Друже, а не ли ти текна дека можеби на таа публика и е дојдено преку к*р од никакви фудбалери, од фудбалери кои се плашат да го испотат дресот, кои ги заболе таквото за Македонија!? Па и мене ми е преку глава дојдено, не можеме да мрднеме од тоа 4 или 5 место во група, а овде некој "стручњак" како Јонуз ќе кажува дека сеуште имаме шанси за бараж

Како што кажав во претходниот пост, оваа група е убедливо најлесната во која сме паднале до сега, ваква шанса се укажува еднаш во 100 години, а нормално ние како по обичај ја усравме :jaj: Јас против Норвешка не видов ништо ново во играта, на секој натпревар ние играме првите 20 минути, а потоа издишуваме, а како нема да издишеме кога 70% од репрезентативците греат клупа во третокласни тимови... Кој сака нека се радува на играта, јас искрено се срамам, очигледно е дека ние сме светлосни години далеку од европско или светско првенство, со вакви играчи кои не се заинтересирани, со вакво мафијашко раководство и неписмен тренер ние можеме само да свршуваме на победи против земји од третиот свет, но и тоа е прашање, бидејќи нашиве нели таквите натпревари ги местат :kesa: