Музичка теорија

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој од каде можат да се најдат книги за средно музичко образование? Инаку не сум запишан на средно музичко ,а ме интересира композиција на музика и сакам да најдам материјал за композиција,хармонија итн.
 
Значи вака,

После долги размислувања и анализирања на членовите кои се особено активни од овој подфорум, забележав дека е огромен бројот на ‘‘музичките стручњаци‘‘ кои сметаат дека се знаат и дека доволно се навлезени во музиката, а всушност голем дел од нив буквално немаат појма.Па затоа и за моите ценети стручњаци по музика и за сите оние кои сакаат да го збогатат своето знаење за теоријата на музиката ја отварам оваа тема.Нека пишуваат сите оние кои имаат познавање на музичката теорија и сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеке, односно сакаат да навлезат во длабочините на музиката.
Се надевам дека со активност и посветеност на останатите членови (кои се доволно навлезени во теоријата на музиката) ке успееме барем малку да го збогатиме знаењето на оние кои не знаат ништо.


За почеток:
Основна скала:
Основната скала во музиката се нарекува C-dur, и има 8 тона:
C-D-E-F-G-A-H-C.Или народски речено:До, Ре, Ми, Фа, Сол, Ла, Си, До

Еве како би изгледале распоредени тоновите на пијаното

f_Pianokeyboam_add885d.jpg


Е сега.Помегу 3 и 4 тон односно мегу E и F и помегу 7 и 8 тон односно мегу H и C се наога по еден полустепен.
Тоа е така бидејки, на сликата погоре може да забележите дека помегу 3 и 4 тон и 7 и 8 тон нема црна дирка ко што има помегу останатите тонови.
Црните дирки ни служат за повишување и снижување на тоновите.
Повишувалките го повишуваат тонот нагоре за полустепен и на името на тонот се додава наставката IS.
Кога би ги повишиле сите тонови би добиле скала:Cis , Dis , Eis, Fis, Gis, Ais, His.
Снижувалките го снижуваат тонот за полустепен надоле и на името на тонот се додава наставката ES.
Кога би ги снижиле сите тонови би добиле: Ces, Des, Es, Fes, Ges, Aes, Hes.

Карактеристики на тонот
Тоновите се делат според височина(високи, средни, ниски), според јачина(силни, средни, тивки) и според траењето.
Според траењето имаме:

quarter-note.gif
Четвртина нота која трае еден удар

half-note.gif
Половина нота која трае два удари

0808-0801-1116-1529.jpg
Цела нота која трае 4 удари

eighth%20note.jpg
Осмина нота која трае половина удар

0808-0801-1115-4721.jpg
Шеснаестина нота која трае 1/4 удар

Значи
Една четвртина нота е еднакво на 4 шеснаестини ноти.
Една четвртина нота е еднакво на 2 осмини ноти.
Една пола нота е еднакво на 2 четвртини ноти
Една цела нота е еднакво на 4 четвртини ноти.

За денес доста е од мене, се надевам дека ке има и други расположени форумџии да се надоврзат на ова што го започнав.


Sakam da te prasam,eve veke godina vreme sviram gitara,i dobronapreduvam,nmo problemot mi e toa sto ne mozam da gi sviram akordite po sluh,sum probuval,no nikako ne mozam da gi pogodam,nekoe care,ili lek kako da go razvijam sluhot?
fala odnapred
 
se mislam da kupam li gitara. Ja sakam muzikata i imam zelba da sviram ama neznam.
Ako moze patem nekoi lekcii za pocetnici ;)
--- надополнето: 22 септември 2013 во 15:38 ---
Sakam da te prasam,eve veke godina vreme sviram gitara,i dobronapreduvam,nmo problemot mi e toa sto ne mozam da gi sviram akordite po sluh,sum probuval,no nikako ne mozam da gi pogodam,nekoe care,ili lek kako da go razvijam sluhot?
fala odnapred
zemaj chasovi, ili nekoj shto e dobar vo muzika mozhe da ti pomogne :D
 
Значи вака,

После долги размислувања и анализирања на членовите кои се особено активни од овој подфорум, забележав дека е огромен бројот на ‘‘музичките стручњаци‘‘ кои сметаат дека се знаат и дека доволно се навлезени во музиката, а всушност голем дел од нив буквално немаат појма.Па затоа и за моите ценети стручњаци по музика и за сите оние кои сакаат да го збогатат своето знаење за теоријата на музиката ја отварам оваа тема.Нека пишуваат сите оние кои имаат познавање на музичката теорија и сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеке, односно сакаат да навлезат во длабочините на музиката.
Се надевам дека со активност и посветеност на останатите членови (кои се доволно навлезени во теоријата на музиката) ке успееме барем малку да го збогатиме знаењето на оние кои не знаат ништо.


За почеток:
Основна скала:
Основната скала во музиката се нарекува C-dur, и има 8 тона:
C-D-E-F-G-A-H-C.Или народски речено:До, Ре, Ми, Фа, Сол, Ла, Си, До

Еве како би изгледале распоредени тоновите на пијаното

f_Pianokeyboam_add885d.jpg


Е сега.Помегу 3 и 4 тон односно мегу E и F и помегу 7 и 8 тон односно мегу H и C се наога по еден полустепен.
Тоа е така бидејки, на сликата погоре може да забележите дека помегу 3 и 4 тон и 7 и 8 тон нема црна дирка ко што има помегу останатите тонови.
Црните дирки ни служат за повишување и снижување на тоновите.
Повишувалките го повишуваат тонот нагоре за полустепен и на името на тонот се додава наставката IS.
Кога би ги повишиле сите тонови би добиле скала:Cis , Dis , Eis, Fis, Gis, Ais, His.
Снижувалките го снижуваат тонот за полустепен надоле и на името на тонот се додава наставката ES.
Кога би ги снижиле сите тонови би добиле: Ces, Des, Es, Fes, Ges, Aes, Hes.

Карактеристики на тонот
Тоновите се делат според височина(високи, средни, ниски), според јачина(силни, средни, тивки) и според траењето.
Според траењето имаме:

quarter-note.gif
Четвртина нота која трае еден удар

half-note.gif
Половина нота која трае два удари

0808-0801-1116-1529.jpg
Цела нота која трае 4 удари

eighth%20note.jpg
Осмина нота која трае половина удар

0808-0801-1115-4721.jpg
Шеснаестина нота која трае 1/4 удар

Значи
Една четвртина нота е еднакво на 4 шеснаестини ноти.
Една четвртина нота е еднакво на 2 осмини ноти.
Една пола нота е еднакво на 2 четвртини ноти
Една цела нота е еднакво на 4 четвртини ноти.

За денес доста е од мене, се надевам дека ке има и други расположени форумџии да се надоврзат на ова што го започнав.
Знаеш, тоа се учи во подготвителното одделение во основно музичко училиште. Се сеќавам кога го учевме.
 
Дали некој знае каде можам да најдам некоја книга на МАКЕДОНСКИ или СРПСКИ, за проучување на музичка теорија ? Свирам гитара веќе неколку години, но познавањета од теорија ми е општо, сакам да навлезам малку повеќе.
 
Последно уредено:
Воскресение!

Во 2022 дали има онлајн и на македонски некакви материјали за музичка теорија? Или за свирење инструмент, продукција итн...?

Некаква страна, канал на јутуб, профил на мреживе... нешто?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom