Честитки за победата!

:pehar:

:je:

lee:
Заслуживме да победиме, а Исланд заслужи да изгуби, зашто воопшто ништо не прикажаа, а беа претерано груби. Ја имавме целата игра, а според шансите требаше и повисоко да славиме.
Во секој случај браво за нашите. И браво за Јонуз, без разлика кој што ќе каже. Но, стои и тоа дека може да кажеме дека е почетничка среќа во прашање, иако Јонуз веќе има доста километража како тренер на младинците, а мислам дека во еден натпревар ги водеше и сениорите, кога во еден ден нашите играа два натпревари на две локации (тогаш Бабунски беше в.д. тренер и го водеше „првиот“ тим, а Јонуз го водеше „вториот“). Значи, му останува на Јонуз да се покаже и во иднина колку може. Барем добро почна.
Се надевам дека ќе успееме да славиме на гости. Норвешка би требало да можеме да ја победиме, посебно ако нашите играат како денес. Се покажа дека средниот ред ни се засили, дека Шумуликоски сепак знае да додава, дека Деспотовски има голем потенцијал (тоа се виде при постигнувањето на првиот гол; но сепак, тоа може да се окарактеризира како грешка на Исландската одбрана, зашто не верувам дека во друг момент би му успеало тоа. Деспотовски треба уште понапорно да работи, зашто идниот пат не верувам дека ќе му биде така лесно), како и дека Гроздановски и тоа како заслужува место во првиот тим.
Браво за нашите. Заслуживме ваква радост. Сега уште да славиме на гости и ќе имаме уште толку причини за радост!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!!
